ТРИбина

ТРИбина Книгите зборуваат

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИВо деновите кога ги славиме светлината, растот и обновувањето, ги славиме и никулците на наши...
20/04/2025

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ

Во деновите кога ги славиме светлината, растот и обновувањето, ги славиме и никулците на нашите идеи и трудот со кој ги подобруваме вештините. Токму тие се доказ дека се стремиме кон подобро – за нас, за другите луѓе и за светот.

Како и секоја нова идеја или вештина, успехот се постигнува со трпение, упорност и грижа. Продолжете да учите, продолжете да создавате и гледајте како вашиот потенцијал расцветува.

МОТИВАЦИЈА КАКО ОД ШЕГАНов ден, нов месец, нова мотивација. А кога месецот почнува со Денот на шегата, тогаш најди инспи...
01/04/2025

МОТИВАЦИЈА КАКО ОД ШЕГА

Нов ден, нов месец, нова мотивација. А кога месецот почнува со Денот на шегата, тогаш најди инспирација и мотивација како од шега.

Денеска е одличен ден да се потсетиме дека комичната перспектива дури и на најсериозните фактори може да донесе свежина и инспирација за подобро.

Насмевни се – и почни подобро!

НИЗ ТАЈНИТЕ НА УСПЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈАТРИбината посветена на комуникациските принципи на Дејл Карнеги нè потсети на едно ...
27/02/2025

НИЗ ТАЈНИТЕ НА УСПЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

ТРИбината посветена на комуникациските принципи на Дејл Карнеги нè потсети на едно од најважните и основни правила – секогаш бидете свои!

Најпрвин, ова правило применувајте го во интерперсоналната комуникација со самите себеси! Со јасен фокус врз темата која сакаме да ја искомуницираме, стануваме совршен говорник кој предизвикува позитивни реакции од слушателите и создава искри на инспирација.

Настанот што ни ја откри трансформативната моќ на концизната комуникација ни отклучи безброј можности за успех!

Ви благодариме што бевте дел од оваа ТРИбина – бевте одлични слушатели и одлични комуникатори. Се гледаме повторно!

ПОДГОТВЕН/A ЗА НОВАТА ТРИбина?Пред претстојната Трибина за комуникација, запомни – малите, неврзани разговори не се безн...
24/02/2025

ПОДГОТВЕН/A ЗА НОВАТА ТРИбина?

Пред претстојната Трибина за комуникација, запомни – малите, неврзани разговори не се безначајни. Лежерниот лаф-муабет може да ги зближи луѓето и да стане основа за трајни релации.

Послушај го овој совет и побрзај на новата Трибина! Принципите на Дејл Карнеги ќе ти отворат цел нов свет полн со можности – https://shorturl.at/CLADW

Кои се најважните комуникациски вештини за успех во денешниот свет, кои се најчестите комуникациски замки на професионал...
22/02/2025

Кои се најважните комуникациски вештини за успех во денешниот свет, кои се најчестите комуникациски замки на професионалците и кои се трите основни начела за концизна комуникација кон кои сите треба да се придржуваме?

Овие се дел од одговорите кои ги добивме од докажаниот комуникациски консултант Борче Николовски, кој е ментор на претстојната ТРИбина според принципите на Дејл Карнеги, пионер во областа на самонапредувањето и меѓучовечките односи.

Прочитај го интервјуто со Николовски и подготви се за ТРИбината која ги открива формулите на комуникацијата како пат до успехот – https://shorturl.at/GVgkD

​Кои се најважните комуникациски вештини за успех во денешниот свет, кои се најчестите комуникациски замки на професионалците и кои се трите основни начела за кон...

УШТЕ НЕКОЛКУ СЛОБОДНИ МЕСТА!На 25 февруари придружи ни се во откривање на формулите на концизната комуникација која ги о...
18/02/2025

УШТЕ НЕКОЛКУ СЛОБОДНИ МЕСТА!

На 25 февруари придружи ни се во откривање на формулите на концизната комуникација која ги отвора вратите на успехот.

Стани вешт комуникатор – Трибина по принципите на Дејл Карнеги

КОЈА Е ЦЕЛНАТА ПУБЛИКА НА ТРИбината ЗА КОМУНИКАЦИЈА?Засилен лидерски потенцијал, издржани стратегии за продажба, трајни ...
15/02/2025

КОЈА Е ЦЕЛНАТА ПУБЛИКА НА ТРИбината ЗА КОМУНИКАЦИЈА?

Засилен лидерски потенцијал, издржани стратегии за продажба, трајни професионални односи... Овие се само дел од придобивките од изучување на принципите за комуникација на Дејл Карнеги!

Најновата Трибина има повеќе целни групи, кои имаат иста цел: да го отклучат својот комуникациски потенцијал. Придружете ни се и трансформирајте го начинот на кој се поврзувате со другите. Без разлика дали сте претприемач, искусен професионалец или студент, ова е одлична можност да ја совладате уметноста на влијателната комуникација.

Не пропуштајте ја оваа шанса да стекнете конкурентска предност во денешниот брзо променлив свет. Бројот на места е ограничен, резервирајте уште денес – https://shorturl.at/dSNK4

ПРИНЦИПИТЕ НА КАРНЕГИ И НИВНИОТ ДОКАЖАН УСПЕХОсвојување нови хоризонти, иновативност и брз напредок... Сето ова е достиж...
13/02/2025

ПРИНЦИПИТЕ НА КАРНЕГИ И НИВНИОТ ДОКАЖАН УСПЕХ

Освојување нови хоризонти, иновативност и брз напредок... Сето ова е достижно ако ја користиме моќта на комуникацијата.

Триковите за концизна комуникација и (професионално) напредување застапени во принципите на Дејл Карнеги, се потврдени од многу исклучителни луѓе. Дојди на најновата ТРИбина, откриј ги тајните на успешната комуникација и освој ја твојата замислена цел – https://shorturl.at/iEuNR

ПРИНЦИПИ НА КОМУНИКАЦИЈА СПОРЕД ДЕЈЛ КАРНЕГИСпоред познатиот автор и подучувач Дејл Карнеги, комуникацијата е пат до усп...
11/02/2025

ПРИНЦИПИ НА КОМУНИКАЦИЈА СПОРЕД ДЕЈЛ КАРНЕГИ

Според познатиот автор и подучувач Дејл Карнеги, комуникацијата е пат до успехот. Карнеги смета дека луѓето нѐ проценуваат и одредуваат според четири начини на контактирање: што правиме, како изгледаме, што зборуваме и како го кажуваме тоа.

Но понекогаш впечатоците мамат, а малото невнимание може да ни натовари негативни карактерни црти кои во суштина не ги поседуваме. Избегнете ги стереотипните замки и водете се по принципите за успешна комуникација, дојдете на претстојната ТРИбина – https://shorturl.at/jo2ys

Стани вешт комуникатор – ТРИбина по принципите на Дејл КарнегиСакаш да ги подобриш своите комуникациски вештини и да ги ...
10/02/2025

Стани вешт комуникатор – ТРИбина по принципите на Дејл Карнеги

Сакаш да ги подобриш своите комуникациски вештини и да ги освојуваш соговорниците и околината со уметноста на убедувањето?

На 25 февруари во „Паблик рум“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи ТРИбина за комуникациски вештини по принципите на Дејл Карнеги, а под менторство на маркетинг консултантот Борче Николовски.

Влезницата чини 500 денари и во цената е вклучена и косумација, како и пригодни подароци. Местата се ограничени.

Билети и резервации: https://shorturl.at/fp9Q5

Следи нѐ кон нови ТРИбини...
06/02/2025

Следи нѐ кон нови ТРИбини...

КОЈ Е РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈАЗа да оствариш успешна комуникација со твојата (не)посредна околина и да бидеш сме...
04/02/2025

КОЈ Е РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА

За да оствариш успешна комуникација со твојата (не)посредна околина и да бидеш сметан за добар комуникатор, најпрво мора да ја стекнеш довербата на луѓето. „Комуникацијата како пат до успехот“ од Дејл Карнеги е неодминливо дело за сите кои сакаат да ја совладаат комуникацијата како нова вештина. Притоа мора да внимаваш на говорот на телото и да зборуваш живо и интересно – зашто не сакаш твојот соговорник да заспие.

Внимавај на пристрасноста и имај дипломатски пристап. Подготви се и учествувај на следната ТРИбина за комуникација. Наскоро!

Address

Skopje

Telephone

+38923245622

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ТРИбина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ТРИбина:

Share

Category