10/12/2025
Кога солидарноста ќе не повика, а хуманоста ќе нè поврзе – тогаш се создаваат приказни што не се забораваат. Нашата акција за Кочани покажа дека добрината не познава граници и дека луѓето можат да бидат светлина едни на други.
По повод Денот на Советот, утре ќе одржиме посебна вечер на благодарност за сите кои учествуваа во нашата хумана мисија, од март до мај месец оваа година.
Особена чест ни е што ќе ни се придружат и претставниците од Support Kočani, чија посветеност беше суштинска во помошта за повредените и нивните семејства.
Со срца како сонца – за љубов и добрина! 🌟