27/05/2026
🌟 Инклузивна промоција на сликовницата „ГОЛЕМИОТ СОН“ 🌟
📖 Текст: Денис Јанкуловски – Космонаутко
🎨 Илустрации: Алексеј Костовски
📅 Сабота
🕔 Од 17:00 часот
📍 Во дворот на Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода
💙 Ве покануваме на една посебна, инклузивна и инспиративна промоција исполнета со музика, насмевки и големи соништа!
🎤 На промоцијата ќе настапат:
✨ Дац и Александар
✨ Инспирацијата за главниот лик во сликовницата – Ана Витанова
✨ Марија Савеска
✨ Беира Беки Салифоска
✨ И многу Другарки и Другари 🫶
📚 „Големиот сон“ е приказна за девојчето Тина, која ја сака музиката повеќе од сѐ! 🎶
Таа пее насекаде – додека си ги мие забите, го храни маченцето Папи 🐱 и го шета кучето Бела 🐶 во својата сина количка со нотички на тркалата. Нејзиниот најголем сон е еден ден да стане вистинска ѕвезда ⭐
Кога добива покана да пее на фестивал, Тина учи дека со храброст, добри пријатели и верба во себе – секој сон може да стане реалност 💫
📘 „Големиот сон“ е во издание на „Прозарт медиа“, а објавувањето е поддржано од:
🤝 „Зегин“ и Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“,
🤝 „Шпаркасе Банка“,
🤝 „Пакомак“,
🤝 Министерството за култура и туризам,
🤝 „Сити Флауерс“ и „Дата Понс“.
Промоцијата се организира во соработка со Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода.