Илика

Илика Издавачка куќа и кафе-книжарница „Илика“

17/10/2025

🧐 Што се крие во пакетчето што ќе го добиете за есенскиот книжевен кружок?

👉🏼 Со зачленување на есенскиот книжевен кружок и купување на торбичката ги добивате трите книги: „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети, „Потклек“ од Љупчо Петрески и „Наназад“ од Стефан Алијевиќ. Освен тоа добивате и еден безалкохонел пијалак за време на средбата, како и бележник за вашите идни миси и идеи!

Средбите ќе се оддржуваат во текот на последните три месеци од годината, во кафе-книжарницата „Илика“ и ќе ги води Симона Трајчевска. Дојдете за да ги рашириме нашите читачки искуства преку возбудливи и нови прозни книги, како и да разговараме и отвориме многу прашања и теми 💛

✨Повеќе информации можете да најдете на нашите социјални мрежи, а за сите прашања можете да ни се обратите во порака.

*Цената на пакетот е 1500 ден.

#илика #книги

🪐Свет во свет: Работилница за експресивна поезија со Ана Тодоровска Термин: 3.11. (понеделник), 18 часотПо првата успешн...
16/10/2025

🪐Свет во свет: Работилница за експресивна поезија со Ана Тодоровска

Термин: 3.11. (понеделник), 18 часот

По првата успешна работилница, како и поради големиот број на пријавени, решивме да ја повториме работилницата за експресивна поезија и повторно да си играме, да спојуваме и креираме нови светови! 💖

✨ Експресивната поезија овозможува канал преку кој можеме да најдеме јазик за подобро да ги истражиме и изразиме внатрешните состојби, а со тоа и подобро да се разбереме себеси.

👀 Преку игриви методи за креативно пишување, користејќи ги стиховите од својата стихозбирка „Антисвет“, поетесата и психологинката Ана Тодоровска ве води низ возбудлив креативен процес кон себеспознавање.

📝 Без разлика дали имате искуство со пишување или штотуку се запознавате со моќта на зборот, оваа работилница ќе ви понуди простор подлабоко да нурнете во себе и да го запознаете својот внатрешен глас.

🫂 Работиме во мала група - споделете ја вашата творба во поддржувачка средина, доколку сакате, или зачувајте ја за себе. Заминете со нови песни, нови перспективи и подлабоко разбирање за тоа како поезијата може да биде моќна алатка за личен израз и поместување на креативните граници.

Цената на работилницата е 500 денари, а за сите учесници ќе биде обезбеден еден примерок од книгата, тетратка и други материјали за пишување, како и еден безалкохолен пијалок. Пријавете се со испраќање на кратка неформална порака на: [email protected] 

❤️Пријавата трае до 30.10. 

#илика #книги

🗺️ Понеделничка препорака: „Граница: Патување до работ на Европа“ од Капка КасабоваНеделава ја препорачуваме книгата што...
13/10/2025

🗺️ Понеделничка препорака: „Граница: Патување до работ на Европа“ од Капка Касабова

Неделава ја препорачуваме книгата што на многу иновативен и привлечен начин пишува за концептот на границата, за моќта што ја има да ги одредува човечките животи и сето она што таа го означува.

🔗Се раскажува приказна за луѓето од последната граница во Европа. Онаму каде што Бугарија, Грција и Турција се доближуваат и оддалечуваат, а границите се токму тоа што се. Тоа е местото каде што Европа почнува, а нешто друго што не е сосем Азија завршува. Така е географски, но картата ќе те одведе само до одредена точка, a ќе се најдеш во гора од оставината што врие од сенки и живее надвор од времето.

📚Книгата на Касабова е добитник на многу меѓународни награди и досега преведена на преку 20 јазици. Македонскиот превод е на Бранислав Мирчевски.

#илика #книги

11/10/2025

💫 Претходната среда уживавме заедно додека читавме, пишувавме, испробувавме и игравме преку различни методи кои ни помогнаа да изразиме нешто што поинаку не излегува од нас.

Фала ви што дојдовте и створивте, споивте и откривте „свет во свет“ на работилницата за експресивна поезија со Ана Тодоровска и стиховите од нејзината поезија од збирката „Антисвет“ 🪐

За сите вас што не стигнавте да се пријавите на време или се двоумевте, наскоро ќе го најавиме и вториот термин кој ќе биде на почекото на следниот месец, топло ве покануваме да го истражите вашиот внатрешен свет со нас ❣️

#илика #книги

🤩 Започнуваме есенски книжевен кружок, што го посветуваме на книги од млади македонски автори!⭐️ Последните три месеци о...
08/10/2025

🤩 Започнуваме есенски книжевен кружок, што го посветуваме на книги од млади македонски автори!

⭐️ Последните три месеци од годината одбележете ги со три романа и приклучете се на нашиот есенски книжевен кружок во „Илика“.

🎀 Кога се средбите и што ќе читаме?

30.октомври: Хана Корнети: „Каде леташ, Јулија?“
20.ноември: Љупчо Петрески: „Потклек“
11.декември: Стефан Алијевиќ: „Наназад“

⏰ Средбите ќе се одржуваат во пријатната атмосфера на кафе-книжарницата „Илика“ од 18 часот.

💁‍♀️ Кој ќе го води есенскиот книжевен кружок?

Трите средби на есенскиот книжевен кружок на „Илика“ ќе ги води, Симона Трајчевска ❣️

👯‍♀️ Како да станам член?

Посетете нѐ во кафе-книжарницата и набавете си ja торбичката со книги која ja подготвивме специјално за членовите на кружокот. Со купување на торбичката ги добивате сите три книги, по еден бесплатен пијалак при средбите како и едно мало изненадување за вашите идни белешки. Цената на пакетот е 1500 денари.

Ајде да читаме заедно! ❤️‍🔥

Понеделничка препорака:  „Соочување со антропоценот: Фосилниот капитализам и кризата на Зејминиот систем" – Ијан Ангус 🌏...
06/10/2025

Понеделничка препорака: „Соочување со антропоценот: Фосилниот капитализам и кризата на Зејминиот систем" – Ијан Ангус 🌏

Зошто состојбата на Земјините екосистеми се влошува
со сѐ побрзо темпо? Која е улогата на капитализмот во
создавањето на новата геолошка ера, која научниците jа нарекуваат антропоцен? И што може да се направи за да им се застане на патот на злокобните еколошки трендови? Ова се клучните прашања, исклучително
важни за човештвото и за останатиот жив свет, за кои Ијан Ангус расправа во „Соочување со антропоценот: Фосилниот капитализам и кризата на Зејминиот систем".

Преводот на македонски јазик е на Здравко Савески, а изданието е на издавачката куќа Бегемот.

#илика #книги

03/10/2025

Како си поминавме на промоцијата на „Суспендирана итност“ од Ивана Хаџиевска во Битола ✨🤎 Фала ви што бевте таму!

👁️ „Суспендирана итност“ е збирка есеи кои Ивана Хаџиевска ги пишувала и ги објавила во периодот од 2014 до 2024 година. Тие се пишувани низ призмата на историјата, социологијата, филмот и родовата димензија.

Книгата е достапна во Илика, како и во другите книжарници низ Скопје!

Слушнете ја најновата епизодата од Meduza talks, поткастот на платформата Медуза, на која гостува Ивана Хаџиевска, истор...
02/10/2025

Слушнете ја најновата епизодата од Meduza talks, поткастот на платформата Медуза, на која гостува Ивана Хаџиевска, историчарка, истражувачка и авторка на збирката теориски есеи „Суспендирана итност“ (2025, Илика) ✨

Со Калиа Димитрова, на поткастот, разговараа за затвореноста на академската средина и позицијата на младите истражувачки во истата, важноста на храброста и интегритетот наспроти интелектуализмот денес, здружениот микро-отпор, „крајот на времето“ и нашето антифашистичко минато како позиција која може да ја информира нашата позиционираност кон иднината.

Им благодариме на Калиа и на Медуза ❤️

Оваа година историчарката и истражувачка Ивана Хаџиевска ја издададе својата прва книга „Суспендирана итност“, во издание на издавачката куќа „Илика“. По тој...

Фотографии од промоцијата на „Суспендирана итност“ од Ивана Хаџиевска во Битола! Ви благодариме на сите што дојдовте ❤️📸...
01/10/2025

Фотографии од промоцијата на „Суспендирана итност“ од Ивана Хаџиевска во Битола! Ви благодариме на сите што дојдовте ❤️

📸: Илче Пејовски

✨ Денес е денот на преведувачите!Со овој пост сакаме да им оддадеме почит и да ги претставиме преведувачите што работеле...
30/09/2025

✨ Денес е денот на преведувачите!

Со овој пост сакаме да им оддадеме почит и да ги претставиме преведувачите што работеле на изданијата на Илика! Одговорноста на преведувачите е голема, а нивната улога во општественото развивање исто така многу важна. Неретко се случува нивното име да изостане при споменувањето на новите книги, но затоа денес им посветуваме внимание ❤️

Им благодариме на: Елисавета Поповска, Андријана Папиќ Манчева, Ирена Бадева, Катерина Јосифоска, Катерина Шекутковска и Ацо Пероски!

#илика #книги #преведувачи

🌘СВЕТ ВО СВЕТ: Работилница за експресивна поезија со Ана ТодоровскаТермин: 8.10. (среда), 18 часотЕкспресивната поезија ...
30/09/2025

🌘СВЕТ ВО СВЕТ: Работилница за експресивна поезија со Ана Тодоровска

Термин: 8.10. (среда), 18 часот

Експресивната поезија овозможува канал преку кој можеме да најдеме јазик за подобро да ги истражиме и изразиме внатрешните состојби, а со тоа и подобро да се разбереме себеси.

💫 Преку игриви методи за креативно пишување, користејќи ги стиховите од својата стихозбирка „Антисвет“, поетесата и психологинката Ана Тодоровска ве води низ возбудлив креативен процес кон себеспознавање. Без разлика дали имате искуство со пишување или штотуку се запознавате со моќта на зборот, оваа работилница ќе ви понуди простор подлабоко да нурнете во себе и да го запознаете својот внатрешен глас.

🫂 Работиме во мала група - споделете ја вашата творба во поддржувачка средина, доколку сакате, или зачувајте ја за себе. Заминете со нови песни, нови перспективи и подлабоко разбирање за тоа како поезијата може да биде моќна алатка за личен израз и поместување на креативните граници.

💌 Цената на работилницата е 500 денари, а за сите учесници ќе биде обезбеден еден примерок од книгата, тетратка и други материјали за пишување, како и еден безалкохолен пијалок. Пријавете се со испраќање на кратка неформална порака на: [email protected] Пријавата трае до 6.10.

#илика #книги

Понеделничка препорака: „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон ✨🫥 Периодов на секоја прошетка можеме да ги видиме преполните ...
29/09/2025

Понеделничка препорака: „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон ✨

🫥 Периодов на секоја прошетка можеме да ги видиме преполните канти и контејнери со отпад, како и улиците што се украсени со ѓубрето кое не го собира таму каде што треба. Месецов ни гореа депониите, како и фабриката „Нула отпад“ во Трубарево. Поттикнати од ова, ви ја препорачуваме книгата „Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон која функционира како прирачник за промена на сопствените навики со цел да создаваме помалку отпад дома и да оставаме помалку отпад во природата.

Издадена за првпат во 2013 година во САД, книгата „Дом со нула отпад“ на Беа Џонсон до денес е адаптирана и преведена на повеќе од 20 јазици. На македонски јазик е преведена од Андријана Папиќ Манчева и издадена од „Виг Зеница“.

🍬 Од завиткување подароци, правење училишни тетратки и шминки, па сè до алтернативни решенија за пелени и патување без какво било ѓубре – нема што нема во „Дом со нула отпад“ на Беа Џонсон.

#илика #книги

Address

Партизански одреди бр. 7
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 20:00
Tuesday 10:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 20:00
Friday 10:00 - 00:00
Saturday 10:00 - 21:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Илика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Илика:

Share

Category