Призма

Призма Истражуваме, не препишуваме.

Призма е првата интернет-страница во Македонија наменета за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство и соработката помеѓу граѓанскиот сектор и новинарите.
Призма е место на кое се објавуваат истражувачки стории, анализи, извештаи, репортажи, новости од граѓанските организации и интервјуа на теми од заеднички интерес за медиумите и граѓанскиот сектор, како и за пошироката јавност.

Призма

е и место на кое се создаваат и одржуваат мрежи на уредници, новинари, медиуми, како и невладини организации со цел нивна потесна соработка, но и размена на информации и алатки за што појасно информирање на јавноста. Призма е единствената медиумска платформа која ги обединува и активно ги вклучува новинарите, невладините организации и јавноста во Македонија.

Интернет-страницата постои од декември 2013 година. Тимот на Призма при објавување се води пред се според новинарскиот етички кодекс и светските новинарски стандарди.

Државната ревизија се сомнева во злоупотреба на скоро 2 милиони евра во АД Државна лотарија. За многу исплати на добивки...
18/12/2025

Државната ревизија се сомнева во злоупотреба на скоро 2 милиони евра во АД Државна лотарија. За многу исплати на добивки немало валидна документација, а и дневен промет од десетина продажни места не бил редовно уплаќан на сметките во банките. Меѓународна потерница веќе има против поранешниот директор на Перпарим Бајрами за друго дело поврзано со Лотарија, а истрагата за поранешниот вицепремиер Артан Груби исто така за злоупотреби во Државна лотарија беше отворена откако тој и судијата Енвер Беџети завршија на црната листа на САД поради вмешаност во корупција.

БИРН истражуваше врска меѓу сајтови кои водеа црна кампања против тогашната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, со функционерот од ДУИ и директор на Државната лотарија, Бајрами. Прочитајте: https://prizma.mk/propagandniot-arsenal-na-dui-dobiva-zasiluvane/

🔴 Безбеден град станува реалност од 1 февруари 2026.🟡 Најголемиот дел од законите за овој проект вчера поминаа во парлам...
18/12/2025

🔴 Безбеден град станува реалност од 1 февруари 2026.
🟡 Најголемиот дел од законите за овој проект вчера поминаа во парламентот.
🟢 Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола. За неажуриран телефонски број и имејл во станицата за технички преглед предвидена е глоба.
👉 Прочитајте повеќе што донесуваат новите законски измени.

Ако не ги ажурирате бројот и имејлот во станицата за технички преглед, треба да платите глоба од 100 евра.

Во 2019 година, во Македонија имало 499 судии. За пет години, бројот паднал на 363 судии, додека бројот што е потребен с...
18/12/2025

Во 2019 година, во Македонија имало 499 судии. За пет години, бројот паднал на 363 судии, додека бројот што е потребен според систематизацијата е 639.

Беровскиот суд има само еден судија што е делегиран од друг град. Во Крушево бил ангажиран само еден судија, кој е и претседател на судот. Тој ги работел сите 2.370 предмети што стигнале.

Прочитајте повеќе за состојбите во судството: https://prizma.mk/makedonsko-sudstvo-mebel-od-sfrj-tsede-rezhachi-i-prepoloven-kadar/

Наспроти континуираните и интензивни напади од страна на власта, Коцевски, не само што отворено не се спротистави за ниш...
18/12/2025

Наспроти континуираните и интензивни напади од страна на власта, Коцевски, не само што отворено не се спротистави за ништо, туку со одредени потези се чини се обидуваше да ѝ се додвори на власта.

Па така, по изјавата на Мицкоски дека не е задоволен како се водат истрагите, многумина очекуваа дека Коцевски јасно ќе им укаже на функционерите од извршната власт дека не е нивна работа да ги водат процесите во обвинителството. Ама тоа не се случи.

Во друг случај кога сакаше да му покаже на премиерот колку е ефикасно Обвинителството, експресно отвори предмет по допрен глас откако Мицкоски во собранието изјави дека незаконски го следеле.

Прочитајте #портрет на разрешениот јавен обвинител Љупчо Коцевски: https://prizma.mk/lupcho-kotsevski-presmetliv-gubitnik-vo-bitkata-so-vlasta/

„Во Македонија, пак, се води беспоштедна политичка борба околу тоа кој повеќе ги мрази мигрантите. Или, подобро кажано, ...
17/12/2025

„Во Македонија, пак, се води беспоштедна политичка борба околу тоа кој повеќе ги мрази мигрантите. Или, подобро кажано, кој повеќе се плаши. Не знае човек кој е позгрозен од „миграцискиот бауч“, дали позицијата или опозицијата? Се расфрламе со некакви бројки, од илјадници до стотици илјади мигранти, како да не зборуваме за луѓе, туку за компири.“ https://prizma.mk/kolumni/migranti-ante-portas/

Од ноември, нивниот расадник во Анхијалос, село 30 километри оддалечено од Солун, во северна Грција, е полн со пунсетии,...
17/12/2025

Од ноември, нивниот расадник во Анхијалос, село 30 километри оддалечено од Солун, во северна Грција, е полн со пунсетии, растение чии црвени лисја во облик на ѕвезда многумина го сметаат за симбол на Божик.
Лани пишувавме за бизнисот кој го почнаа двајца браќа во Грција и кој стана дел од поголемата трговија со растенија и дрвја што секоја година ѝ носи десетици милиони евра на загрозената грчка економија.
Прочитајте повеќе: https://prizma.mk/grchki-braka-kreiraa-uspeshna-biznis-prikazna-so-bozhikna-zvezda/

Имавме примери кога судски процеси ги надживуваа некои од луѓето кои беа вклучени во нив. Процеси кои течеа и не завршув...
17/12/2025

Имавме примери кога судски процеси ги надживуваа некои од луѓето кои беа вклучени во нив. Процеси кои течеа и не завршуваа во цели кариери на правосудни работници. Процеси кои траат, а имотот околу кој се воделе одамна го изело времето. БИРН анализираше колку просечно траело решавање на предмети во судовите, прочитајте: https://prizma.mk/makedonsko-sudstvo-mebel-od-sfrj-tsede-rezhachi-i-prepoloven-kadar/

Пишете ни во коментар, дали сте имале искуство со вакви многугодишни судски процеси и ако сте имале што мислите дека била причината за долгото траење

Буџетот на програмата за ретки болести, преку која се лекуваат 430 пациенти, е намалена од 24 милиони евра на 17,5 милио...
17/12/2025

Буџетот на програмата за ретки болести, преку која се лекуваат 430 пациенти, е намалена од 24 милиони евра на 17,5 милиони евра за 2026 година, алармираат здруженијата на пациенти.

Тие велат дека средствата што досега ги обезбедувала државата едвај биле доволни. А ова кратење дополнително ќе „удри“ по овие ранливи пациенти, чии лекови може да чинат по стотици илјади годишно.

Прочитајте го разговорот со претседателката на здружението „Живот со предизвици“: https://prizma.mk/aleksovska-kratenata-za-retki-bolesti-se-finansiski-no-i-moralen-problem/

Пробниот период што премиерот му го даваше на Коцевски како забрзано да почна да се „троши“, кога тој влезе во судир со ...
17/12/2025

Пробниот период што премиерот му го даваше на Коцевски како забрзано да почна да се „троши“, кога тој влезе во судир со двајцата виши јавни обвинители, Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски. Тој им отвори дисциплински на шефот на Вишото јавно обвинителство и на обвинителот Цветановски. Суспензијата беше објавена на 30 јануари, а две недели подоцна, владата објави дека ќе го разрешува Коцевски.

Обвинители, за БИРН, велат дека чашата ја прелил токму потегот на обвинителот да му отвори постапка на Цветановски, со кого претходно влегоа во „војна“ за предметот со бонусите на вработените во специјалното јавно обвинителство.

Прочитајте го нашиот #портрет за првиот јавен обвинител кому парламентот му изгласа недоверба: https://prizma.mk/lupcho-kotsevski-presmetliv-gubitnik-vo-bitkata-so-vlasta/

Тој избра да не се конфронтира. Ниту со премиерот, ниту со функционерите од власта, дури и тогаш кога тие со своите изја...
16/12/2025

Тој избра да не се конфронтира. Ниту со премиерот, ниту со функционерите од власта, дури и тогаш кога тие со своите изјави ја преминуваа црвената линија. Во повеќето наврати оставаше впечаток дека е обвинител што не ги води процесите, туку дејствува реактивно само за да не скара со власта.

Колегите го опишуваат како итар и пресметлив, особено кога станува збор за потезите што може да го задржат макар и ден подолго на функцијата.

Прочитајте повеќе:

Тој избра да не се конфронтира. Ниту со премиерот, ниту со функционерите од власта, дури и тогаш кога тие ја преминуваа црвената линија.

16/12/2025

Добивте порака дека камерите ве фатиле дека сте прекршиле некое сообраќајно правило?

Внимавате повеќе во возењето откако камерите почнаа да снимаат?

Од полицијата за БИРН објаснија дека камерите за „ловење“ сообраќајни прекршоци од проектот „Безбеден град“ (Safe city) немаат можност за „face recognition“, односно препознавање лица ниту во возилата, ниту на пешаците..

За класифицирана информација го сметаат вкупниот број инсталирани камери досега, каков сет од мета податоци содржат снимките од камерите, како и тоа кој е задолжен да го одржува системот.

Уверуваат дека безбедноста на податоците е загарантирана, а пристап до снимките имаат „само овластени вработени во ‘Безбеден град’, како и специјално обучени лица во надлежните сектори кои работат со системот“.

На прашањето до колку метри е опсегот на снимање на камерите, од МВР не одговорија конкретно, велат дека станува збор за „мали растојанија“.

Прочитајте повеќе: https://prizma.mk/kamerite-na-bezbeden-grad-ne-prepoznavaat-litsa/

Пишете ни во коментар за каков прекршок евентуално сте добиле порака 👇

Бројот на судии во државата е на скоро половина од потребниот, ги 363, од потребните над 600. Недостигаат судски службен...
16/12/2025

Бројот на судии во државата е на скоро половина од потребниот, ги 363, од потребните над 600.
Недостигаат судски службеници и администрација.

Приливот на предмети расте, а просечното време за решавање на случаите во некои судови се мери во години.

Наспроти изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека процентот што се издвојува за судството од домашниот буџет е повисок од некои земји-членки на Советот на Европа, статистиката покажува дека реалниот износ е меѓу најниските.

Прочитајте: https://prizma.mk/makedonsko-sudstvo-mebel-od-sfrj-tsede-rezhachi-i-prepoloven-kadar/

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Призма posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Призма:

Share