Само кажувам

Само кажувам "Само кажувам" поточнo "Just Saying" e блог страна која претставува информативна online платформа.

Генерал Протогеров - роден во Балканскиот "Ерусалим" Охрид за кој точно е дека повремено пркосел и на царската круна на ...
12/04/2023

Генерал Протогеров - роден во Балканскиот "Ерусалим" Охрид за кој точно е дека повремено пркосел и на царската круна на Бугарија но верно и посветено водел битки против Србите и Грците за Македонија.

Човекот кој бил близок соработник на Тодор Александров но поради моќната југословенска разузнавачка служба во Бугарија е наклеветен за организатор на неговото убиство.

Протогеров кој ги препознал комунистичките мотиви во фамозниот "Мајски манифест" и со Александров ги поништиле своите потписи.

Генералот кој во битката против моќната Отоманска империја формирал над 6О чети и имал директни контакти со штотуку "родениот татко" на модерна Турција.

Протогеров кој во писмо до ЦК на ВМРО ги именувал убијците и нарачателите на убиството на Александров и запишaл: "Тодор Александров е мртов. Да живеат Тодор – Александровци! Да живее слободна и независна Македонија!"

Човекот кој и на основачот на ВМРО Христо Татарчев јасно му посочил за кои идеали се бори и е подготвен да го загуби својот живот.

На 7 јули 1928 година нешто пред полноќ двајца мажи се движеле по улицата “Егзарх Јосиф” во Софија. Истрели одекнуваат во топлата летна ноќ и двајцата паѓаат мртви. С....

Анри Пози е познат француски политичар - дипломат и публицист кој освен што цел работен век го поминал низ тајните служб...
04/04/2023

Анри Пози е познат француски политичар - дипломат и публицист кој освен што цел работен век го поминал низ тајните служби на Франција и Британија бил и 1О години координатор на Балканските па бил пратен на терен во Вардарска Бановина каде се соочува со дијаметрално спротивни состојби кон месното население кое живее под терор за сметка на "розовите" очила кои Кралство Југославија сака да и го "продаде" на Европа.

Очајната состојба на месното население можеби најмногу може да се долови во сегментот од неговата книга "Војната се враќа" издадена 1934 година во која српските учители во Битола тепаат ученици со следните зборови: "Валкани Бугари! Македонски свињи! Ќе ве научиме Српски!".

Отпорот на ВМРО во тој момент е голем но затоа пак и жртвите се најголеми особено кај семејствата на војводите и востаниците кои го живеат ужасот на српските војници но и "православни" свештеници кои им ги "продаваат" сопругите како немажени за присилно да формираат нови вонбрачни заедници.

Српскиот терор во Вардарска Бановина е причината Анри од омилен Французин на Србите да биде осуден на 2О години затвор само затоа што ја запишал вистината поради која и самата Франција тивко ја бојкотира неговата книга која е патепис од реалноста - само да ја скрие вистината за "европските" вредности низ Кралство СХС.

Историографијата е поприлично менлива категорија во интерпретацијата но не и минлива затоа што историските факти на крајот од денот сепак ја генерираат вистината...

Историографски е трагикомично како митовите и фалсификаторите го промовираат Илинденското како чисто македонско а Преобр...
28/03/2023

Историографски е трагикомично како митовите и фалсификаторите го промовираат Илинденското како чисто македонско а Преображенското како чисто бугарско востание во време кога војводите на едно исто ВМОРО ги организираат и двете.

Селективниот пристап на заедништвото во историските факти говори дека тоа не оди во полза на никого особено ако врз се се додаде фактот што сите востанија во 19О3 година беа со неформална поддршка на кнежевството Бугарија која сепак на терен прати не само офицери и војска ами и организираше и огромни активности за помош на настраданото население и тоа од мајката на Цар Фердинант I па се до Националното Собрание на Бугарија кое одвојува 5ОО милиони лева за поддршка на бегалците.

Притоа не станува збор само за Крушевската република како резултат од сегмент на востанието затоа што по загушувањето на целиот план за Македонија и Одринско констатирани се мртви 1.ООО востаници - изгореле 2О1 село - загинале 4.696 цивили а следел и нов бегалски бран од над 3О.ООО месно население кои заминале во Бугарија.

Во 2О18 и 2О19 година Северна Македонија и Бугарија започнаа да го чествуваат Илинденско - Преображенското Востание но пет години покасно ефтиното партиско профитерство генерираше крвничка омраза меѓу народите на 2 соседни - суверени и независни држави и тоа во XXI век кревајќи ѕидини од омраза лицемерно промовирајќи вредности на Европа без граници.

Во 2О18 и 2О19 година премиерите на Северна Македонија и Бугарија заеднички ја чествуваа и одбележаа прославата на Илинденското востание кое географски правилно го н...

Секој може да го цени или не делото - поточно терористичкиот чин на Черноземски кој западните медиуми тогаш го нарекле и...
23/03/2023

Секој може да го цени или не делото - поточно терористичкиот чин на Черноземски кој западните медиуми тогаш го нарекле и "крик на поробените народи за спас од режимот на Кралство Југославија".

И тоа секако е едно од основните човекови права на сопствен - став. Иако во митовите се говори за човекот кој за Македонија е револуционер и член на ВМРО кој истовремено е и бугарски терорист што е сериозно - несериозен пристап кон вистината.

Историографски факт е дека Черноземски збогувајќи се со сопствениот живот храбро во очи да ја погледне сопствената цел и да ги оствари не само пресудата на ВМРО туку и низ неа изразените солзи и копнежи за слобода и пристоен живот на сите обесправени и репресирани поданици на големосрпската хегемонистичка конструкција - Кралството СХС.

Забораваме и дека за овој настан има испеано песна во која пораката е дека "Македонија не е јужна Србија". Режим на Кралството Југославија на чие чело бил кралот Александар I Караѓорѓевиќ - Вардарска Македонија ја третирал како српска бановина без право на национално самоопределување.

Историјата но и политичките анализи низ годините гласно говорат дека без атентатот кој го изврши Черноземски "прашањето за Македонија" целосно ќе беше затворено - заборавено и присилно избришано во своето постоење.

Поприлично е нејасно како Величко Димитров Керин повеќе познат под својот псевдоним Владо Черноземски e македонски револуционер кога се работи за ВМРО но е терори....

Кралство Југославија по налог на кралот Александар I Kараѓорѓевиќ кој го реализа тогашното военото аташе во Софија Драго...
19/03/2023

Кралство Југославија по налог на кралот Александар I Kараѓорѓевиќ кој го реализа тогашното военото аташе во Софија Драгољуб Дража Михајловиќ заедно со пучистите започнуваат инсталации во Владата но и прогон на членовите на ВМРО но и Цар Борис III и ја враќа во игра идеологијата за Голема Србија на Балканот.

Kараѓорѓевиќ во Софија гласно говори за се освен на прашања и теми во кои стои поимот Македонија. За него таква територија не постори. Има само Српска Вардарска Бановина во која по последниот попис Бугарите се презапишуваат во Срби.

Пучот е спречен во голем дел и од извештаите кои ги изготвува тројниот руски агент Наташа Дерманчева која е љубовница Југословенскиот амбасадор во Кралство Бугарија но и на началникот на полицијата на Софија а притоа е и регистриран активен руски агент.

Цар Борис III со свеченото отворање на "Споменикот на слободата" на Шипка [ врв Свети Никола на Стара Планина ] јасно става до знаење дека обидот за пуч нема да помине.

12 години покасно Дража Михајловиќ моли за помош од сега веќе комунистичка Бугарија за промена на смртната казна исречена во Титова Југославија.

Михајловиќ по смртта на Јосип Броз Тито се враќа во историографијата на Србија како поголем борец против фашистичка Италија и нацистичка Германија за време на II Светска Војна и станува причина за лошите односи на Белград со соседна Хрватска.

По државниот удар на 19 мај 1934 година новата влада на чело со Кимон Георгиев започнала со прогон и на сите членови на ВМРО и отворено водела пројугословенска политик...

Без политички поени врз мртвите. Митовите базирани врз историските [не] вистините нема да не одведат никаде и само ќе ге...
12/03/2023

Без политички поени врз мртвите. Митовите базирани врз историските [не] вистините нема да не одведат никаде и само ќе генерираат гнев и омраза.

Бугарија ги казни извршителите на Масакрот во Ваташа затоа што токму БНФ [ Бугарскиот национален фронт ] ги предава извршителите на тогашните власти кои им изрекуваат смртни казни.

Но никогаш пак Југославија не говорела за Крвавиот Божиќ во Скопје. Никогаш не говорела Македонија за ослободувањето од Србија спроведено од страна на Бугарската армија. Кој против кого се борел во Тиквешкото востание? 4О младинци од 545 убиени востаници беа Ваташа.

Зошто фашизмот не е коректен израз за Бугарското владеење со територите на нацистичка Германија? Забораваме ли на НДС [ Независна држава Србија ] и на Белград првата престолнина без Еврејско население? На владите на Љотиќ и Недиќ? На концентрациониот логор "Баница"? На почестите кои Хитлер ги ветил на Недиќ дека Србите ќе се новата супериорна раса на Словените?

Незаборавот за над 1Отици илјади евреди кои беа пратени во логорите на смртта е црната страна на историјата на светот и таа поука мора да ја извлечеме и постојано говориме.

Но грев ли е премолченоста за спас на скоро 5О.ООО бугарски Евреи - за кои сакале ние или не историски е фактот дека Бугарија е единствената земја во која еврејското месно население дури и се зголемило за време на II Светска војна?

Време е за прошка ...

Несомнено едно од најтрагичните но и најистакнати убиства низ историјата која и не била поштедена од цензури е “Масакрот од Ваташа”. Но ако ги согледаме детално ф....

Во разјаснувањето на историските прашања и факти истражувачите секогаш ја следат својата мисија - но не заради воскресну...
04/03/2023

Во разјаснувањето на историските прашања и факти истражувачите секогаш ја следат својата мисија - но не заради воскреснување на влијателните трагедии од војните од минатото туку заради потсетување преку нив за вредноста на човечкиот живот.

Потсетување дека човештвото и нечовечноста немаат свое историско време ниту пак имаат застареност.

Затоа што вистината подзаборавена често намерно и затскриена или изгубена низ времепловот на постоењето на крајот секогаш е една.

А неа никој и ништо не може ја се промени.

Во 1991 година во израелското пристаниште Ашдот беше поставен споменик на еврејските бегалци кои загинаа за време на Втората светска војна на бродовите Струма и Меф....

Во третиот Парламентарен состав на Отоманската империја [ 19О8 - 1912 ] двете леви крила на ВМОРО формираат политички па...
28/02/2023

Во третиот Парламентарен состав на Отоманската империја [ 19О8 - 1912 ] двете леви крила на ВМОРО формираат политички партии познати и како Сојузот на бугарските уставни клубови [ СБКК ] со поддршка на Христо Татарчев и Народната федеративна партија - Бугарски отсек [ НФП ] на Јане Сандански кои на изборите имаат четири пратеници заведени во етничката графа како претставници на бугарската заедница на територијата нa Османлиите.

По задушувањето на Илинденско Преображенското востание во 19О3 година проблемите на населението од Македонија и Одрин се продлабочиле. Од една страна Османлиско – ...

Зошто првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев е игнориран а потоа и историски за лични цели цензуриран како од левите...
23/02/2023

Зошто првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев е игнориран а потоа и историски за лични цели цензуриран како од левите така и од десните фракции на организацијата кои по потреба го чествуваа но подеднакво "избришан" и од сопственото постоење од комунистичките власти во југословенска Македонија?

Кој и зошто не го сакаше Татарчев во Македонија? И во СФРЈ но и последните 33 години независност?

Време ли е ВМРО како кратенка да се стави вон употреба за партиите и политичкото поентирање на Балканот и чесно и достоинствено да се врати во историјата каде и припаќа?

Македонската политичка сцена како никогаш во 33 години независна и самостојна Северна Македонија е поделена кон прашањето за внес на македонските Бугари во Уставо....

Името Никола Вапцаров како бугарски поет чиј татко Јонко бил војвода на ВМОРО близок до Александар Протогеров и Иван Мих...
19/02/2023

Името Никола Вапцаров како бугарски поет чиј татко Јонко бил војвода на ВМОРО близок до Александар Протогеров и Иван Михајлов но и личен пријател со Цар Фердинанд I и Борис III не е спорно за Бугарија кон отворање македонски културен центар во Благоеврад.

Напротив. Во Благоевград има 1О установи кои се именувани по него.

Спорно е само кој без правен основ и со чија поддршка проба незаконски формираниот центар да го искористи за партиски и лични интереси за нови причини за гнев меѓу граѓаните на Македонија и Бугарија.

Никола Вапцаров како бугарски поет чиј татко Јонко бил војвода на ВМОРО близок до Александар Протогеров и Иван Михајлов но и личен пријател со Цар Фердинанд I и Бор....

Откако МПЦ побара па се откажа Бугарската православна црква да и стане Мајка Црква без образложение по кратка постапка г...
15/02/2023

Откако МПЦ побара па се откажа Бугарската православна црква да и стане Мајка Црква без образложение по кратка постапка го прифати Томосот за автономија но не и автокефалност кој и го "подари" СПЦ а со кој стана ќираџија на сопствениот имот и "експозитура".

Притоа бегајќи од Вселенската Патријаршија која пак единствено смее да додели автокефалност МПЦ за три православни цркви [ Романската - Чешката и Словачката ] наместо МПЦ - ОА стана она и што е запишано во Томосот на СПЦ "Црква на Северна Македонија" ...

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка донесе одлука за “признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија”. Светиот с....

Почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија чекаат на исполнување на нашите обврски без...
12/02/2023

Почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија чекаат на исполнување на нашите обврски без кои процесот ќе застане и за тоа дефинитивно нема да е виновна Бугарија.

Во ЕУ има принципи а според нив и идентитетот и јазикот на земја членка се загарантирани категории а околу фамата за промена на Уставот да не заборавиме дека на пример и Словенија ги направи тие измени и тоа поради барања на соседна земја за денес и двете да се рамноправни членки на ЕУ.

ЕУ чека на нас а не на Бугарија а гневот и провокациите меѓу граѓаните и политичките тесно партиски интереси не води во самоизолација од која нема враќање.

Еминентни професори па и устовотворци од кои добар дел се уште се живи во Македонија никако да ја појаснат разликата во концептот поточно формата на Бугарскиот и У....

Во паранојата како да се потврди изгубено Косово геополитички остана интересот на влијание на Белград врз Македонија [ С...
08/02/2023

Во паранојата како да се потврди изгубено Косово геополитички остана интересот на влијание на Белград врз Македонија [ Северна ] затоа што ако прекине стигмата за клетите Бугари која е реторика позната и од пред 1991 година тогаш Србија ќе мора да пресече дали е за ЕУ и НАТО или Русија а тоа во моментов не е опција за која се подготвени.

Омразата пак кон Бугарија која не постоеше во овој обем 2О години ескалира последните три и за волја на вистината само затоа што македонските Бугари започнаа да формираат организации за својата заедница.

И не. Имињата не се спорни - има закони и механизми ако нешто не е правно исправно - спорно е што Северна Македонија со измените на Уставот и официјално ќе започне со процесот за идна земја членка на ЕУ со што ќе реши едно од 35 поглавја кои ја чекаат на тој пат.

Нормално самиот наслов и она што тој означува за солиден политиколог и познавач на состојбите што по вокација се евентуално и аналитичари би бил сосема доволен и ј....

Мојот мил пријател Никола Младенов уште во 2ОО4 година објави во својот политички магазин "Фокус" мал сегмент [ скриенит...
05/02/2023

Мојот мил пријател Никола Младенов уште во 2ОО4 година објави во својот политички магазин "Фокус" мал сегмент [ скриените архиви на КОС и УДБА ] за тоа како Киро Глигоров [ Кирил Благоев Глигоров ] периодот 1941 - 1944 бил адвокат - Бугарин во Скопје што и не е проблем ако било за "егзистенцијални потреби" но зошто тогаш 8О години покасно е "фашистичко - татарски" ако си Македонец со бугарска самосвест во Северна Македонија. Не сум прочитал некој Колишевски - Глигоров - Апостолски да ги нарече "татари" а уште помалку "фашисти" или за нив "бесмртните" не важи гневот поради кој братски народи се мразат.

Интересно е како нештата кои се историски факти ај што сакаме ама и ги релативизираме па прикажуваме онака само како што ни одговараат. Прилично интересни реакции ....

"Па така како што на една зграда подигната на нестабилна основа со сомнителна статика и несоодветни и неквалитетни матер...
02/02/2023

"Па така како што на една зграда подигната на нестабилна основа со сомнителна статика и несоодветни и неквалитетни материјали не и претстои ништо друго освен еден ден да падне и "паѓањето да и биде страшно" така и националниот "идентитет" заснован не на "камен" [ т.е. на историската вистина и фактитe ] туку на "песок" [ т.е. со фалсификација – искривување – прикривање - селективност на историското минато ] е неизбежно осуден на пропаст." - Епископ Партениј.

Гневот на нетрпение меѓу Македонците и Бугарите кој по ниту една линија не е природен а најмалку оправдан своја втора “ескалација” овој пат со громогласна тишина ...

Кога веќе патолошки сакаме да ја спориме вистината со безусловно идолопоклонство кон историски личности кои биле "безгре...
30/01/2023

Кога веќе патолошки сакаме да ја спориме вистината со безусловно идолопоклонство кон историски личности кои биле "безгрешни" тогаш што правиме кога нивните изјави го потврдуваат фактот дека армијата на Бугарија била [ народно ] ослободителна за најмалку 1О градови на територијата на Македонија и дали сега Михајло Апостолски и Јосип Броз Тито треба да ги клеветиме за фалсификатори на историските факти?

Што е факт а што е мит? Факт е дека Македонија како форма на организирана [ официјална – независна – суверена и самостојна држава ] за прв пат постои од 1991 година. Фак...

И додека "ние" баратаме со терминот "автентични" по изјави на бугарската страна тие тврдат дека нивната историја е засно...
27/01/2023

И додека "ние" баратаме со терминот "автентични" по изјави на бугарската страна тие тврдат дека нивната историја е заснована на "историски извори" што се факти и на тоа ние одговараме со парламентарна резолуција во која пишува дека сознанијата на македонските општествени – хуманистички и културолошки науки треба да се почитуваат "безрезервно"! E кои се тие сознанија? Затоа што не секогаш скоро и често тие не се базирани на историските факти. На кого тераме инает и што е "ќарот"?

Поранешната пратеничка во составот на Собранието на Северна Македонија [ 2О16 – 2О2О ] Никица Корубин со свој пост на социјалните мрежи беше причината за овој приличн...

И во моменти кога братски народи ни се гневат на националистички основи да си припомнеме на историските факти за "Првиот...
26/01/2023

И во моменти кога братски народи ни се гневат на националистички основи да си припомнеме на историските факти за "Првиот" премиер на НР Македонија во состав на Југославијa – "Секретарот" на Македонската комунистичка партија и претседател на Претседателството на Југославија по смртта на Тито - персонално Лазар Колишевски или зависно од потребите Лазар Пантовиќ а особено "прозаично" Лазар Панев Колишев како "Българин - син на българи от майка България" или три имиња за една вистина во ликот и [ не ] делото на Колишевски поради која сите патиме.

Има една политичка догма за долгогодишниот така наречен водач на комунистичкото движење во Македонија Лазар Колишевски [ роден како Лазар Панев Колишев 12 февруари...

Address

Bitola

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Само кажувам posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Само кажувам:

Share