Радио МОФ е онлајн медиум кој обработува теми од интерес на младите. https://www.radiomof.mk
22/12/2025
„Преку дела реализирани во различни ликовни медиуми, вклучувајќи сликарство, скулптура и графика, изложбата ја прикажува актуелната продукција на студентите и нивните разновидни тематски и авторски пристапи“, посочуваат од ФЛУ
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја најавува студентската изложба со наслов „Збирка“, која ќе биде отворен....
22/12/2025
„Во денови кога квалитетот на воздухот се влошува и достигнува лоши, многу лоши или екстремно лоши нивоа, протоколите советуваат сите активности на отворено и физички интензивни активности да се преместат во затворен простор или да се откажат“, посочуваат од UNICEF MK
УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за ....
22/12/2025
„Виолината на Кондовски носи болка и телесна емоција, пијаното на Хаџи Коцев ја обликува меланхолијата, додека електрониката и ниските текстури на Георгиевски ја затегаат напнатоста“, велат од Аксиома
„Аксиома“ одбележува мал јубилеј – 10 албумско издание. Се работи за новиот „Neo-Noir“, за кој велат дека е албум што звучи како замислен филм снимен во магла - ретро-к....
21/12/2025
„Согласно со временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден“, посочуваат од ТАВ Македонија. 🛫
Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од полноќ до 12 ....
21/12/2025
💆♂️Основните школи имаат на глава еден куп проблеми за да ја тераат образовната инклузија и, притоа, да нудат еднакви можности и да спречуваат дискриминација кон децата со атипичен развој.
🗣 Радио МОФ спроведе Прашалник со 83 вработени лица во основните училишта, кој покажува дека образовните асистенти им се високо меѓу приоритетите, за да може да функционираат со децата со попреченост, а истовремено мора да се справуваат и со низа други предизвици – материјали, опрема, финансирање, обуки за кадарот. Сѐ е тоа дел од инклузивниот мозаик.
👥 Она што генерално се провлекува низ одговорите, е дека треба да се оптимизира бројот на асистенти по региони, да се најде начин барем дел од асистентите да добијат редовен статус и со тоа да имаат поголем мотив за работа, а дополнително исто така важно - да се зајакнат и сите човечки и материјално-технички капацитети во школите.
📄 Според извештај на Народниот правобранител за 2024 година, од вкупно 943 основни училишта низ Македонија, само во 78 има сензорни соби, во 105 ресурсни соби, во 26 има лифт, во 114 има адаптиран тоалет, а вкупниот број на вработени специјални едукатори и рехабилитатори во основните училишта како стручни соработници изнесува 191.
ℹ️ Податоците добиени од Бирото за развој на образованието од 2022 година до август 2024 година, покажуваат дека вкупно 3.170 наставници и 390 стручни соработници од стручните служби имаат поминато обуки за инклузивно образование.
👩🏫 Но, проблемот е во тоа што некои обуки се кратки и „влегуваат во едно и излегуваат од друго уво“. Некои и се скапи, тврдат вработени, како на пример за сензорна интеграција. А без обука за сензорна интеграција, не може соодветно да се работи во сензорните соби на визуелна или аудитивна стимулација. Односно, сензорните соби без обучен кадар се само игротеки.
🪙 За да се развиваат во инклузивна смисла, потребно е школите да имаат и поголема финансиска поддршка. Тоа се споменува во сите поважни документи на меѓународните тела и организации. Дека „без пари – нема инклузија“. Во овој сегмент, освен од државниот буџет кој оди главно на образовни асистенти и дел за ресурните центри, треба поажурно да се вклучат и општините, чија обврска сега се и Центрите за поддршка, некогашните т.н. посебни паралелки.
👷♂️ Истовремено, за да се следи состојбата и да има јасни индикатори за инклузивност - потребно е да се даде поголема поддршка и на Просветниот инспекторат. Му недостасува софтверска и ИТ-опрема, а во 2023 година бил само со пет службени коли во возна состојба. Воедно, работи со вкупно 58 инспектори, од кои само тројца меѓу 30 и 40 години. Најмногу се меѓу 50 и 60 – 26, додека 10 се влезени во седмата деценија од животот. Што значи – просечната старост во Инспекторатот е над 50 години.
Искуствата во Македонија покажуваат дека со активизмот младите одбираат да бидат гласни, наместо рамнодушни против одредени промени во општеството. Воедно, активизмот може да биде протест, онлајн кампања, волонтирање, пишување, уметност или едноставно одбрана на нечии права. Во време кога светот се соочува со социјални неправди, климатски кризи, нееднаквост и дискриминација, активизмот меѓу младите станува неопходен.
Искуствата во Македонија покажуваат дека со активизмот младите одбираат да бидат гласни, наместо рамнодушни против одредени промени во општеството. Воедно, актив....
20/12/2025
Протестен собир со порака дека „воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“
Граѓанската иницијатива Стоп за Усје на 25-ти декември во 18 часот најавува блокада пред Цементарата „Усје“ и ги повикува граѓаните на протестен собир со порака дек...
20/12/2025
„Трите фестивалски дена опфаќаат богата програма со дискусии, работилници и филмски проекции, а содржините, кои може да се следат во скопскиот мултимедијален простор ‘Котур’, како и секогаш остануваат бесплатни и отворени за сите заинтересирани“, соопштуваат од ПИНА
Во кафе и филм „Котур“ во Скопје од 22 до 24 декември ќе се одржува ново издание на „Медиумски фестивал Скопје“. „Деветтиот ‘Медиумски фестивал Скопје’ е посветен...
20/12/2025
Зелен хуман град (ЗХГ) денеска до Советот на Град Скопје поднесе Иницијатива за дислокација на Цементарница Усје. „Со иницијативата предлагаме Советот јасно да за....
19/12/2025
„Фокусот го одредуваат самите млади. Најчесто тоа се младинско учество во локалното управување, слабата комуникација со институциите, екологија, одржлива мобилност, јавни простори и волонтерство. Работиме на теми кои тие ги идентификуваат како најважни и кои носат реални промени во заедницата“, вели во интервју со Радио МОФ Евгенија Донева, координаторка на Младинскиот Парламент на Југоисточниот регион
Во период кога младинското учество во општините е занемарено, Младинскиот Парламент на Југоисточниот регион претставува редок пример на организирана, функционал....
19/12/2025
Македонија е најзагадената земја во Европа, покажува мапата на Европската агенција за животна средина, која го следи индексот на квалитет на воздухот во сите европски земји. Македонија, според концентрациите на ПМ2,5 е во најлошата категорија со екстремно високо загадување на воздухот, со концентрации неколку пати над максимално дозволените од 25 микрограми на кубен метар.
Македонија е најзагадената земја во Европа, покажува мапата на Европската агенција за животна средина, која го следи индексот на квалитет на воздухот во сите европ...
19/12/2025
„Ќе настапи еден од највлијателните и најлегендарни бендови на нашата култура – основоположниците на металик хардкор звукот – ‘Integrity’“, најавија организаторите од „Diehard records“.
Во „Станица 26“ во Скопје, вечер 19 декември, од 18:30 часот ќе се одржува деветтото издание на фестивалот „Востание“. „Ќе настапи еден од највлијателните и најлегенд...
Be the first to know and let us send you an email when Радио МОФ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница.
Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.
Радио МОФ е интернет радио кое продуцира и споделува музички и информативни содржини кои се достапни на www.radiomof.mk.
Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.
Радио МОФ е програмска активност на Младински образовен форум.