02/06/2026
🎬 Вечерва започнува „Патувачко кино“ во Општина Центар!
Од 20:00 часот во Парк Капиштец и од 21:00 часот кај ООУ „Кочо Рацин“, најмладите ќе можат бесплатно да го проследат македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“.
Во периодот од 2 до 13 јуни, центарските паркови ќе бидат место за филм, дружење и забава под отворено небо. За сите деца се обезбедени пуканки и сокче.
Повелете со вашите најмили и уживајте во убавите летни вечери исполнети со смеа, дружба и позитивни пораки. 🌟
#ЗвукотНаИднината #ПоддршкаЗаМладите #РокКултура #МузикаЗаИднината