Orion production

Orion production FILM AND TV PRODUCTION COMPANY

"Смртта на професорот Никола Бакалски". Во "Утре наутро". Во чест на Жан Пол Мара и Жан Луј Давид. Да се биде "пријател ...
31/03/2024

"Смртта на професорот Никола Бакалски". Во "Утре наутро". Во чест на Жан Пол Мара и Жан Луј Давид. Да се биде "пријател на народот" најчесто е непријатна и секогаш крвава работа. Му благодарам на фантастичниот Горан Стојаноски кого ќе го видите во карактер кој се обожава и мрази во истото време. Голем, голем актер. Страстен.

Драги мои, ете не на покривите на Скопје. Во "Утре наутро" сме во потрага по најубавите скопски панорами. И овој пат ќе ...
24/03/2024

Драги мои, ете не на покривите на Скопје. Во "Утре наутро" сме во потрага по најубавите скопски панорами. И овој пат ќе го видите градот од висините што го земаат здивот. 23 ден снимање. Одиме понатаму.

Распродадено! Вака беше овие денови пред пет години на специјалната проекција на ``Ругање со Христос`` во Торонто во Кан...
20/03/2024

Распродадено! Вака беше овие денови пред пет години на специјалната проекција на ``Ругање со Христос`` во Торонто во Канада. Беше тоа бескрајно и назаборавно задоволство. Им благодарам на сите што го направија ова возможно.

Кога снимате филмови, забавувајте се! Ако од таа забава се роди и некаква уметност, тогаш уште подобро! Никогаш не сум с...
19/03/2024

Кога снимате филмови, забавувајте се! Ако од таа забава се роди и некаква уметност, тогаш уште подобро! Никогаш не сум се забавувал толку колку на снимањето на нашата нова приказна ``Утре наутро``. На филм забавата е задолжителна, уметноста е факултативна и необврзувачка. Денес е слободен ден. Утре е 19 ти ден завава. И се така до крај. А уште не сме ни на половина. Најзабавното допрва следува.

Филм се прави со луѓе со страст за тоа што го работат. За мене е чест и привилегија што со нас својата страст за филмот ...
25/02/2024

Филм се прави со луѓе со страст за тоа што го работат. За мене е чест и привилегија што со нас својата страст за филмот ја споделува доајенот на македонската костимографија Зорка Тодорова Младеновиќ, Дизајнер на костимите во "Утре наутро". Среќен сум и уживам што сум дел од историјата на филмот. Среќен што не престанувам да споделувам страст со најдобрите.

Она што можеш утре направи го денес! "Денес напладне", ги почнавме продукциските разработки на нашата нова филмска прика...
20/02/2024

Она што можеш утре направи го денес! "Денес напладне", ги почнавме продукциските разработки на нашата нова филмска приказна засега со наслов "Утре наутро"! Фала ви на сите што денес со нас сонувате за утре. Се гледаме наскоро на сет со првиот филм што почнува да се снима ова година.

29/04/2019

Почитувани, заради организациски и технички проблеми на нашата продукција ве известуваме дека проекцијата на нашиот филм ``Ругање со Христос`` во Охрид закажана за 30 Мај 2019 година, СЕ ОДЛОЖУВА за термин кој дополнително ќе го утврдиме.

Сите оние што купија билети онлјан или на продажните места на КУПИКАРТИЗАСЕ парите ќе им бидат вратени во следните неколку денови.

Се извинуваме на публиката заради ова одложување. Наскоро ќе ве поканиме во нов термин.

Му благодариме на Центарот за култура Григор Прличев од Охрид за разбирањето за ова исклучива одговорност на продукцијата Орион Продакшн од Скопје која е единствен овластен дистрибутер на филмот ``Ругање со Христос`` во Македонија и светот.

Орион продакшн ДОО, Скопје
29 Април 2019 Година.

Eastman Kodak Museum Rochester. Film is 35 MM. This is film story.
14/04/2019

Eastman Kodak Museum Rochester. Film is 35 MM. This is film story.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Orion production posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share