Eusair North Macedonia

ЕУСАИР опфаќа десет земји: четири земји-членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и шест земји кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Сан Марино, Србија).

ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии, која е воспоставена во 2014 год., додека членството на Северна Македонија во Стратегијата започнува во 2020 год.

Општата цел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите региони во Јадранско-јонската област во четирите тематски области/столбови на дејствување:
- Син раст,
- Поврзување на регионот,
- Квалитет на животна средина и
- Одржлив туризам.
Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

МИСИЈАТА НА ЕУСАИР:
Поврзување на луѓето и институциите за да се изгради заедничко разбирање за соработка за хармонизиран, интегриран и одржлив регион.

ВИЗИЈАТА НА ЕУСАИР:
Заеднички решенија на повеќе нивоа за заеднички предизвици кон посилен јадрански јонски регион.

Address

Кеј Пресвета Богородица бр. 3, Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Eusair North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share