31/05/2024
Младите претприемачи и жените сопственички на бизниси добија нова можност во пристапот до финансии.
ProCredit Bank Macedonia, на Конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото, го отвори „Кругот на нови можности“, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со две нови програми за поддршка на претприемништво, фокусирани и адаптирани на специфичните потреби на младите претприемачи – Youth in Business, како и на жените коишто водат или се сопственици на бизниси – Women in Business.
Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот, ПроКредит Банка воведе сеопфатен бизнис пакет создаден да го зацврсти и поддржи растот на малите и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост.
Програмата „Women in Business“ има за цел да им ги обезбеди на жените претприемачи потребните ресурси за да ги надминат предизвиците во бизнисот и да го реализираат својот целосен потенцијал.
Статистиките покажуваат дека жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микробизниси со големина до пет вработени. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава.Од друга страна, истражувањата покажуваат дека жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.
„Поддршката на жените во претприемништвото е клучнa за создавање одржлива и инклузивна економија. Охрабрувањето на повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции не е само прашање на промовирање на родовата еднаквост, туку и на женското претприемништво кое може дополнително да придонесе за развојот на економијата во нашата држава. Преку оваа иницијатива, жените претприемачи имаат можност да добијат олеснет пристап до кредити без потреба од хипотека, со флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. Со тоа им обезбедуваме пристап до финансиски ресурси со услови специјално креирани да одговараат на нивните бизнис планови. Секоја жена сопственик на бизнис ќе има свој банкарски советник, кој со стручни насоки и поддршка ќе помогне и поттикне раст и развој на бизнисот“ – изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.
Програмата „Women in Business“ опфаќа и целосен пакет на банкарски услуги приспособени да ги задоволатпотребите на жените претприемачи, од решенија за целосно дигитално банкарство до кредитни картички, како ипристап до работилници, менторство и настани за вмрежување, овозможувајќи поврзување со истомисленици ипроширување насвоите професионални мрежи.
Настанот, креиран да инспирира, имаше главна цел размена на искуства и вмрежување на млади претприемачи и жени претприемачи, во рамки на мисијата за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.
Исклучителен печат, оставија обраќањата и споделувањето на личните искуства, како успешни претприемачи, на Ирена Јакимовска сопственик на прилепската компанија „Comfy Angel“ и Нино Карас ко-сопственик на „Codewell AI“, основоположник на македонскиот стартап еко систем.
На Панел дискусија „Претприемништво - Од предизвици до можности“ плејада претставници на млади претприемачи и жени претприемачки, ги искажаа своите гледања на бизнисот и искуствата кои ги поминале, како Петар Ниновски „Brainster“, Ангела Настевска од „Кентаур Импекс“, Билјана Менкиноска од „El Mundo“ и Маја Столевска Костадинова од ЕБОР.
Банката ги презентираше и финансиски поволности за жени и млади претприемачи кои се дел од новите бизнис пакети.
Настан, кој овозможи времување и нови партнерства кај претприемачите и добивање информации за новиот пристап до финансии, од банка, како ПроКредит, која од основањето до денес е вистински партнер на компаниите во македонското стопанство.