Tolle Lege

Tolle Lege Tolle Lege е христијанска иницијатива за издавање и промовирање на содржина за духовно оформување.

Потсетување!Од понеделник почнува нашиот читачки клуб.Имаме уште 2 слободни места.Доколку сакате да ни се приклучите, пр...
30/01/2026

Потсетување!

Од понеделник почнува нашиот читачки клуб.

Имаме уште 2 слободни места.
Доколку сакате да ни се приклучите, пријавете се на линкот подолу.

Драги читатели,
Со радост ви известуваме дека наскоро ќе започнеме Читачки Клуб на Толе Леге.
Ќе ја работиме нашата прва книга "Ништо нема да ми недостасува" од Далас Вилард.

Приклучете ни се и промислувајте заедно со нас низ "Книги кои ја обликуваат душата".

Првата средба ќе биде на 2ри февруари со почеток од 19:00.
(локацијата наскоро ќе биде објавена)

Бројот на учесници е ограничен а онлајн регистрацијата задолжителна.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScj3XMv6xk0bRzM_n0tOqPTra5YunKKcCd5wrY0gUn-mhmrwA/viewform?usp=publish-editor

Споделете ја оваа објава со вашите пријатели!

Драги читатели, Со радост ви известуваме дека наскоро ќе започнеме Читачки Клуб на Толе Леге. Ќе ја работиме нашата прва...
15/01/2026

Драги читатели,
Со радост ви известуваме дека наскоро ќе започнеме Читачки Клуб на Толе Леге.
Ќе ја работиме нашата прва книга "Ништо нема да ми недостасува" од Далас Вилард.

Приклучете ни се и промислувајте заедно со нас низ "Книги кои ја обликуваат душата".

Првата средба ќе биде на 2ри февруари со почеток од 19:00.
(локацијата наскоро ќе биде објавена)

Бројот на учесници е ограничен а онлајн регистрацијата задолжителна.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScj3XMv6xk0bRzM_n0tOqPTra5YunKKcCd5wrY0gUn-mhmrwA/viewform?usp=publish-editor

Споделете ја оваа објава со вашите пријатели!

24/09/2025

"Насловот на оваа книга - Ништо нема да ми недостасува - доаѓа од првиот стих во овој псалм: "Господ е пастир мој, ништо нема да ми недостасува." Стихот го опишува животот што сите ние го посакуваме - животот во кој ништо нема да ни недостасува или уште подобро, немаме потреба од ништо. Псалмистот ни го прикажува животот кој бил замислен за нас, живот кој ни е непосредно достапен. Но, верувате ли дека овој стих ја зборува вистината?"

"Ништо нема да ми недостасува", Далас Вилард, Вовед xii стр.

24/09/2025

"Зборовите од Псалм 23 спаѓаат во оние нешта што луѓето исповедаат дека ги веруваат. Многумина овој псалм го знаат наизуст, вклучително и луѓе што не веруваат во Бог. Некои го имаат научено чисто како поезија. Но, малкумина се оние што лично ја искусиле реалноста што псалмистот ја опишува толку живописно."

"Ништо нема да ми недостасува" Далас Вилард, Вовед хii стр.

23/09/2025

"Една од најголемите потреби на денешницата е луѓето *вистински* да ги разберат и да ги веруваат работите што исповедаат дека ги разбираат и веруваат.
Да се поседува знаење за работите - капацитет да се препознаат и искажат со зборови - не значи нужно дека и ги веруваме. Кога вистински веруваме во она што го исповедаме, подготвени сме да дејствуваме како тоа да е вистина. И обратно, кога постапуваме како нешто да е вистина, тоа значи дека и живееме како да е вистина."

"Ништо нема да ми недостасува", Далас Вилард, Вовед xi стр.

Со ептен голема радост ви најавуваме дека нашата прва книга е конечно достапна!Излезе од печат 'Ништо нема да ми недоста...
21/09/2025

Со ептен голема радост ви најавуваме дека нашата прва книга е конечно достапна!
Излезе од печат 'Ништо нема да ми недостасува' од Далас Вилард!

За сега можете да ја нарачате во инбокс.
Книгата чини 450 денари.

21/09/2025

Вечер ќе споделиме со вас едни многу убави новости. :)

Вчера ве прашавме дали знаете што значи "Толе леге" Денеска ќе ви го дадеме одговорот за значењето но и приказната како ...
04/09/2025

Вчера ве прашавме дали знаете што значи "Толе леге"

Денеска ќе ви го дадеме одговорот за значењето но и приказната како го избравме ова име за нашата иницијатива.

Св. Августин, еден од најголемите умови што некогаш живееле, во својата книга "Исповеди" раскажува за моментот на предавање на неговиот живот на Христос. Тој долго време бил жесток противник на Христијанството и дел од Манихејската секта.
Со својот брилијантен ум, тој ги побивал и исмевал христијаните.
Августин бил добро запознаен со писмото и со аргументите на христијаните, но ништо од тоа не го убедило дека Христос е Патот.

Но, иако однадвор изгледал сигурно и стабилно, тој во себе чуствувал дека се наоѓа во духовен гнилеж.
Еден ден размислувајќи за својата очајна состојба, тој слуша глас кој како песна ги повторува зборовите "Земи и читај, Земи и читај" (Tolle Lege, Tolle Lege) Зачудено се запрашувал од каде доаѓа овој детски (или ангелски?) глас, решава да ја отвори Книгата и чита краток дел од писмото на Апостол Павле до Римјаните.

Еве краток извадок од неговата книга:

„Бев во таа состојба на силно внатрешно вознемирување, кога Ти, Господи, тајно ме влечеше кон Себе. Јас се колебав дали да се предадам целосно на Тебе, или уште да одолговлекувам...

Седнав под една смоква и почнав да ридам со најгорки солзи, извикнувајќи:
‘До кога, Господи? До кога ќе велам утре, утре? Зошто не сега? Зошто да не ставам крај на мојата нечистотија уште овој час?’

И зборувајќи така, плачев со душевна болка и скрушено срце. И тогаш, ете, од соседната куќа слушнав глас – глас на момче или девојче, не знам – кој непрестајно повторуваше, како во игра или песна:
‘Земи и читај, земи и читај!’ (tolle, lege; tolle, lege).

Веднаш престанав да плачам, и почнав сериозно да размислувам: дали тоа е божествена заповед, да ја отворам Светата книга и да го прочитам она што прво ќе ми падне пред очи?

Трчав назад таму каде што беше оставено посланието на апостол Павле, ја зедов книгата, ја отворив и првото што ми падна пред очите беше ова:
„Да живееме чесно, како во ден, не во гозби и пијанства, не во блуд и распуштеност, не во кавги и зависти; туку облечете се во Господ Исус Христос, и не грижете се за телото за да ги задоволувате неговите похоти.“ (Римјаните 13:13–14)

Не посакав да читам понатаму, ниту ми требаше. Зашто, веднаш по крајот на тие зборови, како светлина на сигурност што навлезе во моето срце, целата темнина на сомнежите исчезна."

Нашата надеж е дека оваа иницијатива ќе биде еден таков поттик и охрабрување и за вас. Дека ќе бидеме еден таков глас кој ќе ве поттикнува да "земете и читате". И дека токму тие моменти на отвореност кон Бог ке станат ваши значајни средби кои ќе донесат светлина во вашиот живот и сигурност во вашите срца.

03/09/2025

Дали знаете што значи Толе леге? :)

Најпрво да ви се преставиме. Пред повеќе од една година, тројца пријатели, чии патешествија беа испреплетени со една сли...
02/09/2025

Најпрво да ви се преставиме.

Пред повеќе од една година, тројца пријатели, чии патешествија беа испреплетени со една слична нишка,
започнаа со реализацијата на една долгогодишна идеја. Идејата носи име - „Толе леге“.
Главниот дел од оваа идеја беше да видиме посолидна содржина на тема „Учеништво“.
Особено со акцент на самиот процес на промена што се случува во нас додека го следиме Христос.
Еден од термините што го опишуваат овој процес е „Духовно оформување“.

Па, така, „Толе леге“ е иницијатива која се занимава со издавање и промовирање христијанска литература на тема, „Учеништво и духовно оформување“.

Ваквата литература нам многу ни помага во нашите животи и токму тоа беше главниот мотив да почнеме да преведуваме ваква содржина на македонски јазик за да биде достапна и од помош и вам, читатели, кои сакате да го следите Христос. Се надеваме дека преку нашите книги, матријали и содржини ќе добиете дополнителна помош во тој процес на вашата духовна трансформација за вие и тие околу вас уште повеќе да го вкусувате плодот од ваквиот живот кој Тој им го вети на оние што го следат - живот во полнота.

Нашиот прв избор за ваква литература беше книга од автор кој на сите тројца ни е од огромна помош во нашиот духовен живот.
Па, со огромна радост и возбуда ви најавуваме дека тимот на „Толе Леге“ конечно ја доведе до финална фаза книгата на која изминатава година тивко работеше.
Таа книга е „Ништо нема да ми недостасува“ од Далас Вилард.

Наскоро ќе споделиме повеќе детали за книгата, нејзината достапност и есенската промоција.
Во меѓувреме, следете нѐ за повеќе информации и споделете ја оваа новост со вашите пријатели. 🙂

Поздрав од тимот на „Толе леге“,

Кристијан, Гоце и Џон.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38975408114

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Tolle Lege posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Tolle Lege:

Share

Category