Македонски Весник

Македонски Весник Не сме финансирани од американски и руски пари, без пардон критикуваме предавници власт и опозиција!

02/12/2025

Швајцарија гласаше:

28/10/2025

Што е тоа, што, тој знае, а ние не знаеме?🤔

Ако сеуште се прашувате, зошто Скопје се гуши во ѓубре:
23/10/2025

Ако сеуште се прашувате, зошто Скопје се гуши во ѓубре:

2️⃣ Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:

1. ❗️ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

2. ❗️Управниот одбор кој УПРАВУВА со КХС 4 години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).

3. ❗️ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.

4. ❗️Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.

5. ❗️Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

❌ Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:
- да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот
- да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот
- да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот
- да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот

По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон.

🚨Во прилог Законот, кој има трпение нека чита. На кој уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, или така му кажале во штаб за да се одбранат себеси или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити.

Локални избори 2025 година
20/10/2025

Локални избори 2025 година

Пукната Ф600-ка на ЈП Водовод и канализација во Влае поради краткотрајни прекини на снабдување со електрична енергија на...
06/10/2025

Пукната Ф600-ка на ЈП Водовод и канализација во Влае поради краткотрајни прекини на снабдување со електрична енергија на пумпите кај бунарите во Лепенец.

Никој не прашува зошто асфалтот на улицата е само 3см, што ќе каже на ова г-н Стефче Јакимовски?

🤷‍♂️
06/10/2025

🤷‍♂️

Извинувањето е прифатено🤭
24/09/2025

Извинувањето е прифатено🤭

❤️Мицкоски НЕСРЕЌО, јас завршувам со борбата во која ТВОЈОТ претседател на совет на Град Скопје и ТВОИТЕ советници 4 години го блокираа и урнисаа градот:
-не гласаа за нови автобуси,
-не гласаа за бесплатен превоз,
-не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето,
-не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена ТВОЈАТА СУЕТА.

Ни за вработување на НОВИ ПОЖАРНИКАРИ, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат!

‼️Ако сакаше да има одговорност, требаше ТВОИТЕ СОВЕТНИЦИ да дадат оставка, за да сега ТИ ЗАЕДНО СО НИВ не си директно одговорен за хаосот во Скопје.

💃Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си.

📚Администрација во град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе кои се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од ВАС, тоа се луѓе кои ВИЕ и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години.

🛑 И за крај, ТИ и ТВОЈАТА администрација имате одговорност затоа што
- над 60 деца без вина ви настрадаа во Кочани и ништо не превземате
- ви изгоре пола држава за да си прави некој простор за фотоволтаици
- ви изгоре отпад во Трубарево еко катастрофа пред очите на сите ТВОИ институции кои не реагираат
- убиства ви се случуваат пред очи секој ден
- убиваат жени кои ТЕБЕ и ТВОЈОТ министер Тошковски во очај ве молеле за помош

А одговорност за над 150 небезбедни нелегални дивоградби висококатници кои секој момент може да се срушат во Чаир ќе има ли? Оди скриј се и молчи!

🚒 Отпадот ќе се исчисти за една недела бидејќи ТЕБЕ ќе ти треба успешен градоначалник, фирмичките приватни ви се подготвени за акција, ама животите и здравјето на невините за кои си ТИ одговорен нема да ти ја исчистат совеста!

💄П.С Луке брзо смислувај нов постер за Мицкоски да дефокусира, глуми жртва и бега од новинарски прашања!

🎯
15/09/2025

🎯

🤡 Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира за град Скопје.

✅ Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач со ПМ и азотни оксиди многу над дозволеното, да престане да не труе со согорување 365 дена во годината?

✅ Вардариште е на општина Гази Баба.

Пред скоро 2 години, за прв пат по 60 години град Скопје во целост го исчисти делот под надлежност на јавното претпријатие Комунална Хигиена и на таа локација повеќе не се генерира отпад.

Останатиот дел од таа локација кој се протега на 60 илјади метри квадратни е надлежност на општина Гази Баба и општината има право и обврска да го одржува или оплемени просторот, со своите инспекциски служби да делува на лицата кои се обидуваат да креираат диви депонии, а надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината. Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи.

✅ Фабриката во Трубарево е надвор од ГУП и град Скопје нема никаква надлежност таму. За таму барај си го градоначалникот на Гази Баба, ама ако онака непристрасно писнеш како што треба ќе му штетиш на рејтинг. 🤣 Значи и тоа не можеш, затоа подобро и за ова да си поќутиш.

✅ Дрисла не согорува од 2022 година, кога е ставен во употреба автоклавот за стерилизирање и компримирање. За пироманите барај си го Панче Тошковски и наместо да се сликате како “џогирате” низ парк само за кампања, не ќе беше лошо за промена да му кажеш да се обиде да фати некој од сторителите.

📸 Ај сега иди пак сликај се сред некој пожар како загрижено гледаш, иако сред таква беља секој вообичаено размислува како да помогне, а не како да се слика.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонски Весник posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Македонски Весник:

Share

Македонски Весник

Македонски Весник