АПЛА.мк

АПЛА.мк Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from АПЛА.мк, Media/News Company, Bitola.

Апла.мк е реномирана, професионална дигитална редакција со авторски и проверени новинарски содржини изработени од дипломиран новинар Анета Блажевска, наградувана за истражувачко новинарство. Апла.мк има колумнисти и свои соработници.
Со вас сме од 2017 г.

Просторот е осмислен така што ќе може да го користат учениците, образовните и личните асистенти, наставниците и стручнит...
10/09/2026

Просторот е осмислен така што ќе може да го користат учениците, образовните и личните асистенти, наставниците и стручните соработници, во зависност од индивидуалните потреби на секое дете. Ресурсната соба овозможува услови за индивидуална и мала групна работа, дополнителна образовна поддршка, развој на различни вештини, но и простор во кој ученикот може да се чувствува сигурно, прифатено и поддржано.

Денес во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола беше ставена во функција новата ресурсна соба, создадена како современо, безбедно и пријатно катче за поддршка на учениците ...

На 12 септември во Хераклеја - Хуманитарен концерт за поддршка на децата со посебни потреби во Македонија! КОГА РОКЕНРОЛ...
10/09/2026

На 12 септември во Хераклеја - Хуманитарен концерт за поддршка на децата со посебни потреби во Македонија!
КОГА РОКЕНРОЛОТ ИМА ПРИЧИНА: „HAIR-ACLEA“ НА 12 СЕПТЕМВРИ ВО ХЕРАКЛЕЈА

Хитовите на Бон Џови, Ганс ен’ Роузес, Појзон и Деф Лепард ќе одекнат меѓу античките камења на Хераклеја, на концерт чија најважна причина е поголема од музиката.

На 12 септември, од 19:30 часот, Битола ќе добие вечер во која рокенролот од осумдесеттите и деведесеттите ќе се сретне со една многу современа и важна тема – поддршката на децата со посебни потреби и нивните семејства.

Во античкиот локалитет Хераклеја ќе се одржи хуманитарниот концерт „HAIR-ACLEA“, со Ана Петан Бенд, кој за една вечер ќе ја врати публиката во времето на големите гитарски рифови, моќните вокали и рок-химните што преживеаја неколку генерации.

Ана Петановска, едно од највпечатливите млади музички имиња на македонската сцена, со својот препознатлив вокал и сценска енергија ќе предводи репертоар составен од дел од најпознатите песни на Бон Џови, Ганс ен’ Роузес, Појзон, Деф Лепард и други имиња што го одбележаа рок-звукот на осумдесеттите и деведесеттите години.

Но зад гласната музика стои една тивка и многу поголема причина.

Концертот има хуманитарна цел и е посветен на мисијата на Lighthouse of Hope MK, Inc. – „Светилник на надеж“, непрофитна организација која работи за поддршка на децата со посебни потреби во Македонија.

Со секоја купена влезница, публиката директно ја поддржува оваа мисија. Средствата од концертот се наменети за „Светилник на надеж“, со што една вечер исполнета со добра музика станува конкретен начин за заедницата да придонесе во создавањето повеќе можности, грижа и поддршка за децата и нивните семејства.

Токму затоа „HAIR-ACLEA“ е повеќе од уште еден концерт.

Секоја влезница станува дел од една многу поголема приказна – онаа во која децата и семејствата што секојдневно се соочуваат со предизвици знаат дека заедницата е тука и дека солидарноста може да има сосема конкретна форма.

Името „HAIR-ACLEA“ намерно си игра со името Хераклеја и препознатливата естетика на хеар-металот од една музичка ера. Локацијата му дава уште една димензија на концертот: музиката што некогаш полнеше арени овојпат ќе звучи под отворено небо, во еден од најзначајните антички локалитети во Македонија.

Една вечер. Големи рок-песни. И причина поради која вреди да бидеме таму.

„HAIR-ACLEA“ ќе се одржи на 12 септември, со почеток во 19:30 часот, во Хераклеја, Битола.

Влезниците се веќе во продажба преку https://wayin.mk/shop/events/hair-aclea-xumanitaren-koncert

Овојпат купувањето влезница значи две работи: да бидете дел од голема рок-вечер и да помогнете една важна мисија да продолжи.

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско ...
09/09/2026

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола.

Имајќи ја предвид неговата значајна улога во развојот на младинскиот фудбал и потребата од создавање безбедни и квалитетни услови за тренинг, Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето и одобри поддршка за реконструкција на игралиштето.

Во реконструкцијата спаѓа вклучително и замена на вештачката трева и санација на подлогата и неопходната инфраструктура.

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игра...

09/09/2026

ВО БИТОЛА ИНВЕСТИРАМЕ ВО КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ, изјави градоначалникот Тони Коњановски

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометната платформа меѓу Општина...
09/09/2026

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометната платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ Битола.

НАСКОРО НОВА РАКОМЕТНА ПЛАТФОРМА, СЕГА СО ЖРК „ПЕЛИСТЕР 2012“ БИТОЛА На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометна...

Во Битола - Филмските проекции од патувачката програма „Приказни од Балканот – на пат“, на Меѓународниот фестивал на кра...
09/09/2026

Во Битола - Филмските проекции од патувачката програма „Приказни од Балканот – на пат“, на Меѓународниот фестивал на краток филм – Александрија - IASFF, од Грција, пристигнуваат во Битола.

Програмата носи 10 внимателно селектирани кратки филмови од 11-то издание на фестивалот – издание кое става посебен фокус на новите филмски гласови од Балканот, но истовремено отвора простор за различни меѓународни перспективи и филмски изрази.

Од различни земји, култури и авторски визии, филмовите нè носат низ различни теми, приказни и начини на раскажување.

📍 3Д Кино Битола – Мала сала

🎞 10 септември | 19:30 ч.
🎞 11 септември | 18:00 ч.

10 филмови. Различни гласови. Една заедничка љубов кон краткиот филм.

Поради ограничениот број на места, Ве молиме навреме да го потврдите Вашето присуство.

Дваесет и осумгодишна битолчанка е лишена од слобода откако, според пријавеното, во семејниот дом со остар предмет го на...
09/09/2026

Дваесет и осумгодишна битолчанка е лишена од слобода откако, според пријавеното, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко.

Дваесет и осумгодишна битолчанка е лишена од слобода откако, според пријавеното, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко. Инцидентот се случил ....

ПЕЛИСТЕР Е СИМБОЛОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕПо повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од с...
09/09/2026

ПЕЛИСТЕР Е СИМБОЛОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕ

По повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од соседни општини беа дел од еден сосема поинаков музички настан на Пелистер. Осумчасовната забава со Svaba, KeeKetz, Дупер и ConTruDJ, надополнета со магијата на Пелистер, љубовта на битолчани за природата и желбата за едно поразлично дружење, прерасна во настан за паметење. Битолчани повторно покажаа дека се пример за тоа како достоинствено и културно се прославува и истовремено се промовира она што е наше најголемо богатство. Настанот беше организиран во соработка со Project 7000 и со поддршка на Општина Битола - официјална страница
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

09/09/2026

Претседателот на СДСМ Битола, Зоран Стојчевски со реакција по објавеното празнично видео на градоначалникот Тони Коњановски за реализираните проекти во Општина Битола.

БИТОЛЧАНЕЦОТ МИХАИЛ НИКОЛОВСКИ ХЕРОЈ НА ПЛАЖАТА ВО ОЛИМПИЈАДА – СПАСИЛ ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД РАЗБРАНУВАНОТО МОРЕВистинск...
08/09/2026

БИТОЛЧАНЕЦОТ МИХАИЛ НИКОЛОВСКИ ХЕРОЈ НА ПЛАЖАТА ВО ОЛИМПИЈАДА – СПАСИЛ ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД РАЗБРАНУВАНОТО МОРЕ

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.
Неговата мајка Јасна Николовска, во битолската јавност позната како организатор на "Бадниковата поворка" по настанот објави- " Денеска на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош. Од цела плажа, скокна син ми Mihail, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше и еве сега го седнаа во кафана да јади да пие да ужива.

Ова го пишувам, со плачење, од бескрајна среќа во каков човек израсна Михаил, па можеби ќе прочита “стручниот” наставен кадар од ОУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ - Битола, кој до крај го малтретираа, го поттурнуваа, го деградираа и ни еден атом енергија не посветија за негов напредок.

Јас знам дека Господ гледа и ќе си ги дава според заслугите.

Да живее Република Македонија и нејзините синови!

Честит празник

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when АПЛА.мк posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share