Bitola in my heart

Bitola in my heart Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Bitola in my heart, Digital creator, Bitola.

Добредојдовте на страната "Bitola in my heart", простор каде што ја славиме убавината, историјата и уникатната душа на градот Битола.
Сите фотографии кои ќе ги објавиме се наши - авторски, освен оние каде е назначен авторот.
Уживајте!

После Новак Ѓоковиќ и Битола ќе пее со Владо ГеоргиевОстана уште само една недела до големиот концерт на Владо Георгиев....
18/08/2026

После Новак Ѓоковиќ и Битола ќе пее со Владо Георгиев

Остана уште само една недела до големиот концерт на Владо Георгиев. По едно одлагање, на 21 август во античкиот театар Хераклеја ќе се одржи долгоочекуваната музичка средба со Барба. А интересот е сè уште особено голем поради фактот дека ова е единствениот негов концерт ова лето во Македонија

По двата вирални концерти на Канли Кула во Херцег Нови, на кои дојде и запеа дури светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, истата атмосфера ќе следува следниот петок во Битола.

Освен „Тропски бар“ која Ѓоковиќ ја пееше со Владо, на тричасовниот концерт ќе ги слушнете сите големи хитови на Георгиев како „Анџелe“, „Једина“, „Све си ми ти“, „Збогом љубави“, „Искрено“, „Жена без имена“, а вечниот боем за публиката чува и изненадувања на репертоарот.

Преостанатите влезници се достапни во „Портал 2 Кафе“, Димпо Тобако и ddtickets.com

📅21 Август, 20:00, Хераклеја

🏛️ РЕЧИСИ 40.000 ПОСЕТИ ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИОд јануари до јули, НУ „Завод и музеј“ Битола забележала ...
18/08/2026

🏛️ РЕЧИСИ 40.000 ПОСЕТИ ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ

Од јануари до јули, НУ „Завод и музеј“ Битола забележала речиси 40.000 посети.

Статистиката покажува зголемен број странски туристи во мај, рекордна посетеност во јули и стабилен интерес од домашните посетители во текот на целиот период.

Во вкупната бројка се вклучени посетителите на музејските поставки, повремените изложби, учесниците на работилниците, делегациите и посетите секој први во месецот, кога влезот е бесплатен.

За град со големина на Битола, ова е одлична бројка и потврда дека нашето културно наследство има публика. Сега предизвикот е интересот да продолжи да расте, а посетителите да добиваат уште побогата музејска понуда.

17/08/2026

Прекрасно отворање на Flowers Symphony со безвременската Nessun Dorma на Пучини.
Пацио, НУ Завод и Музеј

16/08/2026

FLOWERS SYMPHONY СЕ ВРАЌА: ВИЕНСКА МАГИЈА ВО БИТОЛА И ОХРИД СО НАД 100 УЧЕСНИЦИ

По минатогодишниот успех и прекрасната вечер која ја воодушеви публиката, „Flowers Symphony“ ова лето се враќа со освежена и уште побогата програма.

Публиката ја очекува музичко патување низ безвременските италијански канцони, највпечатливите оперски арии и легендарните филмски теми кои оставија неизбришлива трага во светската кинематографија.

Ќе прозвучат композиции од Енио Мориконе, Џон Вилијамс, Ханс Цимер и други големи автори чии мелодии ги обележаа најпознатите филмски остварувања, меѓу кои и незаборавната музика од „Гладијатор“.

На сцената ќе настапат Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, Зана Абази-Рамадани од Косово и хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов. Специјални гостинки на вечерта ќе бидат Наде Талевска и Билјана Талевска.

Со над 100 учесници и под диригентската палка на Владимир Димовски, „Flowers Symphony“ ќе приреди две вечери исполнети со емоции, романтика и музика која долго ќе остане во сеќавањето.

📍 17 август (понеделник), Пацио на НУ Завод и музеј, Битола
🕘 21:00 часот

📍 18 август, Долни Сарај, Охрид
🕘 21:00 часот

🎟️ Карти се продаваат преку yournextevent.info, во „Тобако Димпо“ и кај „Аж�

СЕ ОЖИВУВА ЛИ ЧАРШИЈАТА СО МУЗИКА ПРЕД ЗАТВОРЕНИ ДУЌАНИ?Во битолската чаршија ова лето неколкупати навечер, надвор од ра...
16/08/2026

СЕ ОЖИВУВА ЛИ ЧАРШИЈАТА СО МУЗИКА ПРЕД ЗАТВОРЕНИ ДУЌАНИ?

Во битолската чаршија ова лето неколкупати навечер, надвор од работното време на дуќаните, се организираат забави со музика и поставени маси.

Убаво е чаршијата да биде полна со луѓе и да живее и навечер. Но, дали со неколку забави навистина се унапредува чаршијата или само се користи како убава сценографија?

Ако дуќаните се затворени, занаетчиите и дуќанџиите не се вклучени, а корист имаат само неколку угостителски објекти и организаторот, тогаш се унапредува угостителството, не чаршијата.

Вистинско оживување би значело отворени дуќани, вечерен базар, локални производи, изложби и редовни настани во кои ќе учествуваат самите дуќанџии.

Музиката може да донесе луѓе. Но чаршијата ќе оживее дури кога тие луѓе ќе влезат и во нејзините дуќани.

Не се оживува чаршија со маси пред затворени кепенци. Чаршијата е жива кога живеат и луѓето што работат во неа.

Чкембари БГО направија нов графит во чест на Кире Костадиновски, еден од загинатите македонски бранители во масакрот кај...
15/08/2026

Чкембари БГО направија нов графит во чест на Кире Костадиновски, еден од загинатите македонски бранители во масакрот кај Вејце во 2001 година.

„Никогаш нема да ја заборавиме неговата жртва, ниту жртвата на останатите македонски бранители кои ги положија своите животи за Македонија.

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!“ 🇲🇰

Фото на Чкембари Битола
Браво момци!

15/08/2026

„Нежност“ е еден од најубавите македонски евергрини, создаден од исклучителен авторски спој:

Текст: Блаже Конески
Музика: Славе Димитров

Песната првпат била изведена во 1974 година на Скопскиот фестивал.
Интересен е фактот што Славе Димитров, роден во Битола на 1 јуни 1946 година, самиот ја компонирал и испеал песната. Така, поезијата на Конески не била само ставена врз музика, туку добила глас од еден битолчанец.

„Ти само, што ми идеш на сон...“

Конески пишува за саканата што постои како сон, привид и светлина во темнината. Љубовта не е гласна, ниту драматично раскитена. Таа е тивка, недостижна и токму поради тоа боли. Мелодијата на Димитров ја следи истата логика: ненаметлива, меланхолична и достоинствена.

ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ПАТРОЛИРААТ НИЗ БИТОЛА И НАВЕЧЕР И ЗА ВИКЕНДИТЕПоради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број ...
14/08/2026

ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ПАТРОЛИРААТ НИЗ БИТОЛА И НАВЕЧЕР И ЗА ВИКЕНДИТЕ

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број прекршоци, Општина Битола повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од редовното работно време.

Инспекторите ќе вршат вонредни надзори и обиколки низ целата општина во вечерните часови, за време на викендите и во неработните денови.

Посебно внимание ќе биде насочено кон појавите што го нарушуваат јавниот ред и мир и го загрозуваат квалитетот на животот на граѓаните.
Дали ова значи дека конечно ќе има редовни контроли на прегласната музика од угостителските објекти, останува да видиме.

Контролите ќе ги опфатат и градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, животната средина и несовесното постапување со јавните добра.

Неправилности, несоодветно однесување и други прекршоци од надлежност на општинските инспекциски служби може да се пријават на дежурниот број:

📞 075 388 797

Дежурствата се воведуваат за прекршоците да бидат навремено откриени и спречени, а пријавите на граѓаните да не го чекаат следниот работен ден.

13/08/2026

Летен дожд, освежување и виножито над Офицерски во моментов :) Убајни!

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bitola in my heart posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Bitola in my heart:

Shortcuts

Share