DW Македонски

DW Македонски Актуелности од Македонија и светот низ анализи и коментари. Дискутирајте со нас. Нашата страница е отворена за Вашето мислење!

Во Гисен, во германската сојузна покраина Хесен, десетици илјади луѓе протестираат против планираното основање на нова м...
29/11/2025

Во Гисен, во германската сојузна покраина Хесен, десетици илјади луѓе протестираат против планираното основање на нова младинска организација на АфД. Полицијата употреби водени топови за да ги расчисти блокираните улици.
👉http://dw.com/p/54U8r

Франција најавува нов доброволен воен рок од 2026 година. Дознајте колку ќе се плаќа, кој може да се пријави и зошто е в...
29/11/2025

Франција најавува нов доброволен воен рок од 2026 година. Дознајте колку ќе се плаќа, кој може да се пријави и зошто е важен овој проект
👉http://dw.com/p/54IzE

Со оставката на шефот на претседателскиот кабинет,  Андриј Јермак, од функцијата се повлече еден од најблиските доверлив...
29/11/2025

Со оставката на шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, од функцијата се повлече еден од најблиските доверливи луѓе на украинскиот претседател Зеленски. Обвинувањата за корупција против него остануваат недокажани, но потегот беше баран одамна.
👉http://dw.com/p/54U04

Авиокомпаниите ширум светот мораа да откажат или одложат летови во текот на викендот за да инсталираат нов софтвер на Ер...
29/11/2025

Авиокомпаниите ширум светот мораа да откажат или одложат летови во текот на викендот за да инсталираат нов софтвер на Ербас A320. Причината е инцидент во октомври, кој откри дека космичкото зрачење, предизвикано од сончеви бури, може да ги оштети податоците клучни за контролата на летот.

Авиокомпаниите ширум светот мораа да откажат или одложат летови во текот на викендот за да инсталираат нов софтвер на Ербас A320. Причината е инцидент во октомври, но...

29/11/2025

Mултисензорната изложба „Музеј во куфер“, проект на Музејот за современа уметност, им овозможува на лицата со оштетен вид да „гледаат“ уметнички дела.

Угледот на германските производи зависи и од иновациите што ги вклучуваат. Секој седми патент е потпишан од некој чие им...
29/11/2025

Угледот на германските производи зависи и од иновациите што ги вклучуваат. Секој седми патент е потпишан од некој чие име укажува дека е доселеник - особено од Централна и Југоисточна Европа. И се повеќе ги има.
👉http://dw.com/p/52BEI

Има огромен број семејства во Македонија кои сѐ уште во кутии и долапи чуваат фотографии на своите предци кои поради ово...
29/11/2025

Има огромен број семејства во Македонија кои сѐ уште во кутии и долапи чуваат фотографии на своите предци кои поради овој или оној начин биле дел од бугарските сили. И тие фотографии се дел од нивните семејни тајни, приказни од едно време-невреме. Многу странски војски поминале низ Македонија, многу регрутирале, многу мобилизирале
👉http://dw.com/p/54TVZ

Долго време, Хрватска важеше за примерен ученик на Европа - кооперативна во надворешната и непроблематична во домашната ...
29/11/2025

Долго време, Хрватска важеше за примерен ученик на Европа - кооперативна во надворешната и непроблематична во домашната политика. Но видливи се промени: националистите се погласни а српското малцинство е под притисок.
👉http://dw.com/p/54DeX

28/11/2025

„Црниот петок“ стана синоним за попусти, зделки, шопинг треска па дури и тепачки пред продавниците. Но, од каде потекнува името?

Дали германските компании треба да разговараат со АфД – партија оценета како делумно десноекстремна? Одлуката на здружен...
28/11/2025

Дали германските компании треба да разговараат со АфД – партија оценета како делумно десноекстремна? Одлуката на здружението „Семејни претприемачи“ да ја укине „забраната за контакт“ со АфД ја разгоре германската јавност.

По поканата до партијата, следеа оставки на членови, реакции од гиганти како „Росман“, „Форверк“ и „Мелита“, како и повици за бојкот од потрошувачи. Синдикати, политички партии и други здруженија остро критикуваат, додека АфД ја поздравува „нормализацијата“.

Како треба да се позиционира економијата? И каде е границата меѓу дијалог и легитимирање на екстремизам?

Прочитајте повеќе 👉 https://p.dw.com/p/54QtU

Од 1 декември цената на парното се зголемува за 5,9% до 7,7%. РКЕ прави анализи и за цените на струјата од 1 јануари. Вл...
28/11/2025

Од 1 декември цената на парното се зголемува за 5,9% до 7,7%. РКЕ прави анализи и за цените на струјата од 1 јануари. Владата најави дека ќе продолжи со субвенции за да спречи ценовен шок.
👇
https://p.dw.com/p/54RVb

Гордана Јанкулоска тврди дека судењето за „Тенк“ било политички мотивирана фарса и го спореди со Нирнбершките процеси и ...
28/11/2025

Гордана Јанкулоска тврди дека судењето за „Тенк“ било политички мотивирана фарса и го спореди со Нирнбершките процеси и судењата од Информбирото.
👇
https://p.dw.com/p/54REd

Adresse

Kurt-Schumacher-Str. 3
Bonn
53113

Benachrichtigungen

Lassen Sie sich von uns eine E-Mail senden und seien Sie der erste der Neuigkeiten und Aktionen von DW Македонски erfährt. Ihre E-Mail-Adresse wird nicht für andere Zwecke verwendet und Sie können sich jederzeit abmelden.

Service Kontaktieren

Nachricht an DW Македонски senden:

Teilen