Televizija Uskana

09/09/2026

ОСУ „МИРКО МИЛЕСКИ“ ВО КИЧЕВО ЈА ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО 211 УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА

05/09/2026

ВО КИЧЕВО СЕ ОДРЖА АФОРИСТИЧКО ПОЕТСКО МАТИНЕ

ОД ПРВИТЕ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА ЦРН ДРОБ ДО ДОКТОРСКА ТИТУЛА: НОВ УСПЕХ ЗА Д-Р КЕМАЛ РУШИТИВо присуство на семејството, приј...
04/09/2026

ОД ПРВИТЕ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА ЦРН ДРОБ ДО ДОКТОРСКА ТИТУЛА: НОВ УСПЕХ ЗА Д-Р КЕМАЛ РУШИТИ

Во присуство на семејството, пријателите, колегите и блиските, д-р Кемал Рушити успешно ја одбрани својата докторска дисертација, со што го заокружи својот долгогодишен академски и научен пат.

Одбраната на докторската дисертација се одржа под раководство на академскиот кадар на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Д-р Кемал Рушити е еден од најпочитуваните лекари од помладата генерација во Северна Македонија, специјалист по дигестивна и абдоминална хирургија. Неговото име е запишано во историјата на македонското здравство како дел од тимот кој ги изведе првите успешни трансплантации на црн дроб во земјата.

Како врвен практичар, хуманист и едукатор, д-р Рушити ужива голем углед меѓу своите колеги, но и меѓу илјадниците пациенти на кои им ја посветил својата професионална кариера.

Образование и професионален развој

Својот професионален пат го започнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломира со висок успех.

По завршувањето на општите медицински студии, се насочува кон една од најкомплексните и најдинамичните области на медицината – абдоминалната хирургија. Специјализацијата по дигестивна хирургија ја завршува на матичниот факултет, по што се вклучува во клиничката пракса и континуирано ги усовршува своите знаења и вештини преку професионални едукации во престижни европски и светски медицински центри.

Дел од историските трансплантации на црн дроб

Д-р Рушити е вработен на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, каде што секојдневно се соочува со најтешките заболувања на абдоминалните органи и изведува сложени и итни хируршки интервенции.

Неговиот значаен професионален успех доаѓа во ноември 2022 година и во текот на 2023 година, кога беше дел од хируршкиот тим, предводен од проф. д-р Светозар Антовиќ и д-р Љубомир Огненовиќ, кој за првпат во историјата на Република Северна Македонија изведе комплексна трансплантација на црн дроб од починат донор.

Овој историски медицински подвиг претставуваше голем чекор напред за македонското здравство и отвори нова страница во развојот на трансплантациската медицина во земјата.

Академска и научно-истражувачка работа

Покрај работата во операционите сали, д-р Кемал Рушити е активно посветен и на науката и медицинската едукација.

Избран е за асистент на Катедрата за хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што своето знаење и практично искуство им го пренесува на студентите по медицина и специјализантите.

Автор и коавтор е на повеќе научни трудови и стручни публикации од областа на абдоминалната хирургија, презентирани на домашни и меѓународни конгреси.

Признанија и општествен придонес

За својот придонес во развојот на македонската медицина, д-р Рушити и неговиот тим добија повеќе значајни признанија.

Во 2023 година, тимот на Дигестивна хирургија беше прогласен за „Тим на годината“ на манифестацијата „Мажи на годината“, а нивниот успех беше одбележан и со јавно признание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Во јавноста, д-р Кемал Рушити е препознаен по својата скромност, исклучителната посветеност кон пациентите и смиреноста во најкритичните моменти.

Неговата професионална кариера претставува пример за тоа како со напорна работа, посветеност, знаење и постојано усовршување се достигнуваат највисоките професионални стандарди.

Гордост за семејството

Ќамил Рушити, братот на д-р Кемал Рушити, ја изрази својата гордост за неговиот успех, истакнувајќи го долгогодишниот пат и сериозноста со која тој се посветил на професијата и знаењето.

„Докторатот е голема титула, но за мене како брат, поголема од титулата е гордоста што ја чувствувам за човекот, братот и професионалецот што си“, стои во посветата упатена до д-р Рушити.

Успешната одбрана на докторската дисертација претставува уште еден значаен чекор во професионалниот и научниот развој на д-р Кемал Рушити, но и момент на особена гордост за неговото семејство, колегите и сите оние кои го следат неговиот пат во медицината.

03/09/2026

ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ ВО ДРУГОВО ЈА ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО ПРОДОЛЖЕН ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

01/09/2026

КИЧЕВО/ООУ „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ-ПИТУ“ СВЕЧЕНО ГИ ПРЕЧЕКА ПРВАЧИЊАТА, ПРИСУСТВУВАШЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАНОВСКИ

26/08/2026

АТВА Хипер Маркет прославува 18 години!

АТВА Хипер Маркет денес го одбележува својот 18-ти роденден со специјални роденденски понуди и изненадувања за своите купувачи.

По повод јубилејот, во маркетот ве очекуваат гратис производи, акции 1+1, производи со подарок, како и бројни други поволности.

Од АТВА Хипер Маркет им се заблагодаруваат на сите купувачи за довербата и поддршката низ изминатите 18 години.

25/08/2026

По долгогодишна работа, учителката Светлана Петреска од ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ заминува во пензија

По тој повод, од училиштето упатија искрена благодарност за нејзиниот долгогодишен труд, посветеност, поддршка и професионален однос, истакнувајќи го нејзиниот придонес во создавањето позитивна и пријатна работна атмосфера.

Колегите ѝ посакаа добро здравје, мирни и исполнети пензионерски денови, како и многу убави моменти поминати со семејството и најблиските.
Во продолжение ви пренесуваме дел од интервјуто со учителката Светлана Петреска, реализирано во 2024 година, кога заедно со своите ученици гостуваше во програмата на ТВ Ускана.

24/08/2026

РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КИЧЕВО–ТУИН ПОДОЛГО ВРЕМЕ БЕЗ СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И СО ОШТЕТЕН КОЛОВОЗ – „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЗАДОЛЖЕНА ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ПАТОТ

20/08/2026

ТВ УСКАНА НИЗ ГОДИНИТЕ: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА РОДЕНДЕНОТ НА МУХАМЕД А.С. ВО ЏАМИЈАТА „ШЕХ СЕЛИМ“ ВО КИЧЕВО – 1999 ГОДИНА

Address

Metodia Stfeanoski
Kicevo
6254

Telephone

+38973221330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Televizija Uskana posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Televizija Uskana:

Shortcuts

Share