Добредојдовте на Вистина точка МК или vistina.mk ако повеќе милувате.
Ова е уште еден нов медиум. Ваш медиум. Не дека ги нема доволно. Напротив. Или дека не се доволно добри. Ни случајно. Нам не ни е целта да бидеме подобри од некого. Целта ни е да бидеме поразлични. Уникатни, препознатливи, единствени… Не бренд за себе, туку бренд сам по себе. Препознатлив штом му се спомене името. Затоа ќе се
потрудиме да не бидеме еднолични, исплакнати и еден од многуте. Ќе ги создаваме информации наместо да чекаме сами да ни дојдат, ќе им одиме во пресрет на настаните и збиднувањата, наместо да чекаме некој друг да ни раскаже што таму се случило, а ние само тоа да го преџвакаме, ќе загребеме под површина за да ја ископаме вистината, наместо компромисно да Ви сервираме фингирани приказни, испеглани информации, премолчени факти…!
Ќе бидеме интригантни и забавни, провокативни и шокантни, гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни… Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. Да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е „вистинска“. Или како што ние велиме: Само една е Вистина.мк, се друго е … Знаете веќе што. Затоа, од денес останете со нас. За да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или вообичаено досега сте можеле да го дознаете. Но, ние не нудиме само повеќе. Нудиме нешто сосема поразлично! Вистина… се роди!