24/10/2023
Во рамките на фестивалот за планински филм ЕХО, во четврток 26.10.2023, во фоајето на кино Фросина, ќе бидат изложени некои од делата и проекција на кратокиот експериментален филм - “Хала”, кои беа изработени за време на второто издание на ЦИА - Центар за Интердисциплинарни Активности во с. Растојца, Демир Хисар од 15 - 18 јуни.
Во четврток 26.10.2023, во фоајето на кино Фросина, ќе бидат изложени некои од делата и проекција на кратокиот експериментален филм - “Хала”, кои беа изработени за време на второто издание на ЦИА - Центар за Интердисциплинарни Активности во с. Растојца, Демир Хисар од 15 - 18 јуни.
Настанот е организиран и во продукција на ОПИУМ Филм.
Центар за Интердисциплинарни Активности е номадска резиденција односно центар којшто секоја година истражува нови простори, места и природа низ Македонија. Целта на ЦИА е да овозможи простор на учесниците да престојуваат, творат, истражуваат, се запознаваат, споделуваат, остваруваат соработки и слободно креираат чисти дела, надвор од комфорт зоната и надвор од конвенционалното создавање на уметност. Природата е во фокуост на интердициплинарната програма и главниот двигател и инспирација на учеснциците. Дел од досегашните работилници и активности коишто се одржаа на првите две изданија на ЦИА се:
Експериментален, документарен филм, креативна продукција, музика, современ танц, звук, креативност, стоп анимација, сликање, аналогна и дигитална фотографија, дигитализација и реставрација на филм, планинарење, јога, проекции на филмови, музички концерти, slow food, изложби на дела и фотографии.
Првите две изданија на ЦИА се одржаа во различни планински предели, а третото издание ќе се одржи во периодот мај-јуни 2024 година во Преспа.
По завршувањето на резиденцијата, не завршуваат и активностите на ЦИА, однонсо преку целата година ЦИА ги промовира и афирмира учесниците со нивните сработени дела на различни партнерски настани, фестивали, изложби и концерти.
Второто издание на ЦИА беше поддржано од Министерство за култура и Витаминка, во соработка со Кинотека на Македонија, Кино Балкан, Бич Филм Фестивал, Фестивал за алтернативна фотографија Зрно, ПЕГ Турниме да кинисам и Персона Филм Продукција.
“Хала” - краток експериментален филм на Ангела Грозданов и Магдалена Донеска.
Логлајн: Прашањето за човековата деструктивна природа, човековата кохеренција со природата, прикажан преку словенското митолошко суштество хала, ламја. Се движи под земја, се крие во стомните и корите од дрвјата, го маѓепсува селанецот и буди зло, живее како симбол за дејството што го уништува колективот, ненамерно и неконтролирано.
Музика: Андреј Татарчевски; Алембик, Виктор Танасковски и Ива Дамјановски;
Актери во филмот: Мартина Рмуш, Ема Величковска, Лина Гегоска.
Благодарност: Ќиро Сотировски, Валентино Апостоловски, Сара Луческа, Баклава, Дарко Торбовски.
Филмот е изработен за време на работилницата за експериментален филм на 2.Центар за Интердисциплинарни Активности 2023, с. Растојца, Демир Хисар, под менторство на Кирил Каракаш, Светислав Подлешанов и Илија Павлов.
Филмот е во продукција на ОПИУМ ФИЛМ и Центар за Интердисциплинарни Активности.
Изложби:
“Извор” - аналогна црно бела фотографија.
Автор: Сара Луческа
“Фреквенции” - техника марбал инк, акварел и акрил.
Автор: Мартина Рмуш
“Време” - дигитална црно бела фотографија.
Автор: Ангела Здравковска