21/07/2025
„Некои се колнат во тоа дека на страна од ограничените слободи на жените надвор од ѕидовите на домот, она што помогнало во нивната еманципација е токму – велосипедот. На почетокот на 19 век кога се појавил, не се ни претпоставувало за тоа каква улога ќе игра.
Малку е чудно од оваа перспектива да зборуваме за тоа дека жената морала да се бори пред се‘ да излезе од дома и да престане да биде убедувана дека нејзина професија е да биде домаќинка, впрочем, ‘сапунските опери‘ биле смислени за неа и биле емитувани прво на радио. И името го добиле според прашокот за перење и машината како изум што ја еманципирал, па имала повеќе време да слуша радио што секако и го ‘перело‘ мозокот.
Велосипедот бил нејзино тајно оружје за да ги решава модните, општествените и биолошките стереотипи што ја држеле во изолација од надворешниот свет. Интересирањето на жените за велосипедите предизвикало јавна дебата за тоа дали смеат да го возат, со кого, каде би смееле да го возат, на кој начин влијае на нивното здравје, семејството, моралот и женственоста. Дали може воопшто да го возат без придружба?
Зајакнатата сигурност им дава уште поголема сила, па во 1894 година, дваесет и четири годишната Американка Annie Cohen Kopchovsky тргнала на пат по светот со велосипед. Неколку дена пред пат научила да вози, се поздравила со трите деца под 6 години, понела резервна облека, пиштол и 100 долари што ги добила од производител на вода.“
Прочитајте го целиот текст на линкот 🚲
fans
#велосипед #еманципација #транспорт
Превозно средство што треба да го одбере секој што се грижи за себе, за другите и за животната околина: ВЕЛОСИПЕД! Жените веднаш го избрале, иако ги плашеле со се‘ и ....