ЛокалАктив

ЛокалАктив МЕДИУМ НА ЗАЕДНИЦАТА (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

#ЛокалАктив е алтернативен медиум, независен од државата и огласувачите, чија мисија е да им овозможи на припадниците на локалните заедници пристап до медиумите и учество во создавањето медиумски содржини кои се поинакви од оние во главните медиуми, ставаат акцент врз себепретставувањето и придонесуваат за различноста на гледишта во јавната сфера.

Медиумот на заедницата Локал Актив е „медиум на з

аедницата“. Идејата е тој да ги канализира проблемите на граѓаните од Источниот и Југоисточниот регион и да ги кристализира во јасни барања насочени кон структурите на институционална моќ – оние кои имаат надлежност да ги решат.

Мислиме дека тоа е благородна идеја. Таа е замислена како децентрализиран терен на кој може слободно да се конструираат локални идентитети и солидарност за промена на амбиентот во кој сите живееме. Јасно ни е дека поради општествената хетерогеност постојат различни, често дури и спротивни погледи на нештата, кои ние немаме намера да ги пригушуваме. Но, оваа слобода има граница, а границата е оваа:

Ги цитираме (1) Кривичниот законик и (2). Закон за спречување и заштита од дискриминација, кои ви нудат објаснување, зошто постовите во кои се шири омраза ќе бидат избришани од коментарите на оваа страница кога е бидат детектирани.

Одговорноста е на прво место! Ако не веруваме во ова, тогаш и малите џебови слобода, еднаквост, разбирање и пристојност, ќе се претворат во истата жива кал како и остатокот од она што е познато под името „јавна сфера“.

1. Кривичен законик
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Член 394-г
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. (3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

2. Закон за заштита и спречување од дискриминација

Член 5 Дискриминаторска основа
Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа (во натамошниот текст: дискриминаторска основа).

Член 6 Дефиниција на дискриминација
Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.

Член 9 Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација
Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација е секоја активност со која посредно или непосредно се повикува, охрабрува, дава упатства или поттикнува да се изврши дискриминација врз дискриминаторска основа.

10/11/2025

🔵 Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион

Средбите се дел од пошироката серија на теренски активности што RESIS Institute ги реализира во повеќе општини низ земјата, со цел да ги чуе гласовите на граѓаните, да ги идентификува локалните проблеми и да помогне истите да бидат формулираат како јасни општествени барања упатени кон институциите.

🔵 Прочитај повеќе на овој линк: https://resis.mk/vesti-i-nastani/184-sredbi-so-graganite-vo-delcevo-i-berovo-lokal-aktiv-go-zasiluva-graganskiot-angazman-vo-istocniot-region

⭕ Текстилната индустрија во Македонија на смртна постела #бараме од Министерство за труд и социјална политика (Министерс...
29/08/2025

⭕ Текстилната индустрија во Македонија на смртна постела

#бараме од Министерство за труд и социјална политика (Министерство за економија и труд) , во координација со синдикатите, граѓанските организации и експертите да се донесе Национална стратегија за трансформација на текстилната индустрија;
#бараме од Министерство за труд и социјална политика (Министерство за економија и труд), Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции да донесат мерки за поддршка на домашното производство и развивањето сопствени брендови;
#бараме од општините во Источниот регион да донесат локални и регионални планови за индустриски развој;
#бараме од Министерство за труд и социјална политика (Министерство за економија и труд) и Агенцијата за вработување да работат на развој на човечките ресурси;
#бараме од Влада на Република Северна Македонија, Фонд за иновации и технолошки развој и Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance, при развивањето на стратегијата и конкретните мерки да ги имаат предвид принципите за одржливост, зелена економија и транспарентност.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

⭕ Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Град...
27/08/2025

⭕ Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата Лето во друштво, чиј носител во изминатите две недели беше Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска од Скопје.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата Лето во друштво, чиј но....

⭕ Од Пониква рехабилитацијата на повредените од  „Пулс“ се сели во болницитеЗаврши рехабилитацијата на повеќе од 150  по...
25/08/2025

⭕ Од Пониква рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ се сели во болниците

Заврши рехабилитацијата на повеќе од 150 повредени во пожарот во кочанската Пулс, што изминатите два месеци се одвиваше во одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи (МВР) на планината Пониква. Лекарскиот тим е задоволен од напредокот во заздравувањето на изгорениците кај овие млади луѓе, кои понатаму со лекувањето ќе продолжат во Општа болница во Кочани и во Клиничка болница – Штип.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Заврши рехабилитацијата на повеќе од 150  повредени во пожарот во кочанската Пулс, што изминатите два месеци се одвиваше во одмаралиштето на Министерството за внат....

⭕ Бевме во право, победа на правдата – велат од „Здрава котлина“ по добивањето на арбитражата за „Казандол“По објавата д...
22/08/2025

⭕ Бевме во право, победа на правдата – велат од „Здрава котлина“ по добивањето на арбитражата за „Казандол“

По објавата дека државата го доби спорот на арбитражниот суд за случајот со рудникот Казандол, екологистите од Здрава котлина најавуваат дека бробата продолжува, но при тоа прашуваат – кој ја саботираше државата?

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

По објавата дека државата го доби спорот на арбитражниот суд за случајот со рудникот Казандол, екологистите од Здрава котлина најавуваат дека бробата продолжува, ....

⭕ Oд оваа студиска година на Универзитетот во Штип ќе може да се студира Фармација и на англиски јазикОд денес се отворе...
21/08/2025

⭕ Oд оваа студиска година на Универзитетот во Штип ќе може да се студира Фармација и на англиски јазик

Од денес се отворени над 2.100 места за редовни и 800 места за вонредни студенти на 12 факултети и три академии на Универзитетот Гоце Делчев (УГД) во Штип. Почнаа уписите на кои им претходеше електронско пријавување. Идните студенти од денес и во следните два дена ќе можат да ги донесат документите во приемните центри во Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци и Гевгелија.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Од денес се отворени над 2.100 места за редовни и 800 места за вонредни студенти на 12 факултети и три академии на Универзитетот Гоце Делчев (УГД) во Штип. Почнаа уписите ...

⭕ Три пратки на компресивна облека и 4,6 милиони денари донации од Support Kocani за повредените од „Пулс“Хумани граѓани...
21/08/2025

⭕ Три пратки на компресивна облека и 4,6 милиони денари донации од Support Kocani за повредените од „Пулс“

Хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората донирале вкупно 4.594.345 денари на наменската сметка што ја отвори граѓанската иницијатива Support Kocani за повредените од дискотеката Пулс.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората донирале вкупно 4.594.345 денари на наменската сметка што ја отвори граѓанската иницијатива Support Kocani за...

⭕ Возот за Кочани веќе четири години е „на поправка“Таканаречениот „Шпански воз“. кој секој ден со два возни реда доаѓаш...
19/08/2025

⭕ Возот за Кочани веќе четири години е „на поправка“

Таканаречениот „Шпански воз“. кој секој ден со два возни реда доаѓаше и заминуваше од Кочани преку Штип и Велес, чека на дизел мотор, додека уште пред шест месеци министерот за транспорт и врски Александар Николоски, најави дека амбиција на Владата е да пушти возови за Кичево и Кочани.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Возот на релација Скопје – Кочани не сообраќа од мај 2021 година, откако локомотивата се расипа и замина на ремонт. Таканаречениот „Шпански воз“. кој секој ден со дв....

⭕ По одморот — отказ за десетици штипски работничкиНаместо на машините, повеќе десетина работнички во штипска конфекција...
18/08/2025

⭕ По одморот — отказ за десетици штипски работнички

Наместо на машините, повеќе десетина работнички во штипска конфекција останаа во дворот на погонот, откако по завршувањето на двонеделниот одмор наишле на затворени работи. Наместо некој да им објасни, ги дочекало писмено известување дека поради тешкотии во работењето и заминувањето на странскиот партнер, остануваат без работа.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Наместо на машините, повеќе десетина работнички во штипска конфекција останаа во дворот на погонот, откако по завршувањето на двонеделниот одмор наишле на затворе...

⭕ ЦГК: Штип и Струмица во Топ 10 општини во државата со најголеми вредности на тендерите, а Дојран со максимални 675 евр...
18/08/2025

⭕ ЦГК: Штип и Струмица во Топ 10 општини во државата со најголеми вредности на тендерите, а Дојран со максимални 675 евра по жител

Во три општини од Источниот и Југоисточниот регион – Штип, Струмица и Виница во 2024 година значајно пораснала вредноста на јавните набавки, додека во регионалните центри – Штип и Струмица зголемени се и вредностите на поединечните тендери. Овие две општини се наоѓаат и во Топ 10 општини по најголеми вредности на тендерите за изминатата година.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

Во три општини од Источниот и Југоисточниот регион – Штип, Струмица и Виница во 2024 година значајно пораснала вредноста на јавните набавки, додека во регионалните ц...

⭕ На Дојранското езеро му се заканува нова еко катастрофаЗагрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро кое со...
14/08/2025

⭕ На Дојранското езеро му се заканува нова еко катастрофа

Загрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро кое со метри е повлечено од плажите.

⭕ Прочитај на #ЛокалАктив 🔻

„Загрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро кое со метри е повлечено од плажите. Тоа е метар под дозволените граници“, вели првиот човек на Општина Д...

⭕ Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општестве...
13/08/2025

⭕ Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, RESIS Institute продолжува со поддршката на онлајн медиумите на заедницата ЛокалАктив Исток и ЛокалАктив - Вардар, кои се фокусираат на теми и прашања релевантни за граѓаните од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион.

Целта на иницијативата Локал Актив, како и на самиот проект е: (1) да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Северна Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работни листи на новинари на Локал Актив Исток и на Локал Актив Вардар, од кои потоа ќе можат:

➡️ да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите Локал Актив Исток и Локал Актив Вардар,
➡️ да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
➡️ да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на шема на суб-грантирање.

⭕ Прочитај повеќе⬇️

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, Институтот РЕСИС продолжува со...

Address

Orce Nikolov
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛокалАктив posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ЛокалАктив:

Share