13/09/2026
ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ БОИ ПОВТОРНО НА ВРВОТ НА ИЛИНДЕН КУПОТ ВО СКОПЈЕ! 🔴🟡🏆
ФК Куманово Еуроспорт доминираше на турнирот во Скопје
🥇 ГЕНЕРАЦИЈАТА 2019 Е ШАМПИОН НА ИЛИНДЕН КУП! 🏆
Најмладата генерација одигра фантастичен турнир и со максимален учинок.
Победи на сите натпревари и заслужено го освои шампионскиот пехар! ❤️💛
На последниот ден од турнирот најмалите фудбалери одиграа одлично и славеа против Академија 8 од Скопје со 2:0 во 1/4 финалето, против ФК Јанг Тим од Струга со 4:0 во полуфиналето, а во големото кумановско финале ја надиграа екипата на ФК Биџо и сосема заслужено победија со 4:1 и се искачија на врвот! 🏆🥇
🥉 ГЕНЕРАЦИЈАТА 2014 СО БРОНЗЕН МЕДАЛ!
Одличен настап и за генерацијата 2014, која на патот до завршницата славеше во 1/8 финалето против ФК Биџо од Куманово со 2:0, против ФК Беласица од Струмица во 1/4 финалето со 1:0, а во натпреварот за третото место против ФК Мездра од Бугарија со 3:0. Единствениот неуспех дојде во полуфиналето, по изведување пенали против шампионот Аполон од Србија. На крајот – заслужена бронза! 🥉👏
⚽ ГЕНЕРАЦИЈАТА 2017 стигна до 1/8 финалето, каде во цврст, борбен и неизвесен натпревар до самиот крај беше поразена од ФК Азури од Радовиш.
Во ФК Куманово Еуроспорт посебно се горди и да поединечните успеси на своите фудбалери. Најдобар стрелец за генерација 2014 е Михаил Шутевски.
Најдобар стрелец во 2019 е Ромео Живиќ, а најдобар голман во 2019 е Теофил Стевковски.
👏 Огромни честитки за сите деца кои настапија на турнирот, за борбеноста, желбата и достоинственото претставување на црвено-жолтите бои! ❤️💛
🏆 Уште еден пехар, уште еден медал и уште еден успешен турнир за ФК Куманово Еуроспорт! 🇲🇰⚽
❤️💛 БРАВО ДЕЦА!
Р.П.