Pogled.mk

Pogled.mk This page is official on the website Pogled.mk News/Media website - Pogled.mk has been on the social network Facebook for more than 5 years.

This is our offical page where we place the latest current news

Со голема благодарност до Hotel Panorama -bar & restaurant за поддршката и соработката во одбележувањето на еден значаен...
29/05/2026

Со голема благодарност до Hotel Panorama -bar & restaurant за поддршката и соработката во одбележувањето на еден значаен јубилеј.

Нашето лого гордо блеска во Делчево како симбол на 10 години постоење на Поглед.мк – 10 години посветеност, професионализам и верност на нашето мото:

„Погледни кон вистината.“

Благодарност до сите читатели, соработници и пријатели кои се дел од оваа приказна

28/05/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

28/05/2026

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од Реформска агенда и да обезбедиме поевтина цена за електричната енергија за граѓани....

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“...
28/05/2026

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда.

ПРЕЧЕК НА НАЈВИСОКО НИВО: МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПОТПИШАА СТРАТЕШКИ ДОГОВОР - Соработка во транспортот, безбедноста и ене...
27/05/2026

ПРЕЧЕК НА НАЈВИСОКО НИВО: МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПОТПИШАА СТРАТЕШКИ ДОГОВОР - Соработка во транспортот, безбедноста и енергетиката

ФОТО: Христијан Мицкоски, премиер на Македонија во Охрид заедно со Андреј Пленковиќ - првиот човек од Хрватска
27/05/2026

ФОТО: Христијан Мицкоски, премиер на Македонија во Охрид заедно со Андреј Пленковиќ - првиот човек од Хрватска

26/05/2026

Докторите веќе ги привршуваат испитувањата и секој момент треба да го кажат спасот, а јас како мајка се гушам во паника оти сметката ни е празна за да ја платиме операцијата. Се наоѓаме во страшна трка со времето. Лекот за уништениот хранопровод на Божидар е пред нас, на дофат на раката, но пресудата дали моето дете ќе живее без болка повторно зависи од проклетите пари што ги немаме.

Тој зад себе остави 18 претешки операции и уште верува во чудо, па затоа ве мола не дозволувајте да се вратиме дома поразени баш сега кога стигнавме до самиот крај. Ве молам донирајте итно уште денес, бидејќи немаме веќе денови за чекање, а вашата брза помош е единствената шанса Божидар конечно да го победи овој пекол!

🌐Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/18-operacii-ne-bea-dovolni-spas-za-bozidar

🌐Банка:Allianz Bank
IBAN: BG36BUIN95611000739743
BIC: BUINBGSF
Примател: Foundation Pavel Andreev
Цел на дознака: Bojidar Jovanov

✅Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

🌐Заследете ја нашата инстаграм страница за да помогнеме на повеќе луѓе!
https://www.instagram.com/pavelandreev.org.makedonija/

19/05/2026

ОФИЦИЈАЛНО: По повод 150 години РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ пуштен во функција обновениот спомен - дом на Разловечко востание 🇲🇰

18/05/2026
После подолг временски период, а по интензивирање на градежните работи последните половина година дена конечно граѓаните...
17/05/2026

После подолг временски период, а по интензивирање на градежните работи последните половина година дена конечно граѓаните на Општина Виница, но и на околните градови и населени места, добија нов модерен затворен градски пазар.

Затворениот градски пазар e лоциран на вкупна површина од 1810 м2, со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 челични продажни пултови (тезги).

За изградбата на градскиот пазар беа потрошени 24 милиони денари и сите беа обезбедени и истовремено целосно исплатени на изведувачите од Буџетот на Општина Виница.

Покрај изградбата на затворениот градски пазар извршивме и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар во кој беше опфатено демонтажа на дотраената постоечка ограда и подни обработки, поставување на нова метална ограда околу градскиот пазар и нова хидроизолациона подна обработка, поставување на челични продажни пултови (тезги) за потребите на градскиот пазар, обложување на потпорните ѕидови со декоративен камен и поставување на клупи за седење.

За партерното уредување дополнително беа потрошени 8,5 милиони денари од кои 7 милиони денари беа обезбедени од Министерство за транспорт и 1,5 милиони денари од Буџетот на Општина Виница.

Покрај овој капитален проект денес извршивме увид на улицата „Ванчо Прке“ која ја поврзува Виница со населба и село Градец, на која целосно беше реконструирана водоводната мрежа во должина од 558 метри и канализационата мрежа во должина од 543 метри.

Финансиските средства за овој проект изнесуваат вкупно 11,5 милиони денари и се обезбедени од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт.

И за крај направивме увид на главната улица во село Градец и крак кон црквата во селото, инаку тоа е улица која премиерот при посета на село Градец уште пред да стапи на функцијата премиер им ја вети на жителите на село Градец.

Целосната реконструкција на главната улица во село Градец е во должина од 630 метри и кракот од истата е во должина од 220 метри.

Финансиските средства за овој проект изнесуваат 7,5 милиони денари и се обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти за општините од Министерство за транспорт.

15/05/2026

Достоинствен гест на градоначалникот Иван Гоцевски на матурското дефиле ✅👍🏻

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денес покажа вистински пример за човечност, почит и заедништво, придружувајќи две матурантки на свеченото матурско дефиле.

Со овој искрен и внимателен потег, Гоцевски испрати силна порака дека секој млад човек заслужува внимание, поддршка и достоинствено да го доживее еден од најубавите моменти во животот.

Матурантките добија и пригодни подароци од градоначалникот, кој им посака многу успех, среќа и храброст на патот кон новите животни предизвици.

„Младите се иднината на нашиот град. Нивната насмевка, самодоверба и среќа треба секогаш да бидат наш приоритет“, порача Гоцевски.

Гест кој заслужува почит и покажува дека вистинското лидерство се гледа токму во малите, но значајни човечки моменти

Address

Bulevar Makedonija
Delcevo
2320

Telephone

+38978409645

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Pogled.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Pogled.mk:

Share