01/04/2026
Во 2025 го спроведовме особено драгиот проект ШАРЕНИ ЧИТАНКИ, поддржан од Град Скопје.
Спроведовме 19 работилници во следните детски градинки: ЈУДГ „Весели Цветови“ (општина Кисела Вода), ЈУДГ „Распеана младост“ (општина Карпош), „Мини фини буџетчиња“ (општина Центар), ЈУДГ „Корчагин“ (општина Центар), ЈДГОА „Срничка“ (општина Аеродром), ЈУОДГ „Пролет“ (општина Карпош – Влае), ЈУДГ „Осми Март“ (општина Кисела Вода) и ЈУГД „Детска радост“ (општина Гази Баба), како и основното училиште ООУ Војдан Чернодрински (општина Карпош), и беа вклучени над 700 деца.
Работилниците ги водеше Марија Павлеска Јанкулоска, Мама(ми)чита и беа насочени кон поттикнување читателски навики кај децата од предучилишна возраст и развој на емотивна интелигенција.
Работилниците беа инспирирани од сликовницата „Ѕверче од бои“ на Ана Лјенас и беа споделени и работни материјали од боенката „Ѕверче од бои“.
❤
🧙