Radio Valandovo 91.6 fm

Radio Valandovo 91.6 fm Радио Валандово емитува од 1 мај 1963 година.Фреквенција

https://radiovalandovo.mk

Радио Валандово емитува од 1 мај 1963 година.Фреквенција - 91.6 MHz
Валандово 2460, улица 6-ти ноември 41

15/12/2025

🎬 Дневната кино-претстава во Валандово помина во знакот на детската радост.

🎬Дечињата го наполнија киното, а филмот "Биби и Боби" привлече големо внимание. Се пееше на цел глас, се смееше без престан, а салата беше исполнета со позитивна енергија.
Филмот донесе многу радост и незаборавни моменти за најмладите.

ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ Детски Фолклорен Ансамбл при Домот на култура „25-ти Мај“ – Валандово и Културно-уметн...
14/12/2025

ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Детски Фолклорен Ансамбл при Домот на култура „25-ти Мај“ – Валандово и Културно-уметничко друштво „Гоце Делчев“ – Валандово со голема радост ве покануваат на традиционалниот новогодишен концерт, исполнет со детска насмевка, фолклорна магија и празничен дух.

🗓 21 декември 2025 година;
📍 Фестивалска сала „Јанко Узунов“ – Валандово;
🕕 Почеток: 18:00 часот

Вечер во која традицијата живее, а новогодишната радост се пренесува преку песна, оро и игра.

Ве покануваме да ја споделиме празничната магија заедно! ✨

12/12/2025

🎅 НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ВАЛАНДОВО

🎁 Општина Валандово, во соработка со локалните институции, со големо задоволство го најавува традиционалниот Новогодишен Базар, што ќе се одржи на градскиот плоштад од 22 до 25 декември 2025 година, секој ден во периодот од 16:30 до 20:00 часот.

✨ Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во магична празнична атмосфера исполнета со:

- вкусна храна, празнични специјалитети и топли зимски пијалоци;

- дружба и фотографирање со омилениот Дедо Мраз;

- весела детска забава со аниматори и забавна програма;

- настапи, песни и изведби подготвени од нашите најмали таленти и гости;

- богата програма за сите генерации.

🎄 Да ги споединиме радоста, музиката и празничниот дух. Ве очекуваме на плоштадот да создадеме најубави новогодишни моменти!

🎬КИНО ВАЛАНДОВО"БИБИ И БОБИ ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ"(ФИЛМ ЗА ДЕЦА)➡️15.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК)➡️12:00Ч.➡️Кино сала➡️Влез:100 д...
11/12/2025

🎬КИНО ВАЛАНДОВО
"БИБИ И БОБИ ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ"
(ФИЛМ ЗА ДЕЦА)
➡️15.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК)
➡️12:00Ч.
➡️Кино сала
➡️Влез:100 ден.

11/12/2025

ОДРЖАНА ТРИБИНА ВО ВАЛАНДОВО
"НЕ СИ САМА!"

Во организација на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ ОК Валандово, синоќа се одржа трибината "Не си сама!", посветена на охрабрување и поддршка на жените и девојките кои се соочуваат со каков било облик на насилство. Настанот имаше за цел да поттикне отворен разговор, подигнување на свеста и потсетување дека насилството не смее да остане непрепознаено и непријавено.

Трибината се одржа во рамки на меѓународната кампања "16 дена активизам против насилство врз жени и девојки", која секоја година обединува институции, организации и заедници во борба за поголема заштита и превенција. Дополнителна симболика на настанот ѝ даде фактот што вчера, 10 декември, се одбележи Меѓународниот ден на човековите права – ден што потсетува дека секоја жена има право на достоинство, безбедност и живот без страв.

Предавачите преку своите излагања упатија јасна порака дека насилството е општествен проблем кој мора да се препознава и спречува навреме, а поддршката од институциите, семејството и заедницата е од суштинско значење за секоја жртва.

На трибината, присутните жени испишаа лични мотивациски пораки кои симболично беа поставени како потсетник дека ниту една жена не треба да се чувствува сама и дека поддршката и солидарноста секогаш постојат.

Промоција на хуманитарната книга "Смислата е во мислата" од Магдалена ЈовановаВечерва во Дом на култура 25-Мај Валандово...
09/12/2025

Промоција на хуманитарната книга "Смислата е во мислата" од Магдалена Јованова

Вечерва во Дом на култура 25-Мај Валандово, се одржа промоцијата на хуманитарната книга "Смислата е во мислата" од авторката Магдалена Јованова. Настанот, кој го привлече вниманието на љубителите на пишаниот збор и поддржувачите на хуманоста, беше промовиран од Проф. Босилка Пандева.

Промоцијата не беше само литературен чин, беше вечер посветена на човечноста, на силата на мислата и на моќта на зборовите што лечат, охрабруваат и градат. Присутните имаа можност да ја чујат авторката која со голема искреност истакна дека "мислата има моќ" и дека енергијата на една искрена реченица може да го промени денот, а понекогаш и целиот живот.

Целта на овој значаен настан беше да се разбуди она најчовечно во секој од нас. Средствата од продажбата на книгата беа наменети за самохраните родители – невидливите херои на секојдневието. За оние кои не се жалат, туку создаваат; кои не паѓаат, туку повторно се исправуваат; кои не се предаваат, туку се борат. За оние што се будат со силата на двајца, а заспиваат со тишината на еден.

Самохраните родители се столбови на љубов и издржливост, луѓе кои заслужуваат признание што никогаш не го побарале. Вечерашната промоција беше токму тоа – потсетник дека хуманоста е жива, силна и неопходна, а зборот има моќ да поврзе, да излечи и да инспирира.

Честитки до авторката!

07/12/2025

Убавиот мирис, вкус од југот, од Валандово
се шири насекаде.
Секој ден е посладок, секој празник посјаен
со неодоливиот ФАНСИ КОРНЕР кроасан!
Избери вкус кој буди радост – секогаш свеж, секогаш најдобар!

🌟Недела на најдобрите цени - само во РИКО!🌟Во сите дисконт продавници на РИКО те очекуваат големи намалувања, свежи нови...
07/12/2025

🌟Недела на најдобрите цени - само во РИКО!

🌟Во сите дисконт продавници на РИКО те очекуваат големи намалувања, свежи новитети и супер акции!

🌟Не ги пропуштај најдобрите понуди од 09 до 17 декември.

🌟Биди паметен купувач - избери РИКО!

06/12/2025

🎶 РАДИО ВАЛАНДОВО ЈА ПРЕТСТАВИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПРАЗНИЧНА ХИМНА! 🎄✨

Со голема радост ви ја претставивме нашата нова празнична композиција која веќе ги освојува срцата на нашите слушатели. Убавата, ангелска и топла песна создадена со многу љубов донесе магија во домовите на сите што ја слушнаа, а видео приказната трогна многумина до солзи.

🌟 „УБАВИ ПРАЗНИЦИ“ 🌟
Оваа химна е посветена на сите нас, на семејствата, пријателите и оние што ни значат, каде и да се. Нека Радио Валандово биде мост што не спојува и во најсветлите празнични моменти.

Нека песната ви донесе радост, топлина и мир, додека заедно чекориме кон најубавите денови што следуваат. 💫❤️

Целата композиција со видео-приказната погледнете ја тука 👇 https://youtu.be/CbCTRVkM5Sc?feature=shared

Радио Валандово ви препорачува: Празничната Хит-композиција „Високо“ што го крева расположението!Радио Валандово со задо...
05/12/2025

Радио Валандово ви препорачува: Празничната Хит-композиција „Високо“ што го крева расположението!

Радио Валандово со задоволство ви ја претставува новата празнична песна „Високо“, наменета за сите љубители на добра забава и позитивна енергија. Оваа динамична композиција со свеж и ритмичен звук ве поканува да ги доживеете магичните моменти на празничната сезона во Валандово.

Текстот на песната го доловува сјајот на ноќта која гори, ѕвездите што не гаснат и вибрациите што растат кога главниот јунак ја крена атмосферата „високо, високо“. Со рефрен кој лесно се памети и носи силна порака за заедништво и радост, „Високо“ ве повикува да пеете гласно и да уживате во секој момент.

„Ти ја креваш ноќта, високо, високо! Сите пеат гласно, силно, јасно, јасно! Валандово сјае со тебе трае, ти си магија што срца краде“ - овие зборови ја отсликуваат празничната атмосфера што ја носи оваа песна.

Радио Валандово ви препорачува да ја слушнете „Високо“ на сите дигитални платформи и да ја споделите радоста со пријателите и семејството.

Радио Валандово со задоволство ви ја претставува новата празнична песна „Високо“, наменета за сите љубители на добра забава и позитивна енергија. Оваа динами...

Известување;Општина Валандово Почитувани даночни обврзници,Општина Валандово ве известува и ве потсетува на обврската за...
05/12/2025

Известување;
Општина Валандово

Почитувани даночни обврзници,

Општина Валандово ве известува и ве потсетува на обврската за навремено подмирување на доспеаните даноци и комунални такси.

Ве охрабруваме своите обврски да ги подмирите во најкраток можен рок и на тој начин да придонесете за подобрување на локалните услуги и квалитетот на живот во нашата општина.

Ве информираме дека, согласно важечките законски прописи, за сите неплатени обврски ќе се пристапи кон постапка за присилна наплата.

Вашиот данок е Ваш придонес за подобра иднина.

Општина Валандово

Address

Valandovo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Radio Valandovo 91.6 fm posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Radio Valandovo 91.6 fm:

Share