03/09/2024
Драги пријатели, денес (3 септември) на овој празничен септемвриски ден е нашиот роденден! 🎂
👉На денешен ден точно пред 11 години (2013) беше промовирано првото издание.📖
Скромно, но со многу љубов почна да работи издавачката куќа ЕДУКА МАК, создавајќи многу книги за децата. Затоа овој ден го прогласивме за наш РОДЕНДЕН.
Во изминатите ЕДИНАЕСЕТ години, неуморно работевме, а вербата во нас и нашиот труд, беше наша водителка. Со голема страст и одлучност, со трпеливост се впуштавме во реализација на нашите идеи преточени во уникатни проекти, наспроти сите тешки околности.
👉ЕДУКА МАК, денес упатува голема БЛАГОДАРНОСТ на сите соработници (автори, илустратори, рецензенти, лектори, членови на редакциски совет, преведувачи, редактори, компјутерџии, промотори...) кои учествуваа и понатаму ќе учествуваат во креирањето на изданијата за деца.
👉ВИ БЛАГОДАРИМЕ вам, драги пријатели - поддржувачи, а најголема благодарност упатуваме кон ДЕЦАТА најреалните и најобјективните рецензенти, кон нивните воспитувачи и родители кои препознаа што е добро за децата и ги избраа нашите изданија.
На сите ВАМ топло ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ЧЕСТИТКИТЕ и довербата.
Секоја ваша честитка ни ја грее душата и ни го полни срцето со љубов и добрина. ❤
Тимот на ЕДУКА МАК