09/09/2026
📚 Ви го претставуваме нашето најново издание - „Црните дланки на татко ми“ од германската авторка Лена Шете која викендов ни гостува во Скопје.
Една девојка од сиромашно работничко семејство раскажува приказна за животот на својот татко. Понекогаш ѝ се чини како тоа да се, всушност, двајца татковци. Едниот може да трча бргу, ги знае најдобрите места за криење кога играат и измислува одговори на сите прашања на ќерката. А другиот пие толку многу што во фабриката каде што работи веќе не му дозволуваат да работи со машини за да не си ја отсече раката...
„Црните дланки на татко ми“ е искрен портрет на една млада жена што се обидува да ги разбере класните и социјалните окови во кои живее и се распаѓа нејзиното семејство.
Преводот од германски на македонски јазик е на Катерина Шекутковска. За лектурата се погрижи Оливера Андоноска, а дизајнот и графичкото уредување е на Ема Велковска и Марија Смилевска. Уредник на изданието е Ведран Диздаревиќ.
📍Книгата ќе биде достапна на промоцијата - 12 септември, 19 часот во Лабораториум.