
11/12/2024
📢📢Кампањата ЗАЕДНО СТАВАМЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈКИ се движи низ неколку општини во државата 📢📢
Денес во соработка со Romska asocijacija za ednakvi prava Rota - Stip како наши соработници и членка на неформалната Мрежа за женски ромски права, спроведена е јавна средба во 📍Општина Штип.
На средбата претставници од неколку институции од Штип: Kомсијата за еднакви можности при Општина Штип, ЈУМ Центар за социјална работа-Штип, Народен правобранител подрачна канцеларија Штип и претставници од Здравствениот дом, на присутните ги претставија своите институции и надлежности од доменот на своето работење, воедно беа презентирале правата и начините за пријавување, поддршка и заштита од семејно и родово базирано насилство.
Жртви на семејно и родово базирано насилство имаат право на бесплатно советување, упатување, згрижување доколку има потреба, бесплатна правна помош, социјална и психолошка помош и поддршка, бесплатни медицински преглед. Секоја услуга и поддршка треба да ја добијат со соодветен пристап, со недискриминаторско и должно внимание.
На настанот се истакна и потребата од поголема заложба и издвојување финансиски средства за пружање адекватна и сеопфатна поддршка на жени жртви на семејно насилство, како и ефективен систем за реинтеграција во кој сите институции вклучително и приватниот сектор ќе имаат меѓусебна соработка. Воедно, потребни се почести јавни настани помеѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор, континуирани кампањи за подигнување на свест и сензитивност, ширење информации и едукација.
#заедноставамекрајнанасилствотоврзжениидевојки #НемаОправдување