Forever Macedonia

Forever Macedonia Вистината на Македонија
Донации преку PayPal: [email protected]

Затоа што сме меѓу првите приватни интернет радио станици во земјата со преку 25 години непрекинато постоење.Радио KISS FM е ќе ја задржи препознатливоста во брзината и квалитетот на објавување на сите музички вести и настани од Македонија и целиот свет. Сите музички вести на едно место, не дозволувајте другите да ви раскажуваат, дознајте секогаш први.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Во Ваташа во 1913 г. е објавено дигање на Тиквешкото востание против српскиот окупатор.Тиквешкото востани...
12/06/2026

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Во Ваташа во 1913 г. е објавено дигање на Тиквешкото востание против српскиот окупатор.

Тиквешкото востание, кое долго време било табу-тема и за историчарите, е прво востание во Македонија по Илинденското, дигнато десет години по Илинден против новиот српски окупатор.

Тиквешкото востание е објавено на 12 јуни 1913 година во кавадаречкото село Ваташа. На ова му претходела реонски собир кој се одржал од 28 до 30 мај истата година во селото Бегниште. На реонската конференција присуствувале 60 претставници на речиси сите села од Тиквешијата, на која била донесена одлука за кревање на востание.

Тиквешкото востание почнало со сигнални огнови по селата, какви што се вивнале во Мрежичко и во Рожден, најавувајки ја борбата против новиот српски окупатор кој ја заменил османлиската окупација.

Првата вооружена акција била на 19 јуни, потоа било ослободено Кавадарци како и селата од десната страна на Вардар од Демир Капија до Рожден.

Слободните седум денови биле прославени со народна веселба и со собирање помош за востаниците.

Во Тиквешкото востание за слобода на Македонија загинале околу 1.000 тиквешани од кои на 500 имињата со сигурност им се знаат, меѓу кои голем број се и жени, деца и старци, кои биле убиени, заклани и имало и живи изгорени. Освен тоа, српската окупаторска војска, за да го наплаши населението на колје врзала 150 тиквешани во центарот на Кавадарци и биле оставени да висат 30 часа под пеколното сонце. Потоа заедно со уште 50 други кавадарчани биле одведени во месноста Полјаната и таму биле стрелани. Запалени биле над 1.000 куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Српската окупаторска војска извршила голем терор и во реонот на Криволак, каде бил извршен колеж, а има сведоштва дека во фурни биле горени и деца за да го заплашат народот.

Отпор кон новиот терор и асимилацијата

Тиквешко востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт која ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на ВМРО, а потпомогнато од нивните чети.

Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението за асимилација и посрбување на Македонците. Тие упатиле јавна закана до населението дека секој што ќе се спротивстави на новата српска власт ќе биде погубен.

Процесот на асимилација на Македонците започнува со протерување и апсење на сите дотогашни бугарски учители и егзархиски свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата бил воведен српскиот јазик. Засилениот терор на новата окупаторска власт го засилил и револтот на населението, не само кај првенците, туку и кај обичните жители.

На востанието му претходеле неколку настани кои особено го зголемиле револтот.

Српската полиција го убила Александар Видов, член на ВМРО и на општинската управа во Кавадарци. Сурово била мачена и бабата Наца Пинџурова, мајка на револуционерот Димитар Пинџуров и баба на народниот херој Страшо Пинџур. Млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба била силувана од српскиот поручник Милан Крековиќ, а била убиена и цела турска фамилија од педесетина членови, меѓу кои и деца итн.

Ослободени Неготино, Кавадарци и 50-тина села

Со поддршка на ВМРО било свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај кои учествувале и во Илинденското востание. Меѓу нив биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од кои 200 биле обични граѓани кои првпат зеле пушка в рака, а останатите биле комити од четите на ВМРО.

Востанието започнало на 19 јуни, а покрај Неготино и Кавадарци, ослободени биле и 50-тина села во Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги нападнале и ги протерале српските војски од Неготино.

Набргу српските власти испратиле засилувања од околните села кон Неготино, но сите биле разбиени. Востаниците продолжиле понатаму и успеле да ги протераат српските власти од општинската зграда во Кавадарци, го симнале српското знаме и го поставиле тиквешкото револуционерно знаме.

На 20 јуни било одржано и свечено собрание на кое била избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само седум дена.

Набргу српските окупаторски власти испратиле бројна војска, предводена од одродените Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска им дошол и башибозук на Јаја Ага, со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев биле оставени сами да се соочат со побројната српска војска.

Овој значаен настан од историјата на Македонија, долго време бил табу тема, не само за граѓаните туку и за историчарите. Неправедно му се калемеле бугарски карактеристики на овој македонски бунт за слобода против новиот окупатор, а настанот се заташкувал веројатно и од причина да биде истиснат од меморијата на Македонците во интерес на братсвото и единството во бившата заеднича држава СФРЈ.

Според спомените на самите учесници во востанието, како и според македонските историчари д-р Зоран Тодоровски, д-р Александар Апостолов, Петре Камчевски и други, ова востание има чист македонски карактер, односно тоа претставува народен отпор против политиката на новиот српски окупатор.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

СМРТТА ГО ПОБЕДИ НЕПОБЕДЛИВИОТ АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ - ГРОБОТ И ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА !!!Вечерта на...
10/06/2026

СМРТТА ГО ПОБЕДИ НЕПОБЕДЛИВИОТ АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ - ГРОБОТ И ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА !!!

Вечерта на 10 јуни спроти 11 јуни во 323-та година, во древниот Вавилон, во 33 година од животот, од досега непознати причини умира Александар Македонски, еден од најпознатите војсководци и освојувачи во историјата. Неговиот гроб е вечна мистерија за археолозите и историчарите.

Александар III Македонски бил македонски цар од династијата Аргеади. На возраст од 16 години веќе учествува во воените походи на неговиот татко Филип II. Две години по славната битка кај Херонеја, откако е зацврстена македонската власт во грчките градови полиси, умира Филип II.

Александар застанува на чело на македонското царство, и освојувајќи ја речиси целата територија која догаш била позната, тој изведува еден од најголемите воени походи во историјата. Покрај неговиот освојувачки дух, Александар Велики во историјата е препознаен и како еден од најголемите градители. Во времето на неговото владеење, покрај освоените градови од Македонија до Индија, се проценува дека има изградено околу 70 градови.

По неговата смрт, настанале превирања за престолот на империјата по што избувнуваат и внатрешни војни. Подоцна македонската империја е поделена на три држави и династии: Птоломејската династија во Египет, Антигонидската династија во Македонија и Селевкидската династија на Блискиот Исток.

Неговиот гроб останува непознат. Се смета дека телото му било однесено во Александарија, па дури постојат и некои гравури за тоа како Цезар, кога му се поклонувал, од невнимание му го откинал носот. Според една теорија, остатоците од телото на Александар и денес се наоѓаат во египетскиот град, но во просторија која од три страни е непристапна, а од четвртата е заградена со ѕид од џамија поради што до неа не може да се пријде.

Пред десетина години македонскиот археолог и тогашен директор на Управата за културно наследство, Паско Кузман, искажа можност Александар да е закопан на Пеонските гробишта близу до Марвинци.

Македонскиот истражувач на античкиот период, Паскал Камбуровски, по потекло од Егејска Македонија, протеран во Полска, па потоа преселен во Скопје, инаку автор на две книги за Александар и неговиот гроб, односно за мајка му Олимпија, е сигурен дека гробот на војсководецот се наоѓа на тие гробишта, па дури тврди и дека го знае местото каде треба да се ископува. Тоа е влезот во брдото крај базиликата на гробиштата, што, според него е сосема природно и логично место за погреб на царот.

Според Камбуровски, откако погребната поворка со телото на Александар тргнала кон Александрија, стигнала наредба од неговата мајка Олимпија телото да биде однесено во Пела и таму да биде погребано. За таа цел била направена уште една кочија и уште еден ковчег, со тоа што лажната поворка продолжила кон Александрија, а вистинската кон Македонија.

Но, токму тогаш Пела била опколена од противниците на Александар, па според Камбуровски, телото морало да биде погребано во најблиското место до Пела, каде подоцна, се надевала Олимпија, ќе може да биде крунисан синот на Александар, односно неговиот наследник. Има две такви прифатливи места за погреб на Александар, а кои се блиску до Пела – едното е Хераклеа, а другото се Пеонските гробишта. Според Камбуровски, Херакела како можност отпаднала, па Александар бил закопан крај Марвинци. Влезот во брдото, каде според него е закопан војсководецот, е обложен со некакви тули во подоцнежното римско време и затрупан со камења и земја.

Еден месец по загинувањето на Гоце Делчев, во Охридско подмолно е убиен струшкиот војвода Наум Чакаров – Лондра.На 4 јун...
04/06/2026

Еден месец по загинувањето на Гоце Делчев, во Охридско подмолно е убиен струшкиот војвода Наум Чакаров – Лондра.
На 4 јуни 1903 година, еден месец по убиството на македонскиот великан Гоце Делчев, во Охридско е убиен и струшкиот војвода Наум Чакаров- Лондра.

Подмолното и мистериозно убиство на војводата Чакаров се случило во близина на манастирот Св. Стефан, во месноста Гумниште. Чакаров, кој бил наречен Лондра е македонски учител, војвода и член на Охридското револуционерно началство и бил горски началник на Охридската околија.

Тој е македонски деец, роден во Струга во 1869 година, член на Внатрешната македонска револуционерна организација, и како и многу други македонски револуционери присвојуван од бугарските историчари.

Стружанецот Чакаров, роден во Османлиската империја, завршил педагошки курс во Солунската машка гимназија и во 1885 година IV клас во гимназита во Битола, а потоа работел како учител во Струга.

Во 1890 година заминал во Бугарија каде во бугарската армија стекнал воена обука, а извесен период работел како учител во селата Сестримо и Живково.

Но, кон крајот на 1896 година се врќа во Македонија во родната Струга и станува член на струшкиот комитет на ВМРО.

Есента во1901 година се вработува како учител во Охридската прогимназија, во 1902 година е избран за секретар на околискиот комитет на ВМРО во Охрид.

Војводата Чакаров на Смилевскиот конгрес во 1903 година, еден месец пред да биде убиен, е избран за охридски реонски началник.

Неговото убиство е мистериозно и неразјаснето, а според некои наводи убиен е по грешка од четник на организацијата на брегот од Охридското Езеро.

03/06/2026
Оваа историска карта го истакнува Кралството Македонија и нејзините региони во античко време на  Балкан, и една од највл...
02/06/2026

Оваа историска карта го истакнува Кралството Македонија и нејзините региони во античко време на Балкан, и една од највлијателните цивилизации во античко време. Македонија се издигнала под водачи како Филип II и Александар Велики, чии освојувања помогнале во ширењето на културата низ огромни територии од Европа до Азија.

This historical map highlights the Kingdom of Macedonia and these regions in ancient times in the Balkans, and one of the greatest civilizations of ancient times. Macedonia rose under leaders such as Alexander the Great and his major cities in the spread of culture throughout the Philippines through Europe to Asia.

19/05/2026

ЗА МАКЕДОНИЈА

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа...
09/05/2026

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Слава им на осумтемина македонски полицајци кои загинаа во терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље

Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија, а во турските тефтери е запишано за најкомитско во Костурско, а во 1927 го...
08/05/2026

Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија, а во турските тефтери е запишано за најкомитско во Костурско, а во 1927 година да денешен ден Грција му го сменила името во Кристалопиги.

Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од град Лерин и на 38 километри северозападно од Костур, во подножјето на планината Корбец во областа Корешта. Смрдеш е на три километри од грчко-албанската граница. Според месни преданија почетното место на селото било во месноста Селиштето, но по голема чума било изградено на новото место.

Селото се споменува за прв пат во османски дефтер од 1530 година под името Исмирдеш со 53 домаќинства. По 1900 година жителите на селото, заедно со жителите на село Дмбени играат водечка улога во борбите на ВМОРО. На 8 спрема 9 мај 1903 година редовна турска војска го напаѓа селото.

Причина за тоа е, дека пред повеќе од месец во селото е видена четата на Борис Сарафов. 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца) се убиени, 300 куќи се изгорени, заедно со 2 училишта и 19 дуќани. 50 души се ранети, силувани се 35 жени. 1500 души остануваат без покрив. Во 1903 година учителка во селото е Викторија Михајлова од Прилеп.

За време на Илинденското востание селото одново е ограбено, мнозина негови жители се претепани, а на други им се отсечени ушите.

Сеќавање на еден жител:
„ турците го изгореа, го изгореа два пати зашто селото беше комитско. Оттаму имаше многу војводи - Васил Чекаларов, Пандо Кљашев и други имаше... Имаше многу отепани, над сто души. “

Во 1903 година во куќата на смрдешкиот жител Иљо Истанин, Лаки Поповски создава нелегална леарница и склад за бомби, преместена по опожарувањето на селото во Дмбени. 1911/1912 година во Смрдеш има 209 куќи со 989 жители и функционира училиште со 3 учители.

За време на Балканската војна 42 души од Смрдеш се вклучуваат како доброволци во Македоно-одринското оолчение. Во војната селото е окупирано од грците. По Првата светска војна многу жители на Смрдеш се селат во Бугарија, САД, Канада и Австралија. Во 1906 година во Медисон, Илиноис преселените од Смрдеш создаваат свое благотворно и просветно друштво наречено „Пандо Кљашев“.

Селото страда за време на Втората светска војна, а за време Грчката граѓанска војна сите жители се селат во Југославија и другите социјалистички држави. Во пописот од 1951 година е заведено за запуштено. Покасно грчките власти населуваат номадски влашки семејства.

Пописи:
1913 - 1 488 жители
• 1920 - 718 жители
• 1928 - 598 жители
• 1940 - 624 жители
• 1951 - 0 жители
• 1961 - 364 жители
• 1971 - 309 жители
• 1981 - 265 жители
• 1991 - 213 жители

Во чест на 7 мај 1903-та и Смилевскиот конгрес на ТМОРО.Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 го...
07/05/2026

Во чест на 7 мај 1903-та и Смилевскиот конгрес на ТМОРО.

Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај.

Овој датум е избран за Ден на македонската полиција од Владата на тогашниот премиер Никола Кљусев, во чест денот од 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.

Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, а најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во демирхисарското село Смилево. Жителите на родното Смилево на Даме Груев ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.

Затоа месното раководно тело, на чело претседателот Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.

Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.

Одделенија од по три-четири комити биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.

Токму затоа е избран 7 мај како Ден на македонската полиција, во чест на настанот од 1903 година и зачетокот на организирана безбедност на населението и делегатите на Конгресот.

На денешен ден, 6 мај 1924 година во Виена, ВМРО издала Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционер...
06/05/2026

На денешен ден, 6 мај 1924 година во Виена, ВМРО издала Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО .

Во него како главни цели на револуционерната борба биле фиксирани „ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница“ и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која „единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна

Македонија и независноста на другите балкански народи“ и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили.

Во документот македонскиот народ се третира како самостоен народ на Балканот без дилеми и конфузии за неговата самобитност. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Комитерната и Македонската федеративна организација (организација на македонската емиграција во Бугарија). Потписници на манифестот се членовите на Централниот комитет на ВМРО, Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.

Со Мајскиот манифест кон македонскиот народ и емиграција, раководството на ВМРО повикала на борба за ослободување и обединување на раскинатите делови од Македонија. Документот бил апел до сите, леви и десни револуционерни сили да се обединат за создавање единствен македонски револуционерен фронт. Овој документ ја поставува визијата за автономна Македонија, можеби како дел од поширока федерација, но, не и како дел од некоја друга балканска држава.

По објавувањето на Мајскиот манифест поради турбулентните околности кои ги носело тоа време, Тодор Александров се откажал од сопствениот потпис на манифестот. Некои историчари сметаат дека тоа се должело поради неавтентичноста на Манифестот кој Александров го потпишал и оној кој бил подоцна објавен.

Во тој период ВМРО имала затегнати односи со бугарскиот премиер Александар Цанков. Набрзо потоа Тодор Александров е убиен. Контроверзите за овие настани и денес не се целосно обработени и разјаснети од историчарите, а ќерката на Тодор Александров има опишано во какви околности нејзиниот татко се откажал од потписот на Мајскиот манифест.

-Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава, изјавила Марија Коева, ќерка на Тодор Александров

Address

Mühlenstraße 76
Skopje
13187

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Forever Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Forever Macedonia:

Share