News 24

News 24 Струмички ,портал за навремено информирање за работат?

Вести за Македонија,Струмица и струмичко ,занимливости,технологии,практични совети,креативни работи,музика,филм

21/08/2025
17/08/2025
15/08/2025

Денеска околу 16 часот и 30 минути со пиштол е ограбена филијала на брз кредит во Градскиот трговски центар во Скопје, дознава Инфомакс. Според нашите информации се р....

14/08/2025

СТРУМИЦА НА ИДНИНАТА - СО ДУША ОД ТРАДИЦИЈАТА

Нашата прекрасна Струмица е како жив организам – со своја историја, енергија и многу способни луѓе кои секојдневно ја обликуваат. Сепак, верувам дека Струмица може да биде многу повеќе од тоа што е денес. Затоа што Струмица има многу кадар. Затоа што многумина веќе покажуват способност, а други треба допрва да добијат можност. И особено затоа што мора да се искористи поддршката од Влада која е силно заинтересирана за прогрес. Можеме да изградиме општина во која младите остануваат, семејствата просперираат, стопанството работи, а природата е заштитена.

Реалноста, мора да се признае е поинаква.
Премногу време се троши на ветувања кои не се исполнуваат, а премалку на дела кои го менуваат секојдневието на луѓето. Наместо визија, гледаме импровизација. Наместо развој, гледаме застој.

Потребни ни се луѓе кои обединуват, луѓе кои се двигатели во работата и гледат позитивно на иднината.
Струмицa со иднина мора да значи дека: сме обезбедиле чиста и безбедна вода за сите, дека сме ја изградиле како зелена со паркови и чист воздух, сме ја претвориле во центар на култура и туризам, сме вовеле дигитални услуги и поддршка за младите и бизнисите.
Да изградиме град со срце за сите – без исклучок.

Најпрвин водата - таа е изворот на животот.
Во 21 век, никој не треба да се соочува со проблеми со водоснабдување или нефункционални канализациони системи. Водата мора да биде безбедна, достапна и за домаќинствата и за земјоделците.

Понатаму, зелените површини.
Секој квадратен метар зеленило е инвестиција во здравјето на граѓаните. Потребни ни се одржувани и нови паркови и рекреативни зони. Да се погрижиме сите воздухот да биде чист, а јавните простори уредени и безбедни. Да не дозволиме бетонизацијата да ја уништи нашата природа.

Културата да биде двигател на туризмот.
Струмичката 7.000 годишна историја, познатиот карневал, вкусните хранливи продукти, старите градби и нашата историја се нашата гордост. Но, тие се и нашата можност да привлечеме туристи, да отвориме нови работни места и да ја претвориме Струмица во центар на културниот туризам во регионот.

Дигитална и модерна Струмица.
Сите услуги треба да ни бидат достапни од телефон или компјутер. Електронски системи за аплицирање и плаќање, бесплатен Wi-Fi во јавни простори и поддршка за стартапи и ИТ компании. Струмица да чекори со светот.

Струмица со срце за сите.
Ниту еден граѓанин не смее да биде заборавен. Потребна е социјална поддршка за стари лица, лица со попреченост и семејства во ризик. Сите да се вклучиме во работата на локални здруженија за да изградиме заедница каде што секој има своја вредност и место.

Редица од вакви размислувања ја комплетират нашата визија и, тие стануват наша обврска. Верувам дека заедно, со љубов кон нашата заедница и со почит кон традицијата, можеме да изградиме Струмица на иднината со душа од традицијата.
Време е да ја преземеме одговорноста и да кажеме:
Потребна ни е промена – СЕГА.
Не утре, не во некоја иднина која никогаш не доаѓа. Сега е моментот да застанеме како заедница и да избереме нов правец.
Сега е време е на промени !

09/08/2025

Д-р Никола Маџунков, советник во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Локалното владеење на СДС во Струмица е како ветер и магла, и набргу ќе биде з....

27/07/2025
21/07/2025

Ипард - до 1.500.000 евра неповратен грант за прехранбено производство ИПАРД преку својата мерка 3 дава поддршка од 50-60% неповратен грант за Инвестиции во основни средст...

20/07/2025

Тоа е тишината која „гласно одекнува“ во празниот интелектуален – академски простор во Македонија. Без намера да употребувам клишеа на фрази како „молкот кој го....

Address

Strumica

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when News 24 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Our Story

Вести за Струмица,Македонија,занимливости,технологии,практични совети,креативни работи,музика,филм