20/12/2025
Loverave festival! Нова година во МКЦ!
Иако немала желба, ниту пак некогаш размислувала да го прави ова, Соња Исмаил активно пушта музика од 2006 година па наваму. Почнала од шега, на инсистирање на нејзин пријател, за журка по повод 1-ви април. И никогаш не престанала, ниту планира да престане. Музиката што ја пушта не може да се смести во сериозни, уштиркани рамки или жанрови. Во една ноќ може да пушти музика на која ќе се “искршите” од играње, но и од плачење. Очекувајте и супер жестоко техно, полни басови од кои ќе ви се преврти утробата, но и диско за шизење, гитарски рифови, па и поп песни кои ќе ги пеете на цел глас. Ужива кога подиумот се бранува и кога луѓето насмеани танцуваат.