Чудна шума

  • Home
  • Чудна шума

Чудна шума Издавачка куќа, кафе-книжарница, галерија, уметничко принт студио, место за читање, талкање, сонување

„Чудна шума“ е издавачка куќа, кафе-книжарница, галерија, уметничко принт студио, место за читање, талкање, сонување
Издавачката куќа е фокусирана претежно на книжевност за деца и млади, но и за возрасни.
Во нашата кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“ можете да најдете:
1. Изданија за деца, млади и возрасни од речиси сите издавачки куќи.
2. Уметнички материјали: хартии, блокови, тефтери, но

стеси за скицирање и акварел од реномираниот германски бренд Hahnemühle, како и секаков вид на моливи и бои за суви и водени техники од различни брендови
3. Принт студио „Чудна шума арт“ за печатење на висококвалитетни уметнички дела: фотографии, графики, репродукции, на различни видови висококвалитетна дигитална уметничка хартија на брендот Hahnemühle
4. Мини-галерија на фотографии и репродукции од домашни уметници
5. Рачно изработени предмети од домашни уметници и занаетчии: уникатни рачно изработени кукли од природни материјали, накит, приврзоци, брошеви и други уметнички предмети
6. Друштвени игри за деца и возрасни, сложувалки, карти за играње...
7. Играчки за деца
8. Училишен прибор и канцелариски материјали
9. Честитки за секоја пригода
10. Кафе и кафе за носење од брендот Lavazza (затоа што кафе и книга е совршен пар :))
Покрај тоа, „Чудна шума“ е и првото бесплатно е-списание за деца, достапно целосно на веб страницата https://espisanie-cudnasuma.com : песни, раскази и бесплатни е-сликовници од реномирани македонски писатели, илустрирани од македонски илустратори и ликовни уметници.

Каталог на изданија: https://issuu.com/chudnasuma/docs/katalog_saem_maj_2023_small

Промоција на книгите „За младоста“ и „Пушти ме“ и разговор со преведувачката Искра Бадева, 17 декември, среда, 19 часот,...
11/12/2025

Промоција на книгите „За младоста“ и „Пушти ме“ и разговор со преведувачката Искра Бадева, 17 декември, среда, 19 часот, галерија „Чудна шума“
Разговорот со преведувачката на овие две одлични норвешки книги за млади, Искра Бадева, ќе го води Сребра Ѓорѓијевска, а ќе се читаат и извадоци од двете дела.
Во соработка со .mk
Проектот „Млади европски приказни” е кофинансиран од програмата „Креативна Европа” на Европската Унија
#младиевропскиприказни

11/12/2025

Изданијата на „Чудна шума” на новогодишниот базар на книги во Skopje City Mall

11/12/2025

📚🎀Ја загреваме новогодишната атмосфера со нашиот традиционален Предновогодишен базар на книги во Skopje City Mall.

🕋 Четири дена нашите издавачи ќе бидат на приземје во молот.

🎁 Четири дена ќе имате можност за препораки за најдобрите подароци во форма на книги за Нова година.

И четирите дена ќе ги претвориме во вистински празник на сите љубители на книгата 🙂

Се гледаме!

Издавачки центар ТРИ Култура - Во светот на книгите Мартина - издавачка куќа Библиски центар „Божилак“ Полица Бата прес АНТОЛОГ - Книжевен центар Сказнувалка Чудна шума ЧИТАЈ КНИГА Издавачка куќа Светулка Eduka Mak Publisher ТОПЕР Сакам Книги

11/12/2025

Катрине Недрејурд е норвешка писателка, чиј роман за млади „Пушти ме“ го читав неодамна. Станува збор за современа приказна во која главен лик е младата Ана, која г...

Производ на месецот и идеален подарок за уметниците: The Hahnemühle Watercolour Book Deckle Edge од 100% памук – со груб...
10/12/2025

Производ на месецот и идеален подарок за уметниците: The Hahnemühle Watercolour Book Deckle Edge од 100% памук – со груби, рачно искинати ивици, со фина зрнеста структура и природна бела боја на хартијата, се исклучително издржливи и овозможуваат да ѝ се препуштите на креативноста, создавајќи впечатливи уметнички дела со вибрантни бои. Ладно пресуваната хартија со уникатна структура е идеална и за широки потези со четка, како и за сликање на детали.
Карактеристики:
250 грамска хартија
100% памук
Природна бела боја
Без киселини

10/12/2025

„За младоста” од Лин Скобер и илустрации на Лиса Аисато, превод од норвешки на Искра Бадева.
#младиевропскиприказни

09/12/2025

„Ех, да имавме вакви книги кога бевме ние тинејџери“ – коментиравме пред некое време со еден пријател, откако по моја препорака ја прочита книгата „За младоста“ ....

09/12/2025

„Овде, во близина, живее едно девојче“ од Ида Млакар Чрнич, илустрации: Петер Шкерл, превод од словенечки: Дарко Спасов
Овде, во близина, живее едно девојче кое никој не го познава.
Никој не ја кани на гости.
Нема пријатели. Дури ни своја соба нема.
Исто како и ти, и таа сака близина.
Во исто училиште одите. Седи до тебе. Во соседната клупа.
Сакаш да ја запознаеш? Во себе чува чудесно богатство… Својата ѕуница.

Текстот на Ида Млакар Чрнич е краток, но има разорна моќ. Допира длабоко и ги урива ѕидовите на предрасудите и омразата.
#младиевропскиприказни

Ново во „Чудна шума”: „Војна” сликовница/ графичка новела за деца и возрасни од Жозе Жорж Летрија и Андре Летрија, во пр...
08/12/2025

Ново во „Чудна шума”: „Војна” сликовница/ графичка новела за деца и возрасни од Жозе Жорж Летрија и Андре Летрија, во превод од португалски на Весела Моловска.
Наградувана, извонредно илустрирана, освестувачка приказна за војната.
Добитник на престижните награди Nami Concours и Boston Globe-Horn Book Honor Book, оваа забележителна книга со впечатливи, често надреалистички илустрации и малку зборови, но исклучително силни, ги открива многуте лица на војната: од каде доаѓа, како незабележливо ни се приближува и како уништува сè што ќе ѝ се најде на патот.
Оваа моќна и смела книга е одлично четиво за родителите и наставниците за олеснување на тешките, но неопходни разговори со децата – за војните што и натаму се водат ширум светот, но таа е и книга/сликовница за возрасни. За љубителите на графичките романи со малку текст, но силен, поетичен, книжевен…
Како што вели Дебора Елис, авторка на серијалот Breadwinner:
„Ако децата се доволно издржливи за да бидат бомбардирани и изгладнети, тогаш се доволно издржливи и да читаат за тоа.“

08/12/2025

✨🎀📖📚 Предновогодишен базар на книги во „Скопје Сити Мол“ ✨🎀📖📚

Во најмагичниот месец од годината, „Скопје Сити Мол“ во соработка со Македонската асоцијација на издавачи го организира традиционалниот Предновогодишен базар на книги – празник за сите љубители на книгата.
Од 11 до 14 декември, празничната атмосфера на молот ќе ја збогатуваат и македонските издавачи, кои ќе ги претстават своите прекрасни изданија – совршени новогодишни подароци за драгите луѓе во вашиот живот.
Најновите книги популарни во светот преведени на македонски, класичната литература во нови изданија со одлични корици, актуелни дела од домашни автори, топли љубовни приказни, возбудливи трилери, инспиративна популарна психологија, волшебни детски книги и пакетчиња со книги… сето тоа ќе можете да го најдете на приземје во „Скопје Сити Мол“, по празнично намалени цени и до 70%.
На Предовогодишниот базар на книги ќе учествуваат: „Топер“, „Култура“, „Сакам книги“, „Полица“, „Три“, „Божилак“, „Чудна шума“, „Мартина“, „Едука мак“, „Бата прес“, „Божилак“, „Сказнувалка“ и „Светулка“.

07/12/2025

„Мојата бабичка не знае која сум” од Ива Безиновиќ–Хејдон и Хана Тинтор, превод од хрватски на Калиопа Петрушевска
Разговорот за болеста и смртта секогаш е тежок и мачен. Кусата приказна „Мојата бабичка не знае која сум“, низ описот на нежниот однос меѓу девојчето Ема и баба ѝ Зринка, која наеднаш почнува да ги заборава случките и луѓето, им ја приближува на децата темата за стареењето и за смртноста, како и идејата за сеќавањето и за вечната љубов.
#младиевропскиприказни

Address

Kosturski Heroi 19/1/11

1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 20:00
Tuesday 10:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 20:00
Friday 10:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 17:00

Telephone

+38971214769

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Чудна шума posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Чудна шума:

  • Want your business to be the top-listed Media Company?

Share

Чудна шума - интернет страница

Драги љубители на квалитетна книжевност, посетете ја нашата интернет страница www.cudnasuma.com.

Дознајте повеќе за нашите изданија за деца:


  • SВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД
  • 2. АЗБУКВАРКА