СамоПрашај.мк

СамоПрашај.мк Платформа на ИКС преку која одговараме прашања, истражуваме и информираме за теми од јавен интерес.

„Само прашај“ е онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку којашто одговараме на прашања од граѓаните, истражуваме и информираме за теми од јавен интерес.

Нашата платформа е препознатлива како мост меѓу граѓаните и институциите бидејќи овозможува да се пробие нетранспаретноста во која е завиткан јавниот сектор.

Преку интерактивните алатки на оваа веб-страница и социјалните меди

уми граѓаните може да постават прашања за проблемите што ги мачат и да добијат релевантни одговори од институциите и од граѓанските организации.

Истовремено, „Само прашај“ преку истражувачки новинарски стории, анализи, видео прилози, фото-приказни и интервјуа информира за важни општествени теми од јавен интерес коишто се подзаборавени од мејнстрим медиумите.

На тој начин, ја будиме свеста на македонската јавност за суштински проблеми од секојдневието коишто го нарушуваат квалитетот на живеење и бараме од надлежните акција за нивно решавање.

„Само прашај“ нуди и едукативни ресурси коишто им овозможуваат на граѓаните полесно да се снајдат во административните лавиринти и да ги разберат општествените проблеми.

На овој начин, „Само прашај“ создава активно граѓанство коешто ќе бара транспарентност и отчетност од институциите и заедно со нив, со граѓанските организации и медиумите ќе придонесат за решавање на општествените проблеми. www.samoprasaj.mk
[email protected]
https://www.instagram.com/samoprasaj/
https://www.youtube.com/channel/UCP8eGShXYuH5NKeQeCA4p9g

Кинеското влијание тивко, но моќно се вкоренува во земјите од Западен Балкан, токму во момент кога европските интеграции...
10/12/2025

Кинеското влијание тивко, но моќно се вкоренува во земјите од Западен Балкан, токму во момент кога европските интеграции тапкаат во место. Додека ЕУ одмерува рокови и услови, Кина гради врски преку инвестиции, кредити, инфраструктура и „мека моќ“, а балканските држави – гладни за развој – често го премолчуваат политичкото влијание што доаѓа во пакет.

Во овој регионален преглед ги следиме патиштата на кинеското присуство во Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина – од дипломатските тензии со Тајван, до милијардските инфраструктурни договори, спорните кредити и наметнувањето на културна и академска соработка. Што е економска можност, а што е геополитички ризик и дали Балканот, свесно или несвесно, станува поле за кинески стратешки интереси?

https://samoprasaj.mk/naacik/kina-i-zapaden-balkan-dali-juanot-ke-progovori-i-na-politicki-jazik/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Тројца сајбер-експерти од холандската консултантска компанија „Миднајт Блу“ (Midnight Blue) во јули минатата година открија пет пропусти во дигиталниот радиокомуникац...

Иако многу од старите тврдења поврзани со македонско-бугарските односи одамна се разобличени, тие и денес се враќаат во ...
05/12/2025

Иако многу од старите тврдења поврзани со македонско-бугарските односи одамна се разобличени, тие и денес се враќаат во јавноста како свежи „нови“ приказни. Токму таквите повторно активирани наративи најчесто ја разгоруваат тензијата меѓу двете земји — од сензационални медиумски објави до конструирани приказни што брзо патуваат преку социјалните мрежи. Оваа сторија ги разгледува најпознатите примери и објаснува зошто ваквите „рециклирани“ дезинформации сè уште имаат моќ да ја нарушат јавната доверба и политичката стабилност и да влијаат на актуелните односи.

https://samoprasaj.mk/naacik/bajati-narativi-go-razgoruvaat-makedonsko-bugarskiot-spor/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Понекогаш се вмешуваат политички и економски интереси, создавајќи дополнителни тензии меѓу двете држави.

Македонија се соочува со сè посилен бран од хибридни и дезинформациски закани досега, кои го разнишуваат демократскиот п...
03/12/2025

Македонија се соочува со сè посилен бран од хибридни и дезинформациски закани досега, кои го разнишуваат демократскиот процес, ја еродираат довербата во институциите и ги таргетираат најранливите граѓани. Годишната конференција на Институтот за комуникациски студии „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“ ја отвори клучната дебата: Дали државата конечно ќе изгради интегриран, координиран и професионален систем што рано препознава ризици и брзо реагира, или ќе продолжи да дејствува реактивно – дури по настанувањето на штетата? Преку обраќањата на носителите на политики, меѓународните партнери и експертите, од конференцијата се испраќа силна порака – време е за национална архитектура на отпорност, заснована на процени, капацитети, политичка волја и вклученост на целото општество.

https://samoprasaj.mk/naacik/vreme-e-izgradba-na-nacionalen-sistem-protiv-hibridni-napadi/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Анализата на сегашната состојба идентификува неколку системски слабости. Националниот пристап за справување со хибридните закани е фрагментиран, институциите ре...

Странските мрежи на влијание таргетираат клучни општествени моменти во Македонија – од референдумот за името, преку избо...
01/12/2025

Странските мрежи на влијание таргетираат клучни општествени моменти во Македонија – од референдумот за името, преку изборните процеси, до енергетската криза. Преку пропаганда и дезинформации се поттикнува страв, недоверба и поларизација, со цел слабеење на демократијата и европскиот пат. Целта на оваа едукативна содржина е да ги препознаеме механизмите на влијание, да ги разбереме нивните цели и да ја зајакнеме отпорноста кон дезинформации и странски манипулации.

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

27/11/2025

Македонија денес е јасно ориентирана кон ЕУ и НАТО, но кинеското културно и образовно присуство сè уште е видливо преку јазични курсеви, програми и партнерства. Ана Крстиновска, која е една од ретките експертки за македонск-кинеските односи, вели дека идеолошката близина од минатото веќе не е дел од релациите со Пекинг, но дека соработката продолжува во поинаква, современа форма.

Во нашата сторија, го анализираме токму овој денешен модел на односи со Кина и како тоа се одразува на културно и образовно ниво.

https://samoprasaj.mk/naacik/ideoloskite-vrski-se-minato-odnosite-megu-kina-i-makedonija-sega-se-gradat-preku-ekonomija-i-meka-mok/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Преку таблоиди, „истражувања“ без извори и преку популарни профили на социјалните мрежи, се туркаат пораки против ЕУ и Н...
24/11/2025

Преку таблоиди, „истражувања“ без извори и преку популарни профили на социјалните мрежи, се туркаат пораки против ЕУ и НАТО, се создава недоверба во институциите и скептицизам кон Запад.

Оваа визуелизација покажува како функционираат тие мрежи – кој стои зад нив, што промовираат и каков ефект оставаат.

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Трката на Кина по нови сојузници и влијание во светот не ја одминува Македонија. Денес, наместо идеолошко братство, мост...
19/11/2025

Трката на Кина по нови сојузници и влијание во светот не ја одминува Македонија. Денес, наместо идеолошко братство, мостовите меѓу двете држави се создаваат преку комбинација од културна дипломатија, академски партнерства и технолошки донации. Земјава е меѓу најизложените во регионот на кинески медиумски наративи, а интересот за кинески јазик, академски партнерства и донации постојано расте.

Само прашај анализира како Кина ја гради својата мека моќ во Македонија, од Институтот „Конфуциј“ и универзитетските партнерства, до научните проекти и растечкиот интерес за кинески јазик.

https://samoprasaj.mk/naacik/ideoloskite-vrski-se-minato-odnosite-megu-kina-i-makedonija-sega-se-gradat-preku-ekonomija-i-meka-mok/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Тројца сајбер-експерти од холандската консултантска компанија „Миднајт Блу“ (Midnight Blue) во јули минатата година открија пет пропусти во дигиталниот радиокомуникац...

17/11/2025

Лажни вести, пропаганда, ботови и тролови — ова е новото бојно поле. Во ова видео зборуваме за војната што не се води со оружје, туку со зборови, емоции и алгоритми.
Зошто сме ранливи? Затоа што ни недостига медиумска писменост, доверба во институциите и јасна стратегија за заштита од странски влијанија.
Но, не е предоцна. Отпорноста може да се изгради – преку образование, силни институции и одговорни медиуми. Ова е повик за критичко размислување, за препознавање на манипулациите и за заштита на вистината во дигиталната ера.

Повеќе на https://iks.edu.mk/novosti/vojna-od-senka-smmi/

#КористиФакти #ИКС

13/11/2025

Нема експлозии, нема фронт – но последици постојат. Хибридните напади стануваат новото лице на конфликтите во светот: од изборни сајбер-инциденти и парализирани институции, до лажни дојави за бомби и дезинформациски кампањи. Македонија не е исклучок од ова. Во ова видео правиме хронологија на хибридните напади кои изминатите неколку години предизвикаа вознемиреност во јавноста, бидејќи беа нови и досега невидени случувања. Последиците од оваа невидлива војна не се урнати згради, туку разнишана доверба во институциите и безбедност на граѓаните.

Прочитај на https://samoprasaj.mk/naacik/nevidliva-vojna-hronologija-na-hibridnite-napadi-vo-makedonija/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

10/11/2025

Во време кога социјалните мрежи се главен извор на информации, а онлајн насилството и дезинформациите се сè почести, потребата од законска регулација станува итна. Законот за дигитални услуги на Европската унија претставува модел кој треба да се примени и во Македонија, за да се заштитат граѓаните од злоупотреби, измами и прекршување на дигиталните права. Иако Владата ја прифати иницијативата за усогласување со европската регулатива, конкретни чекори сè уште нема иако токму ваквите мерки се клучни за создавање побезбедна дигитална средина.

Повеќе во нашата регионална сторија https://samoprasaj.mk/naacik/digitalna-djungla-evropa-vovede-pravila-balkanot-se-uste-bara-mehanizmi/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Законот за дигитални услуги на Европската Унија (DSA) веќе цела година важи во земјите-членки на ЕУ и носи сосема нови п...
05/11/2025

Законот за дигитални услуги на Европската Унија (DSA) веќе цела година важи во земјите-членки на ЕУ и носи сосема нови правила за тоа како треба да функционира Интернет просторот – од социјалните мрежи до платформите за е-трговија и медиумите. А во регионот се соочуваме со лажни вести за киднапирања во Црна Гора, онлајн измами и говор на омраза во Македонија и Албанија.
Како изгледа онлајн просторот без јасни правила, колку сме подготвени да го усогласиме законодавството со европските стандарди и дали регионот е подготвен за дигитална одговорност – прочитајте во новата регионална сторија.

https://samoprasaj.mk/naacik/digitalna-djungla-evropa-vovede-pravila-balkanot-se-uste-bara-mehanizmi/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Тројца сајбер-експерти од холандската консултантска компанија „Миднајт Блу“ (Midnight Blue) во јули минатата година открија пет пропусти во дигиталниот радиокомуникац...

03/11/2025

Странското мешање и манипулацијата со информации не се сведуваат само на лажни вести – тоа е дел од пошироки стратегии за влијание кои го поткопуваат општественото ткиво и довербата во институциите. Во анализата на Само прашај, експерти од граѓанскиот сектор објаснуваат како се шири ова влијание преку медиуми, социјални мрежи и координирани кампањи, но и како граѓанските организации стануваат клучна одбрана на демократскиот капацитет на општеството.

Повеќе на https://samoprasaj.mk/naacik/graganskite-organizacii-ja-gradat-otpornosta-na-opstestvoto-od-manipulacii/

#КористиФакти #СамоПрашај #ИКС

Address

Jurij Gagarin 17/1/1
Skopje
1000

Website

https://iks.edu.mk/

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СамоПрашај.мк posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to СамоПрашај.мк:

Share