media24.mk

media24.mk Internet Marketing, WP, Video, disign, PrivateBlog, www, Network, Adobe disign,Digital News.

16/12/2025

Сите сакаме чист воздух за нас и генерациите по нас!
Затоа, ајде сите заедно да се вклучиме во подигањето на јавната свест за здрава и чиста животна средина!

Општина Струмица веќе го прави тоа, да ја поддржиме и да се вклучиме во едукативните активности и кампањи.

Заедно, можеме СЕ!

Во просториите на Музеј и завод за заштита на спомениците од културата – Струмица, успешно ја реализиравме стручната пос...
16/12/2025

Во просториите на Музеј и завод за заштита на спомениците од културата – Струмица, успешно ја реализиравме стручната посета и практичната настава со студентите кои го слушаат предметот „Заштита и реставрација 3“ при Факултетот за ликовни уметности – Скопје (УКИМ), предводени од доц. м-р Марија Сотировска Богдановска.

Оваа посета ја организиравме како дел од практичниот сегмент на проектот за конзервација и реставрација на фрагментиран живопис од локалитетот Мал Кајаси, с. Банско. Заедно со студентите поминавме низ теоретските основи, а потоа и низ конкретните работни процеси и постапки што ги применуваме при заштита и третман на ваков тип културно наследство.

Теоретскиот и практичниот дел го презентираше д-р Душко Цветанов, виш кустос-археолог, и Томе Филов, виш конзерватор-реставратор. Преку стручни објаснувања, демонстрации и практични примери, ги претставивме клучните фази на конзерваторско-реставраторската работа и им овозможивме на студентите директен увид во методологијата и секојдневната практика.

Им упатуваме искрена благодарност на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на доц. м-р Марија Сотировска Богдановска и на студентите за посетата, интересот и активното учество. Веруваме дека ваквите стручни средби и соработки ќе продолжат и во иднина, во насока на едукација, размена на знаења и унапредување на практиките за заштита на културното наследство.

Имав чест за првпат да присуствувам на Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион откако ја презедов ф...
20/11/2025

Имав чест за првпат да присуствувам на Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион откако ја презедов функцијата градоначалник на Општина Струмица.

Заедно со останатите градоначалници на општини во регионот, директорот и претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на оваа седница бев избран за претседател на Советот со мандат од една година.

Преземајќи ја улогата Претседател на советот, сакам да се заблагодарам на довербата на своите колеги градоначалници и верувам дека како и досега така и во периодот кој следи ќе работиме на регионални проекти за подобар и поквалитетен живот и во руралните средини и во градските средини.

18/11/2025

Пратенички прашања во Собранието – премиерот и министрите два часа ќе им одговараат на опозиционерите
ноември 18, 2025 07:50

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници.

#СобаниеРепубликаМакедонија

16/11/2025
14/11/2025

Ивана Ѓорѓиевска од Движењето „ЗНАМ“, која беше носителка на листата, денеска е реизбрана за претседателка на Советот на Општина Куманово.   

12/11/2025

Address

Јанко Цветинов бр. 28
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when media24.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to media24.mk:

Share