Maleshnet.mk / Малеш Нет

Maleshnet.mk / Малеш Нет www.maleshnet.mk - е информативен Веб портал за Берово и Малешевијата.

10/12/2025
10/12/2025

Жителите на село Двориште, денес излегоа на мирен протест. До нашата редакција пристигнаа видеа од денешниот нивни протест, а во продолжение слушнете ги причините и нивните барања.

Добредојдовте во новоотворениот салон за убавина во Берово! VELVET TOUCH✨Место каде што елеганцијата, стилот и врвната н...
10/12/2025

Добредојдовте во новоотворениот салон за убавина во Берово! VELVET TOUCH✨

Место каде што елеганцијата, стилот и врвната нега се спојуваат за да ви подариме беспрекорно искуство.

Фризерски услуги

Во нашиот модерен и пријатен амбиент ви нудиме:
– Совршено обликувани фризури за секојдневие и специјални пригоди
– Професионално шишање и стилизирање
– Нијансирање, балејаж и техники за природен, модерен изглед
– Третмани за нега, хидратација и зајакнување на косата

Естетски и спа третмани
Опуштете се и дозволете си моменти на уживање:
– Релакс и регенеративни масажи
– Педикир со целосна грижа и освежување
– Професионална депилација со висококвалитетни производи

Нашиот тим се грижи секоја посета да биде искуство кое го враќа Вашиот блесок и самодоверба.
Опуштете се, препуштете се, и дозволете ни да се погрижиме за Вашата убавина.

📍 Локација: Берово
📲 Контактирајте не и резервирајте термин (070 604 795 – Данче)

Следете нѐ на социјалните мрежи за акции и новости на следниот линк:

https://www.facebook.com/share/17exuPmk3W

Velvet Touch – каде убавината добива допир на совршенство. 💜

Денес, на паркингот кај автобуската станица во Берово, се изведе тактичко показна вежба - техничка интервенција при симу...
09/12/2025

Денес, на паркингот кај автобуската станица во Берово, се изведе тактичко показна вежба - техничка интервенција при симулација на сообраќајна несреќа со учество на противпожарни тимови од ТППЕ Берово, ЈЗУ Здравствен Дом Берово, ОВР Берово, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Берово.🚗🚒🚑🚓🚨

Фото📸: Марјанчо Митриновски

На врвниот регионален настан Balkan Awards of Tourism Industry 2025,одржан на 03.12.2025 во Софија, во конкуренција со в...
07/12/2025

На врвниот регионален настан Balkan Awards of Tourism Industry 2025,
одржан на 03.12.2025 во Софија, во конкуренција со водечки хотели од Македонија, Бугарија, Грција,Србија и Косово, хотелот "Манастир" се закити со вредна награда.

Во време кога политичките и етничките тензии често гидоминираат вестите од Балканот, туристичкиот сектор покажува дека автентичноста,квалитетот и традицијата не....

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТАТППЕ Берово ги информира граѓаните дека на 09 декември 2025 година (вторник) со почеток во 10:0...
06/12/2025

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА
ТППЕ Берово ги информира граѓаните дека на 09 декември 2025 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, организира тактичко показна вежба - техничка интервенција при симулација на сообраќајна несреќа.
Во рамки на настанот, во периодот од 10:00 до 11:00 часот, на паркингот кај автобуската станица, ќе се изведува показната вежба со учество на противпожарни тимови од ТППЕ Берово, ЈЗУ Здравствен Дом Берово, ОВР Берово, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Берово и во овој временски период патот кон околните објекти ќе биде со ограничено движење.

🔊 Во текот на вежбата ќе биде користена звучна и светлосна сигнализација од противпожарните возила.
👉 Ги замолуваме граѓаните за разбирање и да не се вознемируваат од активностите кои се дел од организираната симулација.
Ве покануваме да присуствувате и да ја проследите вежбата, која има за цел да ја подигне свеста за важноста на брз и координиран одговор при вонредни ситуации.
Со почит,
ТППЕ Берово

06/12/2025
05/12/2025
🎉 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ!📢 Исплатени повеќе видови финансиска поддршка!Општина Берово изврши исплата на повеќе в...
05/12/2025

🎉 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ!

📢 Исплатени повеќе видови финансиска поддршка!

Општина Берово изврши исплата на повеќе видови финансиска поддршка наменета за различни категории граѓани.

Средствата се наменети за поддршка, мотивација и подобрување на условите за живот и образование. 💼💙

💰 Исплатени се:

🏅 30.000 денари за првенец на генерација
Поддршка и признание за најуспешните ученици. Горди сме на вашите постигнувања! 📚

👶 49.000 денари за новороденче Финансиска поддршка за семејствата, кои се збогатија со нов член. Добредојде на најмалите! 💞👼

🚘 40.000 денари – за млади лица за полагање возачки испит (Б категорија)

Поддршка на младите за полесен чекор кон самостојност.. 🛣️

♿ 20.000 денари – за лица со попреченост
Поддршка за подобрување на секојдневието и поголема инклузија. 🤝

🎓 66.000 денари – за студенти
Инвестиција во знаење, образование и идни професионалци. 🎓

✨ Овие финансиски средства, се дел од континуираните напори на општината, за поголема поддршка, рамноправност и подобри услови за живот.

Address

Улица 23 Август бр. 36
Berovo
2330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Maleshnet.mk / Малеш Нет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Maleshnet.mk / Малеш Нет:

Share