SKOK

SKOK Спорт, музика, спорт

Европското првенство во Данска ни става сол на раната кога е македонскиот ракомет во прашање.Големо срце, големо его, уш...
19/01/2026

Европското првенство во Данска ни става сол на раната кога е македонскиот ракомет во прашање.
Големо срце, големо его, уште поголема суета, најголема самобендисаност.
Си патиме од овие особини, а можеме многу, можеме многу повеќе од што прикажуваме.
Убедливиот пораз од Данска, големиот бод против Португалија и прашањето како ќе поминеме со Романија, не тераат да се преиспитаме, да се погледнеме во огледало и да си ја признаеме самите на себе вистината.
Имаме селектор со големо ракометно име, имаме ракометари докажани низ белиот свет, а резултатите тапкаат во место.
Каде грешиме!? Кој е виновен? Што треба да промениме, за да појде работата?

Европското првенство во Данска ни става сол на раната кога е македонскиот ракомет во прашање.Големо срце, големо его, уште поголема суета, најголема самобенд...

Се за малку, се за влакно... Никако да ни се посреќи, никако да излеземе од сопствената кожа. Натпревар за кинење нерви,...
19/01/2026

Се за малку, се за влакно...
Никако да ни се посреќи, никако да излеземе од сопствената кожа.
Натпревар за кинење нерви, за качување притисок, за псовки и трескање по масата.
И врти сучи, Кире е крив за се !!! Дејан Манасков мораше да игра за репрезентацијата. Милан Лазаревски - Мечка требаше да биде во Данска. Томовски влезе предоцна, на Серафимов му се "лизна" од рацете ...
Судиите од Босна како најголеми душмани, под лупа гледаа на секој наш допир со топката, како со Португалија да живееја во иста држава во минатото.
И кога ќе видиш, "само" за битолчани немаме забелешка, небаре од комити во чкембари прејдовме.
Браво за Филип, браво за животната партија.

Се за малку, се за влакно... Никако да ни се посреќи, никако да излеземе од сопствената кожа. Натпревар за кинење нерви, за качување притисок, за псовки и тр...

Македонскиот ракометен свет продолжува да се тресе. Данска ни одржа лекција по ракомет, ЕХФ удри по најдоброто од Македо...
16/01/2026

Македонскиот ракометен свет продолжува да се тресе. Данска ни одржа лекција по ракомет, ЕХФ удри по најдоброто од Македонија. Додека да се свестиме, останува да не мачи потрагата по вистината.
Толку ли сме слаби, таму каде што сме најдобри?
Се преценуваме, или не потценуваат?
Им сметаме, или сме нереални?
Грешиме или ни сместуваат?
Многу прашања, која е вистината, што е сигурно?

Македонскиот ракометен свет продолжува да се тресе. Данска ни одржа лекција по ракомет, ЕХФ удри по најдоброто од Македонија. Додека да се свестиме, останува...

Европската ракометна федерација ги симна од авионот најдобрите македонски, европски и светски ракометни судии Славе Нико...
11/01/2026

Европската ракометна федерација ги симна од авионот најдобрите македонски, европски и светски ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои нема да судат на пррстојното Европско првенство (15 јануари-05 февруари). Без цврсти докази и аргументи, на чуден, избрзан и несериозен начин, ЕХФ фрли оѕровна стрела кон најдобрите и во пресрет на Европското првенство отиде директно со ѓон кон ракометна Македонија.
Од каде дува ладниот северец?
Кој го впери прстот кон Николов и Начевски?
Зошто ЕХФ брзаше да ги суспендира?
Што се случува во европската куќа на ракометот? - кликнете на линкот и гледајте во првата емисија од "Сезона 4" на "5-та димензија на спортот" - со Дургутов, во продукција на СКОК.

Европската ракометна федерација ги симна од авионот најдобрите македонски, европски и светски ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои нема да суда...

Пред 30 години имавме желба, инает и непокор - денес имаме химна и знаме!Приказната за македонската фудбалската икона Зо...
20/12/2025

Пред 30 години имавме желба, инает и непокор - денес имаме химна и знаме!
Приказната за македонската фудбалската икона Зоран Бошковски - Чоко, остава лузна на душата, остава товар на градите, отвара многу прашалници и дава одговори на прашањата кои ја мачат македонска фудбалска јавност.
Каде се наоѓа Македонија во фудбалскиот свет? Каде се загуби квалитетот, енергијата, љубовта?
Што имавме во минатото, каква е сегашноста, што не чека во иднина?
Зошто се празни трибините на стадионите? Каде погрешивме?
Емотивната приказна на Чоко за минатото и сегашноста, зачинета со солзи во очите и кнедла во грлото, не потсетува дека останал истиот, стариот Чоко, скромен, искрен и неизвалкан низ годините. Камерата на Продукција СКОК трајно ја запиша неговата животна приказна, да остане и никогаш да не се заборави.
На крајот, останува чувството дека солзите на Чоко ќе не печат, ќе не болат и ќе сведочат за времето кога бевме горди, непокорни Македонци.
Каде сме и какви сме сега!?

Приказната за македонската фудбалската икона Зоран Бошковски - Чоко, остава лузна на душата, остава товар на градите, отвара многу прашалници, но и дава одго...

"На штитот или со него", знае ли селекторот за оваа мудрост? Против Казахстан требаше да почнеме во тој стил, арно ама ....
15/10/2025

"На штитот или со него", знае ли селекторот за оваа мудрост? Против Казахстан требаше да почнеме во тој стил, арно ама ... !? Од 34 до 36 минута утнавме три шанси за гол ...!!! Кога го примивме голот, го зедовме штитот и тргнавме во напад. Арно, ама, волејот на Ристовски (второ полувреме) голманот на Казахстан го одбрани, вториот негов удар заврши сантиметри покрај дирекот, и сето тоа за само осум минути игра на тревата ...!!! Барди не "дигна од умрените" со маестрално изведениот слободен удар и израмни на 1-1. Тоа што Серафимов го утна во 90+ минути е за фудбалски инфаркт (во новинарската ложа)...!!! И, како и да е, борбата за пласман на "мондијалот" мора да се води до крај, до фудбалско истребување во март 2026 година.

"На штитот или со него", знае ли селекторот за оваа мудрост? Против Казахстан требаше да почнеме во тој стил, арно ама ... !? Од 34 до 36 минута утнавме три ...

Многу новинарски прашања, уште повеќе селекторски објаснувања, дилема - дали можеше да победиме...!? Милевски селекторск...
15/10/2025

Многу новинарски прашања, уште повеќе селекторски објаснувања, дилема - дали можеше да победиме...!?
Милевски селекторски објасни дека е "горд на момците", но "меѓу редови" одговори на новинарското пташање за маестралното промашување на Серафимов во 90+ минути ...!!!
Како и да е, репрезентативците одиграа добро и коректно (освен првите 30 минути), новинарскиот бележник регистрираше шест стопроцентни шанси за наш гол, на крајот само реми и бод за продолжување на (бараж) мондијалскиот сон плус гостувањето во Кардиф (18 ноември).
Маестралниот гол на Барди само потврдува дека "Македонија не е фудбалско село без кучиња" ...

Многу новинарски прашања, уште повеќе селекторски објаснувања, дилема - дали можеше да победиме...!? Милевски селекторски објасни дека е "горд на момците", ...

Прес-конференција и тренинг на репрезентацијата на Казахстан. Селекторот Талгат Беисуфинов планира да освои бодови проти...
15/10/2025

Прес-конференција и тренинг на репрезентацијата на Казахстан. Селекторот Талгат Беисуфинов планира да освои бодови против Македонија и Белгија (последно коло) и да направи турбуленција во групата. На прес-конференцијата голем оптимист, на теренот со спортските новинари од Казахстан близок пријател...

Прес - конеференција и тренинг на репрезентацијата на Казахстан. Селекторот Талгат Беисуфинов планира да освои бодови против Македонија и Белгија (последно к...

Моменти од тренингот на македонската фудбалска репрезентацијата пред натпреварот со Казахстан (13.10.2025). Фудбалерите ...
15/10/2025

Моменти од тренингот на македонската фудбалска репрезентацијата пред натпреварот со Казахстан (13.10.2025). Фудбалерите тивки, концентрирани, до доза на резервираност поради значењето на натпреварот, но позитивни и сите со единствена цел: Казахстан мора да "падне" на "Градски". И така е, трите бода мора да останат во Скопје, бидејќи картите се уште стојат отворени на зелениот тепих. Директниот пласман на "Мондијалот" како првопласирани во групата се уште е во игра. ​ ​ ​ ​ ​

Моменти од тренингот на македонската фудбалска репрезентацијата пред натпреварот со Казахстан (13.10.2025). Фудбалерите тивки, концентрирани, до доза на резе...

Прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на натпреварот против Казахстан (13.10.2025)
15/10/2025

Прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на натпреварот против Казахстан (13.10.2025)

Прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на натпреварот против Казахстан (13.10.2025)

Да бидеме оптимисти, да бидеме самоуверени, да покажеме дека знаеме и дека имаме држава и фудбалска репрезентација, која...
15/10/2025

Да бидеме оптимисти, да бидеме самоуверени, да покажеме дека знаеме и дека имаме држава и фудбалска репрезентација, која може да победува. Зошто којзнае, дали некогаш во иднина ќе имаме ваква шанса, шанса да испишеме фудбалска историја со директен пласман на Светско првенство како првопласирани во квалификационата група.
​ ​ ​

Да бидеме оптимисти, да бидеме самоуверени, да покажеме дека знаеме и дека имаме држава и фудбалска репрезентација, која може да победува. Зошто којзнае, дал...

09/10/2025

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SKOK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to SKOK:

Share

Category