Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ

  • Home
  • Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ

Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември,  Денот на независноста на Република Македонија.На овој историск...
08/09/2025

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

На овој историски ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава.

Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста.

Но, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.

Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните.

Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме обединети со заеднички поглед кон иднината.

Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!

05/09/2025

🎥 Прес-конференција Љупчо Пренџов / Ljupco Prendjov

Во интереси на јавноста и на медиумите, сакам уште еднаш да апострофирам дека после нашиот повик за итна на седница на Комисијата за надзор на за работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“.

Второ, актуелниот претседател на Комисијата, г. Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш после мене имаше прес конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде прв пат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, која што ја водеше, друг пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска.

И затоа не ја разбирам оваа денешна прес конференција. Она кое што е императив, наш императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ. Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цело се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало.

Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес, бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали кај има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ.

03/09/2025

🎥 Прес-конференција Љупчо Пренџов / Ljupco Prendjov

Како членови на комисијата за надзор над АНБ и АР, јавно упатуваме повик до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Скендер Реџепи од европскиот фронт ДУИ, да закаже итна седница на комисијата.

Целта е, на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани.

Овие случувања веќе предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата.

Граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за тоа никогаш да не се повтори.

Остануваме доследни во посветеноста кон вистината, владеењето на правото и заштитата на интересите на сите граѓани.

03/09/2025
02/09/2025

🕐 13:00 - 02.09 вторник
ℹ️ Прес-конференција за медиуми ќе одржи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова

Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за слободна Македонија. Тоа е ден ко...
02/08/2025

Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за слободна Македонија. Тоа е ден кога се преклопуваат идеалите на сите генерации кои сонуваа за држава своја, слободна и праведна.

Илинден е и Крушевската Републикa, замислена како дом на сите луѓе, без разлика на вера и народност. Илинден е и АСНОМ, темелот на современата македонска држава, каде што повторно се повтори истиот идеал: Слободна Македонија, за македонскиот народ и за сите нејзини граѓани.

Денес, на нас е да ја чуваме слободата, да ја унапредуваме демократијата, да ја развиваме државата. И тоа во услови кога има многу предизвици, негаторски политики и разлилни пропаганди.

Илинден е и ден на обединување.Тоа е ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината.

Нашата мисија е јасна, Македонија мора да победи. Да ја вратиме правдата, да го зачуваме идентитетот, да ја изградиме државата која ќе биде дом на достоинството и просперитетот. Илинден е најголемата вистина која живее, епопејата на народот за слобода и своја држава.

Честит Илинден!

Да живее Македонија!

29/07/2025

Без оглед на суштинските и сериозни разлики што постојат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичката партија Левица – особено во однос на нивниот политички курс и соработката со СДС – нашата заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста, доследна и недвосмислена.

Таа борба не смее да зависи од политичките калкулации или од моменталните партнери во опозицијата или власта.

Таа борба треба да биде водена од принципи и убедувања – дека државата мора конечно да добие функционален, независен и храбар обвинителски систем, кој нема да молчи пред очигледен криминал, кој нема да трепери пред политички притисок, и кој нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата.

Институциите, во соработка со обвинителството со години молчеа пред огромните скандали, голем дел предизвикани од врвот на СДС и ДУИ, што ѝ се добро познати на јавноста.

Тие случаи не се и не смеат да бидат заборавени – туку тие се и денес отворена рана на ова општество.

А јавното обвинителство остана рамнодушно и пасивно пред тие извори на неправда.
Токму затоа сметаме дека дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена.
Поддршката што тој ја доби не ја оправда.

Наместо реформа и интегритет – добивме молк и сервилност кон власта што беше поразена од народот.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата, во интерес на принципите, граѓаните и правдата.

Нема веќе простор за компромиси со неуспехот.

Време е за одговорност.

29/07/2025

🕙 10:45 - 29.07 вторник
ℹ️ Прес-конференција за медиуми ќе одржи пратеникот и координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски

24/07/2025

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ:

  • Want your business to be the top-listed Media Company?

Share