28/08/2026
🎙️ Нова серија: Безбедни Училишта — Каде е границата?
Епизода 1: Врсничко насилство – реалност или илузија?
Дали секоја „шега“ навистина е само шега? Кога започнува врсничкото насилство и како можеме да го препознаеме?
Во првата епизода разговараме за:
🔹 Што претставува врсничкото насилство?
🔹 Кои се неговите најчести форми?
🔹 Зошто младите често молчат?
🔹 Како секој од нас може да помогне и да придонесе за побезбедна училишна средина?
🎧 Слушнете ја епизодата и бидете дел од разговорот за создавање средина во која секој млад човек ќе се чувствува безбедно, прифатено и почитувано.
📌 Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Локална Самоуправа на Општина Прилеп. Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот.