3Д Проект Студио е друштво за филмска продукција кое комбинира понуда на креативни услуги, бренд дизајн, маркетинг стратегии и напредна HD технологија за организирање и техничко реализирање на различни настани и проекти. Ние ги услужуваме нашите клиенти преку маркетинг и рекламирање,
рекламирање и медиумски кампањи, лого дизајн, веб дизајн, графички дизајн, видео анимации, ТВ реклами, документарни емисиии, играни серијали, музички спотови, организирање на настани, промоции, конгреси, HD пренос во живо од местото на настанот до националните телевизии и сл.
Историјата на нашата фирма започнува во далечната 1994 година првично како новинско издавачка куќа со единствена цел – опслужување на клиенти во областа на маркетингот кој го опфаќа графичкиот дизајн и печатење на рекламен материјал.
Со оглед на фактот дека клиентите се на прво место, веќе во 1996 година решивме да ја прошириме нашата дејност и да обезбедиме целосен спектар на дополнителни ангажмани почнувајќи со видео (филмска) продукција.
Денес, Како бренд на пазарот на понуда и побарувања, 3Д Проект Студио, освен за потребите на графичкиот дизајн располага и со видео монтажа, видео миксета, мобилна продукциска режија и репортажно возило за реализирање на настани во живо, 10 дигитални камери, LCD проектори, платна за проектирање, study cam, кран, фар, осветлување, изработка на видео анимации и монтажа на филмуван материјал, како и организација на секции, промоции, прослави за одрени потреби на клиентите, конгреси, конференции и слично.
Оваа инвестиција ја зголеми нашата листа на клиенти, вклучувајќи покрај трговски и производствени компании, наши клиенти станаа и телевизиски куќи, невладини организации, странски брендови во соседството и во европски копании, како и странски претставништва во Република Македонија.
Во областа на графичкиот дизајн, 3Д Проект Студио, во своето 20 годишно искуство вројува над 100.000 проекти изработени со оригинални идеи за потребите на нашите клиенти.
Нашата агенција е единствена во Македонија до овој момент што може да се пофали со мобилно репортажно возило во HD технологија, што овозможува можност за пренос на било каков настан во живо.
Од 2009 година, единствено нашата агенција ги реализира преносите во живо на сите спортски натрпеевари, фестивали и останати домашни и меѓународни манифестации кои имаат потреба од HD сигнал.