Издавачка куќа Темплум

Изданијата на ТЕМПЛУМ може да ги најдете во книжарниците на Три, Или-или, Литература.мк, Полица, Бункер, Буква, Антолог, Култура и на kupikniga.mk.

Можете да нарачате и директно од нас, за достава, во инбокс или на мејлот [email protected].

За сите информации тимот на Темплум ви е на располагање.

📣 ДРУГ НОВИТЕТ ВО ЕДИЦИЈАТА МАГМА!🏮 „Човекот со дрвена нога бега од затвор“, од американскиот поет, прозаист, уредник и ...
12/07/2025

📣 ДРУГ НОВИТЕТ ВО ЕДИЦИЈАТА МАГМА!

🏮 „Човекот со дрвена нога бега од затвор“, од американскиот поет, прозаист, уредник и професор Џејмс Тејт, претставува избор од неколку негови збирки.

💬 „Нови згради никнуваат насекаде низ градот, големи згради, а јас не знам што ќе биде ниедна од нив, и тоа ме плаши. А чудно е тоа што никој не ги спомнува, ни со збор. Како да не ги гледаат. И нема ништо за нив во весниците. Еден ден се возам по Патот 9 и се градат три згради. Неколку дена подоцна ги има шест. Уште неколку дена после ги има девет. Се шират како спори, но големи се.“ (извадок од книгата)

🔗 Прочитајте повеќе на https://templum.mk/човекот-со-дрвена-нога-бега-од-затвор/

🛍 Книгата ќе ја најдете викендов на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во КЦ „Јадро“ или со нарачка преку порака

Во Јадро викендов има мала изложба на десетте плакати на книжевниот фестивал Друга приказна.
12/07/2025

Во Јадро викендов има мала изложба на десетте плакати на книжевниот фестивал Друга приказна.

Викендов, одд 11 до 13 јули, во културниот центар Јадро ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и ...

11/07/2025

Вака си помина Ана на промоцијата на сетот ПРИЈАТЕЛИ од „Добро прашање“. 🙈

🎤 Придружете ни се вечер во КЦ „Јадро“, во 21 ч., во претставувањто на вториот сет ФАМИЛИЈА. Николина Андова Шопова, Симона Јованоска, Ива Михајловска и Стефан Алијевиќ ќе ни покажат како се игра, а вие може да и им се придружите. 🃏

Двата сета ПРИЈАТЕЛИ и ФАМИЛИЈА ќе може да си ги купите по промотивна цена. 😊

✨ НОВО ИЗДАНИЕ ВО МАГМА ✨„Прирачник за пеење и плачење (приказни за кронопија и фами)“ од Хулио Кортасар 💬 „Во оваа особ...
08/07/2025

✨ НОВО ИЗДАНИЕ ВО МАГМА ✨
„Прирачник за пеење и плачење (приказни за кронопија и фами)“ од Хулио Кортасар

💬 „Во оваа особена книжевна творба, составена од повеќе десетици фантастични раскази и цртички, (Кортасар) го открива и својот чудесен бестијариум, зачудниот свет на необичните суштества – кронопија, фами и есперанси. Тие можат да се сфатат и како три типа личности кои лесно можеме да ги препознаеме во секојдневниот живот. Фамите се точни и педантни, добро организирани, секогаш знаат што е исправно, а што погрешно. Кронопијата, напротив, се романтични сонувачи, способни да пронајдат поезија и ентузијазам во сè. Есперансите се некаде помеѓу.“ (од Поговорот)

🔗 Прочитајте повеќе на https://templum.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%b8-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%87%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b8/

🛍 Нарачајте си ја книгата така што ќе ни пишете порака, или наминете на книжевниот фестивал „Друга приказна“ викендов (од 11 до 13 јули) во КЦ „Јадро“ 🎏

05/07/2025

Цане Андреевски
10 јули 1930 - 5 јули 2025

Сé што се родило
си има своја јатка
за пак да роди.

Јатката е во семката,
семката е во плодот,
а плодот минува.

Минува јаболкото,
подлутува оревот,
и човекот заминува.

Јатката останува
ако ја издржи мувлата,
ако се спаси од гладта.

Доаѓа новиот оган,
доаѓа будилникот ветер
во јатката, во љубовта, во човекот.

И пак цути јаболкницата,
и пак заврзува оревот,
и човекот е даруван со човек.

Тешко се влегува во јатката,
а сé и секој е во неа:
на малку простор - големи нешта!

Таму сé е густо и збиено,
како смола, алкохол ил' злато
за да трае со години.

И сé е таму расчленето
како боја, сок и ритам, и насмевка,
за да биде убавина.

Штом еднаш ќе влеземе
во јатката сопствена
- голема работа таму нé чека.

Десетти Одрадек
02/07/2025

Десетти Одрадек

Во десеттата епизода на читачкиот клуб „Одрадек“ зборуваме за романот „Куцкамен“ од Хулио Кортасар.

🥳 „ДРУГА ПРИКАЗНА“ СЛАВИ 10 ГОДИНИ! 🥳📅 Драги наши, ве покануваме од 11 до 13 јули (петок-недела) во КЦ „Јадро“ да присус...
02/07/2025

🥳 „ДРУГА ПРИКАЗНА“ СЛАВИ 10 ГОДИНИ! 🥳

📅 Драги наши, ве покануваме од 11 до 13 јули (петок-недела) во КЦ „Јадро“ да присуствувате на првиот дел од книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела – во јули и во октомври. Дозволете си мал културен одмор, исполнет со внимателно одбрани книжевни содржини. 🎈

🪁 Целосната програма разгледајте ја на линкот:

Од 11 до 13 јули (петок-недела) во културниот центар Јадро ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнин....

Додека се подготвуваме за убави настани периодов, едно потсетување од пред четири години ☀️
29/06/2025

Додека се подготвуваме за убави настани периодов, едно потсетување од пред четири години ☀️

ФИНИ ДЕЦА ВО СЛИКОВНИЦИ 🙋
Мирни деца во сликовници често ставаат
на одредени страници. Но, што прават
децата кога ќе се заврти страницата?

Почнуваат турканици и каранинци?
Цртаат чкртаници и чкрабаници?
Фини и мирни дека се, се преправаат?

Со што смеат ликови да се бават?
Можат ли во книга да заглават?!
Имаат ли страниците граници?

Со сигурност, значи, таму ако те стават
не се знае што ќе ти прават.
Може да те слават, може и да те заборават.

⏰Во четврток во 18:30 во МКЦ ја промовираме збирката „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански, на настанот @Фини деца со сликовници

🎧ПЕСНИ од книгата може да чуете во видео плејлистата: shorturl.at/gjpOV

🎨Илустрациите во книгата се на еден од најзначајните јапонски илустратори за деца, Такео Такеи. 👉https://okno.mk/node/89347

Комплетната ПРОГРАМА на „Фини деца со сликовници“ овде 👉 https://fb.me/e/8w5CMme3B

25/06/2025

ПРОМОЦИЈА на „Морис и фустанот со боја на мандарина“
⏰четврток, 01 јули, 20:00 часот, во МКЦ
„Малиот Морис има бујна фантазија. Слика прекрасни слики и обожава да си игра со костимите во гардероберот на училиште. Посебно му е драг фустанот со боја на мандарина, кој го потсетувa на тигри, на сонцето и на косата на мајка му.“

🎥Премиерна проекција на кратко анимирано филмче според сликовницата
🎙За книжевните и за психолошките аспекти на сликовницата ќе разговараат Марија Бошковска и Ana Blazeva. Модерира: Фросина Крушкаровска
🙋‍♀️Со видео обраќање ќе се вклучат авторките на книгата

Прочитајте повеќе за книгата 👇
https://okno.mk/node/88895
Линк до комплетниот настан ФИНИ ДЕЦА СО СЛИКОВНИЦИ:
https://fb.me/e/8w5CMme3B

11/06/2025
👇
11/06/2025

👇

Address

Skopje

Telephone

+38978441762

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Издавачка куќа Темплум posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Издавачка куќа Темплум:

Share

Category

Книгоиздателство Темплум

Изданијата на Темплум можете да ги набавите на продажните места на Или-или, Култура, Три, АрсЛамина, или преку директен контакт со книгоиздателството. За сите информации слободно контактирајте не' во инбокс или преку е-пошта.

Edit