10/10/2025
Stratasys TrueDent стигна во Европа!!!
Stratasys, глобален лидер во 3D технологии (NASDAQ: SSYS), официјално го претстави TrueDent-D™ смола на европскиот пазар. Ова е одлична вест за денталните лабаратории и стоматолози, бидејќи конечно овој тип на дигитално производство на забни протези сега е достапно во сите земји на Европа.
Што е TrueDent™?
TrueDent™ претставува монолитно, во повеќе бои решение за дигитално производство на протези. Оваа смола обезбедува персонализирана изработка на високо естетски и функционални протези, со смалување на трошоците и времето на производство. После големиот успех во Америка, TrueDent™ сега влегува на Европскиот пазар со цел да се трансформираат традиционалните дентални лабаратории во дигитални центри.