Terra Estate

Terra Estate avaz.mk

20/12/2024
terraglobalofficial Apartmani cijelosno opremijeni sa svim namestajem i kucanskimaparatima!1+1 spavaca i 1+2 spavaceApar...
26/11/2024

terraglobalofficial Apartmani cijelosno opremijeni sa svim namestajem i kucanskim
aparatima!
1+1 spavaca i 1+2 spavace
Apartments fully furnished, with all furniture and household appliances!
1+1 bedroom and 1+2 bedrooms
[email protected]

28/10/2024
27/10/2024
28/02/2024

Македонија Таткото на Мерсиха Смаиловиќ го даде својот потпис за нејзина поддршка: „Ја советувам да биде праведна кон сите“ Автор: Алмедина Исмајли 26/02/2024 19:07 Share Fac...

29/12/2023

ПИСМО ДО ЕУ И САД: Бугарија сака да се избришат Македонците како одделен народ

24/12/2023

Честит Божиќ до сите верници кои христовото раѓање го слават според грегоријанскот календар.
Нека овој Божиќ ви донесе добро здравје, среќа, хармонија во семејството и сила за справување и надминување на сите идни предизвици.

И нека понатаму ве носи да постапувате во духот на советите на познатиот новелист Орен Арнолд преставени во форма на

Предлози за божиќни подароци:

На твојот непријател, простување.
На противникот, толеранција.
На пријателот, твоето срце.
На клиентот, услуга.
Кон сите, милостивост.
За секое дете, добар пример.
За себе, почит.

Среќен Божиќ!

БИЗНИСМЕНОТ КОЧАН ИЗЛЕЗЕ ОД      ЗАТВОРПо повеќе од четири години бизнисменот Сеад Кочан излезе од затворот "Идризово". ...
24/12/2023

БИЗНИСМЕНОТ КОЧАН ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР

По повеќе од четири години бизнисменот Сеад Кочан излезе од затворот "Идризово". Директорот на затворот Зоран Јовановски за медиумите потврди дека Кочан е на слобода од пред еден месец па Новата година ќе ја дочека како слободен граѓанин и бизнисмен.

Кочан беше осуден во 2019 година во предметот "Труст" за наводно местење на тендерска постапка со поранешниот премиер на Македонија.
Овој предмет беше покренат од страна на контровезното Специјално Јавно Обвинителство кое подоцна беше укинато поради користење на институцијата за уцени и други криминални активности, заради кои главниот обвинител на ова обвинителство Катица Јанева е осудена на долгогодишна казна затвор.

Кочан беше еден од ретките кој ја издржа затворската казна иако беа покренати десетици судски процеси за повеќе поранешни високи државни функционери и бизнисмени, се со цел да се овозможи промена на името на државата.

03/06/2023

Нова економска парадигма (Втор дел)
Новите “локомотиви” на Македонија.
Колку странските фирми изнесуваат профит од Македонија, толку македонските фирми да внесуваат профит од нивни инвестиции во странство.

Во првиот дел од текстот кој го објавив на 13. Март 2023 година со ист наслов

https://www.facebook.com/100044378201385/posts/764887171667216/?mibextid=cr9u03

ја образложив причината и потребата за директна државна подршка на македонските компании кои сакаат да превземат компании во други држави заради ширење на пазарот, поголеми профити кои во голем дел би се вратиле во Македонија и ред други прашања.

Оние кои го интересира оваа тема препорачувам прво да го прочитаат или ако го прочитале да го препрочитаат тој текст чии линк е погоре.

Во тој текст фокусот беше на компании кои купуваат цели компании, односно ги купуваат нивните акции или удели во целост или во мнозинство.

Во тој текст фокусот беше на долгорочни кредити под многу поволни услови за превземање на цели компании информите како тоа може да се изведе институционално.

Денешниот текст е профолжение на тој текст но на друг сегмент- на грантови за купување средства (објекти, земјиште, машини, опрема…) заради обавување стопанска дејност во друга држава.

Грантови доделени од државата за инвестиции на македонски компании надвор од Македонија со цел купување средства, од типот земјиште, фабрички хали, машини, опрема, објекти за хотели, објекти за болници, деловни центри, трговски центри итн надвор од Македонија, заради извршување стопанска дејност чии профит компаниите кои примиле грант ќе се обврзат да го инвестираат во Македонија најмалку одреден број години и најмалку до нивото на троен износ од износот кој го добиле како грант.

Државата мора да одреди точни критериуми за доделување на тие грантови за да се одбегне можност за корупција и да ги добиваат сите кои исполнуваат услови за тоа.

Државата може да прецизира и до кој процент од износот на инвестицијата може да доделува таков грант, и тој процент во различни земји би бил различен особено што ЕУ на пример има ограничувања во тој поглед.

Како и да е, тој грант не би требало да надминува повеќе од 50% од инвестицијата а инвестицијата би имала ограничувања во можно оттуѓување на купените средства со помош на грантот, додека не се исполни грантовата програма на државата во смисла на инвестирање на профитот во Македонија од работењето со тие средства во странство.

Такви иако помеки одредби за враќање на профитот во Македонија би имало и во случаите на државни долгорочни многу поволни заеми за превземање на цели компании во странство, но со обзир дека тука се работи за грантови, таквите обврски би биле поголеми.

На пример. Фирма која во Македонија продава на големо градежен матерјал, би можела да добие грант од на пример 9 милиони евра ако ги купи средствата (земјиште, магацини, деловни објекти и сл.) во износ од 18 милиони евра на друга таква фирма во друга држава, на пример во Србија, Босна и Херцеговина или Албанија.
Потоа таа фирма во тие земји е обврзана профитот да го инвестира преку својата фирма “мајка” назад во Македонија се додека не достигне инвестиција во Македонија од најмалку 27 милиони евра во било кој бизнис.
Доколку таа фирма во странство годишно просечно заработува 3 милиони евра, тогаш за 9 години ќе ги инвестира тие пари во Македонија. На фирмата примател на грантот и остануваат 9те милиони евра грант, фирмата ќерка во друга држава, новата инвестиција во Македонија произлезена од профитот на нивната нова фирма во странство кија добила државен грант и ново освоениот пазар. И многу други придобивки поврзани со искуство, знаење, менаџмент, нови познанства, визии и перспективи.
Потоа, одкако ќе инвестира во Македонија профит остварен во странство од фирмата ќерка во трикратен износ на грантот, по инвестирањето на тој профитот во Македонија согласно договорот за грант, фирмата корисник на грант сама одлучува каде ќе го пласира следниот профит, но многу е веројатно дека дел и од тој иден профит за кој нема веќе ограничувања, повторно по своја воља ќе биде инвестиран во Македонија.

Што добива Македонија?

Добива 27 милиони евра нова инвестиција во Македонија и многу нови работни места.

Добива македонска компанија со многу поголем пазар од македонскиот кој е мал и е само 1,85 милиони жители пазар.
Добива влијание во странство, нови знаења, идеи, перспективи, визии, профити на македонски комопании и даноци во буџетот од нив и веројатно фирма која е на пат да влезе на ист начин во трета држава по неколку години.
За придобивките на Македонија повеќе пишував во првиот текст од 13 Март 2023 година, па повторно упатувам на истиот преку горниот линк бидејки се трудам да не се повторувам.

Или втор пример. Фирма од Македонија купува објект за приватна болница, како и опрема за истата, во Романија, Хрватска или Бугарија. Објектот и опремата чинат 35 милиони евра. Државата дава грант од 10 милиони евра.
Во следните години таа болница во просек заработува по 4 милиони евра.
Така, следните 7-8 години профитот од таа приватна болница во износ од најмалку 30 милиони евра или трикратен износ од грантот се инвестираат во Македонија во кој и да е бизнис кој ќе го одбере.

Би можело да се постават и ограничувања во тој бизнис да има минимум вработени доколку така се отцени.

За придобивките на Македонија и на македонската фирма повторно упатувам на претходниот текст чии линк е погоре.

Вакви примери може да има со пиварници или производство на сокови, со фирми и средства за супермаркети, производство на различни делови за железо или челик, осигурителни компании, фабрики за преработени земјоделски и прехранбени производи и многу други.

Она што е најважно е што на Македонија никој не би можел да и замери за тоа што го прави, бидејќи тоа субвенционирање во регионална експанзија на македонските компании го прават многу други држави. И го прават со голем успех. Има одлични резултати.

Долгорочната цел според оваа нова парадигма треба да биде: македонски регионални или европски гиганти кои би биле нови локомотиви во идниот развој на Македонија и колку странските фирми изнесуваат профит од Македонија, толку македонските фирми да внесуваат профит од нивни инвестиции во странство.

Оваа програма не значи запирање на напорите за привлекување странски директни инвестиции во Македонија. Напротив тој дел треба да се унапреди, бидејќи Македонија веќе шест години е надвор од трката за привлекување инвеститори, па така Србија прибира над 65% од странските инвестиции во Македонија.
Нас не треба да ни е таргетот да се натпреваруваме со Србија, туку најмалку со цела источна Европа, од балтичлите земји, преку земјите од Вишеградската група во централна Европа па до Балканот, но и пошироко.

Со подршка на регионална експанзија на македонските фирми во некој од инвестициите ќе се подржи и извозот од Македонија.

04/01/2023

Address

Mediteranska
Budva
85310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Terra Estate posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Terra Estate:

Share