Smooth Balkan

Smooth Balkan Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Smooth Balkan, Radio Station, Lefce Stefanoski/Tarzan 11, Kicevo.

https://www.youtube.com/watch?v=Evmli01QBxU
15/03/2025

https://www.youtube.com/watch?v=Evmli01QBxU

Provided to YouTube by Dorado RecordsI Got Cash · Brooklyn Funk Essentials · Everton SylvesterMake Them Like It℗ 2000 Dorado Records LimitedReleased on: 2000...

21/02/2025

10. Во Џајпур доаѓав веќе трет пат во последните две и пол години и секогаш се сместував во истиот хостел. Тоа беше пријатно место во близина на автобуската станица во квартот по име Џалупура. Градот беше политички и деловен центар на сојузната држава Раџастан, територијално најголема во Индија. Беше нашироко познат по производството на накит и бижутерија. Поголемиот дел од населението беше хинду а остатокот муслимани. Возачите на авто рикши беа нападни како и секаде. Главни туристички атракции во градот беа неколкуте антички палати и една тврдина. Времето беше убаво и дење талкав сам по градот, најчесто пешки, во кратки пантолони и маица. Навечер седев на балконот од собата или во заедничката просторија и читав новости од светот на интернет. Трамп беше повторно претседател, Украина беше пред колапс, Кина ја покажуваше својата моќ, во Србија имаше протести. Ѓоковиќ се откажа во полуфиналето, Ливерпул и понатаму победуваше.

Во хостелот имаше убава Велшанка, висока и стројна, со крупни светли очи и црвенкаста коса. Беше секогаш насмеана и носеше широки алишта. Гостите беа половината странци а другата половина индуси, млади луѓе, претежно од ај-ти секторот. Дење работеа на своите компјутери а навечер пиеја виски. Разговарав со некои од нив. Се ближеше крајот на моето патување и немав некаква посебна желба за дружење или посета на монументи. Во касните попладниња обично седев на терасата од собата сам и се потсетував на претходните патувања во Индија. Уште од првиот ден сфатив дека во Индија нема ништо бесплатно, па ни информација. Ни поздравот не е бесплатен, секој непознат што ќе ве поздрави на улица всушност бара начин да ви продаде некаква стока или услуга. Еднаш во Дели се најдов во незгода, бев во близина на хотелот што го барав, го имав лоцирано на мапата но од многуте табли со натписи на фасадите од прилепените повеќекатници не можев да го лоцирам влезот. Човек ме запраша што барам. Му кажав. Ме фати за подлактица и ме повика да го следам. После 20-тина чекори ми го покажа влезот во хотелот и ја испружи дланката барајќи 50 рупии. Во метрото во Дели патниците со негодување гледаа кон странците. Како да не им беше право ако туристите се возат евтино наместо да плаќаат такси.

Прошетките по топлото сонце беа прекрасни. На мапата барав интересни дестинации на далечина од 5-6 километри од хостелот и се упатував кон нив. Ги избегнував главните улици и се движев низ стамбени квартови. Често наидував на интересни локали и запирав за јадење. Во Индија се' беше исто ама поинаку. Наместо хамбургер можеше да се земе алу-тики бургер, или веџ бургер. Лименка газиран сок чинеше 30-50 рупии, во зависност од тоа дали производот е домашен или лиценцен. Самопослугите од западен тип беа многу ретки. Ја искористив шансата повторно да го посетам Центарот за Випасана на источниот раб на градот. Итрите Индијци го имаа блокирано пократкиот приод дирекно од обиколниот пат и наплаќаа повеќекратно за пропуст. Е баш имаа најдено да се инаетат со Балканец. А и патот одоколу беше живописен, низ шума полна со мајмуни. Возачот на авто-рикша ме почека надвор додека купував неколку книги...

Седев вечерта на балкон и погледот ми запре на човекот што практикуваше јога. Го имав запознаено претходно, некаков млад бизнисмен. Љубезно ме запраша дали ќе ми пречи ако додека вежба слуша инструкции преку интернет од својата учителка. Веќе ја гледав неговата силуета како со мака ги раздвижува нозете и рацете. Седечката работа имаше и негативни страни. Ама глетката беше интересна и ми беше криво што не можев да направам добра фотографија или видео. Последната вечер во Џајпур, човекот што вежбаше јога и уште еден млад Индиец ме поканија да излеземе во ближниот ресторан. Локалот се наоѓаше на кров на зграда и беше исклучително пријатно место. После три години патување во Индија за прв пат се најдов на вакво место, резервирано за поинакви гости. А и цените беа поинакви ама сепак не превисоки. Двајцата Индијци порачуваа разноразни мезиња, од пери-пери компирчиња до момо со различни полнења. Се пиеше белгиско пиво...

Патот што од Џајпур водеше према Њу Дели поминуваше покрај аеродромот Индира Ганди. Сите автобуси што се движеа од Џајпур према Њу Дели застануваа во Гургаон, на неколку километри од аеродромот. Планот за евакуација беше спремен и се наближуваше моментот на негова реализација. Од ова патување не излезе некоја посебна приказна. Можеби беше веќе се' видено па немаше големо воодушевување како првиот пат. Можеби ќе беше подобро да ја напишев приказната за докторот и неговиот батлер, тоа би било за Нобелова награда. Или беше време да се оди за Јужна Индија, Керала, Карнатака, Тамил Наду. Или Шри Ланка. Моите индиски пријатели ме советуваа дека не е време за посета на Шри Ланка поради се' поизразените социјални тензии во оваа земја. Што и да е, приказни имаше и од претходните патувања, а дел од нив беа веќе запишани. Патепис или роман беше дилемата...

Call now to connect with business.

14/02/2025

9. На враќање од Покара за Катманду во автобусот запознав Шпанец на околу 40 години. Некаде при крајот на патувањето, за време на последната пауза ми пријде и ми побара цигара. Разговаравме цело време од остатокот на патот. Ми спомна дека имал проблеми во бракот со невестата од Јужна Америка и решил малку да се оттргне за да може да се одмори. Ми покажа слики од ќеркичката, преубаво девојче со маслинеста кожа и долга коса во локни. Беше љубезен и ме покани на вечера. Шпанците се вистинска господа, горди но не и арогантни. Ресторанот беше првокласен и ми беше мака што не бев поубаво облечен. Обично посетував поскромни места.

Наредната година не појдов во Покара што можеби и беше грешка. Во Катманду беше студено и одвај чекав да си заминам. Планот беше да слетам во Њу Дели но наместо да одам во градот, да се упатам во спротивна насока до Гургаон и таму да пречекам ноќен автобус за Аџмер. Од Аџмер до Пушкар имаше само 10-тина километри. Автобускиот билет го обезбедив претходно преку интернет и единствено ми преостануваше да чекам на раскрсницата во Гургаон. После долго препирање со таксистите на аеродромот се упатив пешки по патот се додека еден од нив не ми пријде и ја прифати цената што ја нудев а беше само двојно поголема од вообичаената. На раскрсницата во Гургаон стигнав околу 18.00 а автобусот поминуваше дури во 22.30. Секако дека можев да резервирам лет до Џајпур и да ја пропуштам оваа авантура ама немав 100 евра за фрлање.

Местото каде што го чекав автобусот беше постојка за многу линии. Секакви класи на автобуси поминуваа, од најевтините до најскапите со кревети каков што и јас имав букирано. Беше 7-8 пати поевтино отколку со авион. наоколу имаше многу луѓе и многу тезги на кои воглавно се продаваше јадење и флаширана вода. Комбинацијата од многу луѓе и вода за пиење резултираше со мирис на урина што се ширеше преку целото место. You can p**s but you cannot kiss. Ама имаше парови кои одеа прегрнати и беше само прашање на време кога ќе почнат јавно да се бакнуваат. Единствено не се знаеше кога ќе бидат затворени јавните мочалишта.

Автобусот помина околу 22.45. Се сместив на лежајот и ја затворив лизгачката преграда. Бев преморен и набрзо заспав. Се разбудив следното утро во Аџмер околу 06.00 пред самото пристигнување. Беше студено и магливо. Човек со авто-рикша ми понуди превоз до Пушкар. После кратко пазарење се договоривме и се качив во возилото. Авто-рикшите се моторцикли опремени со покриена двоколка на крајот. Приколката немаше прозори на страните и отпозади. Човекот возеше доста брзо зошто улиците беа пусти и ветрот шибаше од сите страни. Зимското палто го оставив во Катманду зошто веќе се имав натоварено со нови евтини партали што не сакав да ги влечам по автобуси. Бев облечен во пантолони и танка блуза преку маичка со кратки ракави. Среќа што на главата носев зимска капа. Вратата во хотелот каде што имав резервирано беше заклучена и морав да поѕвонам на ѕвончето. После кратко се појави сопственикот, сеуште сонлив. Го оставив багажот во собата и повторно излегов во потрага по банкомат и место каде што ќе можам да испијам утринско кафе.

Хотелот се наоѓаше на работ на градското јадро, подалеку од езерото и главната улица. Зградите во околината беа стамбени. На највисокиот кат имаше само две соби, малечка кујна и широко предсобје каде што гостите навечер се собираа да си поприкажуваат и да се подружат, заедно со сопственикот и неколку негови другари кои често доаѓаа и секоја вечер пиеја рум, разреден со вода по индиски обичај, како што ние пиеме овошен сируп на растворање. Англичанка во рани шеесетти години, Италијанец на 85 години, Француз на 77 години и уште една Англичанка во рани педесетти години што поретко доаѓаше но секогаш кога беше тука покрај себе имаше шише со црвено вино. Сопственикот беше Индиец на 44 години, висок, слаб и со маркантно лице, со кариера на поранешен модел. Постарата од Англичанките се претстави како Лакшми што беше име на индиската божица на изобилието. Беше многу пријатна и се дружевме во текот на целиот мој престој во Пушкар. Ме запозна со Германка од грчко потекло што беше сместена во друг хотел и тројцата бевме неразделни додека Гркинката не замина за Кенија. Јас и Лакшми останавме да се дружиме и да го истражуваме местото. Понекогаш за вечера со нас доаѓаше и Французинот. Обично јадевме улична храна од уличните тезги или во малите ресторани за локални посетители викани „даба“. За вечера најчесто земавме „масала доза“, нешто како палачинка исполнета со мешавина од компир-пире и зачини. Беше послужувана во придружба од два малечки садови со некакви макала. Кога Французинот доаѓаше со нас, секогаш нарачуваше двојна порција.

Пушкар е нашироко познат по најважниот храм на светот посветен на Брама. Не го посетив зошто секогаш имаше редици од индиски туристи што чекаа на ред да влезат. Храмовите посветени на Брама беа реткост и ги имаше само неколку на светот. Во близина на градот имаше подземен извор на вода и над него беше формирано мало езерце со дијаметар од стотина метри. Целата околина беше изградена со објекти и езерото беше заградено со гатови од сите страни. Највпечатлив беше Џајпур-гат на источната страна и во вечерните часови тука се собираа локални луѓе и туристи за да го посматраат залезот на сонцето. Градот се простираше на малечкото возвишение од северната страна на езерцето и позади првите објекти на брегот се протегаше главната улица, полна со разноразни дуќани од обете страни. Ресторани, слаткарници, бутици и продавници за секакви сувенири. И покрај тоа што беше зима местото беше доста посетено од странски туристи и приметив дека речиси половината од нив беа постари од мене. Најмногу ги имаше од Франција и од Шпанија, како и од Италија. Подобрите ресторани најчесто се наоѓаа на терасите на рамните кровови од зградите, но храната беше не само поевтина туку и подобра на штандовите покрај патот. Што подалеку од главната улица, тоа беше поевтино и храната беше подобра. Таму се хранеа и локалците и ним никој не можеше да им продава лоша храна по скапа цена.

Последната вечер ја изведов Лакшми во добар ресторан. Порачавме „малаи кофта“ по нејзина желба. На крајот ја запрашав за десерт и таа посака да земеме нешто од слаткарница, меѓутоа по кратко размислување рече дека веќе подолго време се прашува што е тоа „Поздрав на Кралицата“ на менито во повеќето ресторани и ја убедив да земеме порција и да ја поделиме. Тоа беше некаков сладолед полеан со жешко чоколадо. Каснав два пати и се откажав. Ни таа не јадеше долго. Остана повеќе од половина од порцијата. Јас престанав зошто почувствував нелагода во стомакот. Утредента кога стигнав во Џајпур примив порака од Лакшми дека целиот ден го поминала в кревет зошто не и било добро. Таква беше и утрината кога си заминав....

Address

Lefce Stefanoski/Tarzan 11
Kicevo
6250

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Smooth Balkan posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Smooth Balkan:

Share

Category