Културен Печат.

Културен Печат. Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Културен Печат., Newspaper, GTC, Skopje.

Интензивен период на презентација на својата најнова изложба „Оган“ имаше сликарката Бојана Артиновска во последниве два...
31/12/2025

Интензивен период на презентација на својата најнова изложба „Оган“ имаше сликарката Бојана Артиновска во последниве два месеца од годината, а нејзината изложба беше претставена пред публиката во Скопје и во Битола.

Интензивен период на презентација на својата најнова изложба „Оган“ имаше сликарката Бојана Артиновска во последниве два месеца од годината, а нејзината изложба...

Во сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ ќе се користи музика на Горан Трајкоски – ГоТра, к...
29/12/2025

Во сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ ќе се користи музика на Горан Трајкоски – ГоТра, кој заедно со јубилејот на МНТ ќе одбележи и свој личен јубилеј создавајќи музика за точно сто театарски претстави.

Во сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ ќе се користи музика на Горан Трајкоски – ГоТра, кој заедно со јубилејот на МНТ ќе одбележи и свој ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 313, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.12.2025), во својот стандарден формат...
27/12/2025

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 313, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.12.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

- интервју со Горан Трајкоски – ГоТра, автор на музика за театар: Палета со бои на нашата музичка традиција
- разговор со сликарката Бојана Артиновска за нејзиниот нов ликовен циклус: Огнот буди многуслојни асоцијации
- Македонскиот народен театар со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ во режија на Дејан Пројковски ќе одбележи 80 години од основањето
- проектот „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“ е поттик за урбана трансформација на Скопје
- уметничко поврзување со изложбата „Простори на конјункција“ во македонскиот КИЦ во Загреб
- книжевна трибина на „Спона“: Потребен е систем во преведувачката дејност
- визуелниот уметник Страхил М. Петровски на 30 декември ќе ја претстави просторната инсталација „Реминисценции“ во Македонскиот културен центар „МЦ Галерија“ во Њујорк
- во мултимедијалниот центар „Мала станица“ при Националната галерија во Скопје на 24 декември беше отворена изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски
- објавено е специјално издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на англиски јазик
- како 245. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на „Или-Или“, на 24 декември се одржа промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески
- Друштвото на писателите на Македонија на 26 декември ја промовираше книгата „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“)

Благодарам на довербата и на читателската верност.
Имајте среќни и весели новогодишни празници!

Новогодишниот концерт на вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов „Кадиф...
24/12/2025

Новогодишниот концерт на вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов „Кадифено“, се одржа на 20 декември. Во преполната сала на Филхармонија беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори.

Новогодишниот концерт на вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов „Кадифено“, се одржа на 20 декември. Во преполна...

Оперските првенци Ана и Игор Дурловски со два последователни концерти на 16 и 17 декември одбележаа јубилејни 25 години ...
23/12/2025

Оперските првенци Ана и Игор Дурловски со два последователни концерти на 16 и 17 декември одбележаа јубилејни 25 години уметничка дејност. Концертите во Националната опера и балет беа изведени со Симфонискиот оркестар „Ајга“, кој за оваа пригода беше засилен со музичари од националните оркестри на Филхармонија и Опера и балет, под диригентската палка на младата и извонредно талентирана Ана Спасовска.

Оперските првенци Ана и Игор Дурловски со два последователни концерти на 16 и 17 декември одбележаа јубилејни 25 години уметничка дејност. Концертите во Националната...

Музикологот, музички педагог и истражувач проф. д-р Наташа Диденко создаде капитално монографско дело со кое почетоците ...
23/12/2025

Музикологот, музички педагог и истражувач проф. д-р Наташа Диденко создаде капитално монографско дело со кое почетоците на оперската уметност кај нас ги датира пред точно 100 години, со изведбата на „Палјачи“ во 1925 година во Штип.

Музикологот, музички педагог и истражувач проф. д-р Наташа Диденко создаде капитално монографско дело со кое почетоците на оперската уметност кај нас ги датира пре...

На сцената во Театарот за деца и младинци актерката Ана Левајковиќ Бошков на 24 декември ќе одбележи три децении посвете...
22/12/2025

На сцената во Театарот за деца и младинци актерката Ана Левајковиќ Бошков на 24 декември ќе одбележи три децении посветени на најискрената публика, а јубилејот ќе помине во знак на претставата „Црвенкапа“.

На сцената во Театарот за деца и младинци актерката Ана Левајковиќ Бошков на 24 декември ќе одбележи три децении посветени на најискрената публика, а јубилејот ќе п....

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 312, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.12.2025), во својот стандарден формат...
20/12/2025

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 312, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.12.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

- интервју со проф. д-р Наташа Диденко од Институтот за национална историја: „Палјачи“ ја постави основата за македонската оперска традиција
- разговор со Ана Левајковиќ Бошков, актер-првенец во Театарот за деца и младинци, за нејзината 30-годишна дејност: Срце отворено како дланка
- во МНТ на 18 декември се одржа промоцијата на монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето“
- режисерот Мирко Радоњиќ од Црна Гора во МКЦ во Скопје ја поставува претставата „Теорема“ според романот на Пјер Паоло Пазолини во продукција на независниот театар „Златен Елец“
- оперските првенци Ана и Игор Дурловски одбележаа јубилејни 25 години уметничка дејност со два последователни концерти со симфонискиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на Ана Спасовска
- концертот „Кадифено“ на Зарина Првасевда е најавен како музичко патување каде што традицијата и современиот звук се спојуваат на сцената
- Националната установа „Охридско лето“ подготви новогодишен концерт како подарок за публиката
- ретроспективната мултимедијална изложба „Рефлексии“ во Чифте амам е посветена на Ратка и Димче Протугер
- во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ е поставена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска
- на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје беа одбележани 75 години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на поетот, есеист, критичар и преведувач Раде Силјан
- нова книга во „Или-Или“ е „Градинарот и смртта“, интимен и елегичен роман од бугарскиот писател Георги Господинов, во превод на македонски јазик на Душко Крстевски
- во издание на издавачката куќа „Полица“ од Скопје, излезе од печат научната студија „Враќањето на Орфеј (орфејска и орфичка поезија)“ од Сузана В. Спасовска

Благодарам на довербата и на читателската верност.

Праизведбата на драмскиот текст „Анна“ е директен повод за средба со авторката Драгана Лукан Николоски, која е дипломира...
18/12/2025

Праизведбата на драмскиот текст „Анна“ е директен повод за средба со авторката Драгана Лукан Николоски, која е дипломиран драматург, магистер по филмско и телевизиско сценарио и цврст борец за слободата на изразувањето.

Праизведбата на драмскиот текст „Анна“ е директен повод за средба со авторката Драгана Лукан Николоски, која е дипломиран драматург, магистер по филмско и телеви....

Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литератур...
16/12/2025

Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“.

Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена награ...

Стиховите на Ирена Димовска-Митревска често ги одразуваат универзалните човечки вредности, љубовта како движечка сила, л...
15/12/2025

Стиховите на Ирена Димовска-Митревска често ги одразуваат универзалните човечки вредности, љубовта како движечка сила, личниот раст и потрагата по најдобрата верзија на себе, а сето тоа е вкомпонирано во музиката на „Код 369“.

Стиховите на Ирена Димовска-Митревска често ги одразуваат универзалните човечки вредности, љубовта како движечка сила, личниот раст и потрагата по најдобрата вер....

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 311, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.12.2025), во својот стандарден формат...
13/12/2025

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 311, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.12.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

- интервју со драмската авторка, драматург и писателка Драгана Лукан Николоски: Драмските автори во Македонија се соочуваат со невидливост
- разговор со Ирена Димовска-Митревска, вокална солистка на групата „Код 369“: Сега повеќе сме свртени кон себеси
- Фестивалот на европски филм „Синедејс“ награди филмови што им даваат универзална димензија на локалните теми
- наградата „Пегаз“ за 2025 година свечено ѝ беше врачена на писателката Фросина Пармаковска за нејзиниот роман „Кривата Дијана“
- поддршка за уметничка практика што подразбира критичко и естетско дејствување младите уметници добиваат со наградата „Денес“
- самостојната изложба „А капела“ на Стојан Павлески од 4 до 16 декември е поставена во Музејот на град Скопје
- „Матица македонска“ ја објави книгата „Критиката за творештвото на Васко Ташковски“, издание со најобемен корпус на критички одгласи и оцени за делата на македонски сликар
- ДПМ ја објави збирката раскази „Она што се памети живее“, со поднаслов „Никогаш докрај раскажани приказни“
- збирката поезија „Сивка – геометрија на болката“ од Ирена Бабамова Стојчева имаше промоција во Младинскиот центар во Струмица
- поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски ќе има промоција на 15 декември во новиот „Лабораториум“
- египетска издавачка куќа „Ал Араби“ од Каиро ја објави новелата „Ѕиркачот“ на македонскиот писател Александар Прокопиев

Благодарам на довербата и на читателската верност.

Address

GTC
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Културен Печат. posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category