Economist MeetUp

Economist MeetUp Бидете дел настанот што ќе донесе свежи перспективи и информации, можност за поврзување и идеи кои ќе ја обележат следната година.

Борислав Миљановиќ, Основач и сопственик на Represent System и еден од најистакнатите комуникациски експерти во регионот...
10/12/2025

Борислав Миљановиќ, Основач и сопственик на Represent System и еден од најистакнатите комуникациски експерти во регионот, повторно на големата сцена на The Economist MeetUp 2026.

Овој пат, тој ќе ги модерира ексклузивните интервјуа со тројцата водечки лидери на регионалната бизнис сцена: Немања Мариновиќ, CEO на ArcelorMittal Projects Balkan, Саша Поповиќ, Ко-основач и извршен директор на Vega IT и Драган Филиповиќ, CEO на Generali Osiguranje Srbija.

Очекувајте отворени прашања, инспиративни приказни и откривање на визиите што ја дефинираат иднината на регионалниот и глобалниот бизнис.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје.

Borislav Miljanovic

Силните компании не се раѓаат, тие се градат од луѓето. За тоа како инвестицијата во знаењето, вработените и компанискат...
09/12/2025

Силните компании не се раѓаат, тие се градат од луѓето. За тоа како инвестицијата во знаењето, вработените и компаниската култура изгледа во пракса, ќе зборува Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во Diners Club Македонија, кој ја гради компанијата преку структуриран раст и организациска култура заснована на доверба, почит и лидерство.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје

Владимир Стефановски, плант менаџер на Киел Македонија ќе говори за една од најкритичните теми за економијата во 2026: к...
05/12/2025

Владимир Стефановски, плант менаџер на Киел Македонија ќе говори за една од најкритичните теми за економијата во 2026: како компаниите да изградат одржлив човечки капитал во време на АI трансформација и брза промена на пазарот на труд.

Киел одамна ја препозна потребата од нова архитектура на талент. Наместо реактивен пристап, компанијата гради долгорочен модел кој ги поврзува стратегијата, лидерството и развојот на луѓето. Фокусот е на стабилни тимови, јасни компетенции и организациска култура што создава смисла, сигурност и перспектива.

Во визијата на Киел, иднината ќе ја дефинираат технологиите но и компаниите што ќе инвестираат во знаење, адаптибилност, доверба и тимови што со помош на технологијата ќе ја водат економијата напред.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје

Од мали идеи до глобални приказни – стартапите, e-трговијата и фриленс моделите го редефинираат претприемништвото на Бал...
03/12/2025

Од мали идеи до глобални приказни – стартапите, e-трговијата и фриленс моделите го редефинираат претприемништвото на Балканот.

На 18 декември зборуваме за тоа како од локален бизнис се стигнува до светска сцена, кои се вистинските мерки за успех и што им е потребно на стартапите за глобален пробив.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026

За глобалните стандарди во ИТ едукацијата, улогата на компаниите кои остануваат квалитетен партнер на своите клиенти и п...
28/11/2025

За глобалните стандарди во ИТ едукацијата, улогата на компаниите кои остануваат квалитетен партнер на своите клиенти и пазарот, како и примената на вештачката интелигенција и AI вештините во бизнис трансформацијата и професионалниот развој ќе зборува Валентина Тасева, директорка и сопственичка на Семос Едукација – еден од најдобрите едукативни ИТ центри кај нас и на глобално ниво.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје.

Како изгледа одговорно управување со пари во време на презадолженост, економски притисоци и сајбер ризици – и како усогл...
27/11/2025

Како изгледа одговорно управување со пари во време на презадолженост, економски притисоци и сајбер ризици – и како усогласеноста, ESG стандардите и заштитата на податоци градат одржлив бизнис и доверба?

Д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на EOS Матрих, ќе зборува како одговорната наплата, финансиската едукација и иновативните технолошки решенија стануваат основа за добро управување и еднакви можности.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје.

Како се гради работна култура што промовира еднакви можности, транспарентност и отворена комуникација и зошто грижата за...
25/11/2025

Како се гради работна култура што промовира еднакви можности, транспарентност и отворена комуникација и зошто грижата за вработените е клучна за успехот во картичната индустријата што брзо се менува?

Филомена Пљаковска-Аспровска, извршна директорка на CaSys, ќе сподели искуство од компанија што поставува стандарди за еднаквост – каде мнозинството од менаџментот го водат жени, гласот на вработените се слуша, а културата на доверба и фер можности ја движи иновацијата напред.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје

Добредојде за Wonderful на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026​Иновативниот стартап што ја редефинира глобалната ...
21/11/2025

Добредојде за Wonderful на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026​

Иновативниот стартап што ја редефинира глобалната индустрија на конверзациска вештачка интелигенција – сега со силно присуство и на Балканот.​

Ведран Бајер, Генерален менаџер на Wonderful за Адриа регионот ќе отвори важна тема:​
➡️Како изгледа иднината на customer service кога АИ агентите разбираат локален јазик, култура и контекст, и делуваат како најдобри вработени.​
➡️Како со реални решенија, регионални тимови и зголемена ефикасност, Wonderful гради центар на извонредност во светот на телекомуникациите, здравството, финансискиот сектор и пошироко.​

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје

AI веќе го менува начинот на кој учиме, работиме и напредуваме. На 18 декември зборуваме за вештините на иднината, можно...
18/11/2025

AI веќе го менува начинот на кој учиме, работиме и напредуваме. На 18 декември зборуваме за вештините на иднината, можностите за младите и улогата на човечката интелигенција во дигиталната ера.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026

Kако пристапот до инвестициски платформи и финансиска едукација го менуваат мајндсетот на луѓето и условите за работа на...
17/11/2025

Kако пристапот до инвестициски платформи и финансиска едукација го менуваат мајндсетот на луѓето и условите за работа на бизнисите?

Според искуството на Иван Ивановски, интересот за инвестирање во акции, недвижнини, злато и криптовалути во регионот е огромно. Токму 2026 може да биде клучна година за редефинирање на личните и институционалните инвестиции.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје.

14/11/2025

The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 ја проширува својата визија преку четири регионални медиумски партнери.

Одржливите решенија во рударската индустрија, перспективите и инвестициите за 2026 година на единствениот рудник за бака...
13/11/2025

Одржливите решенија во рударската индустрија, перспективите и инвестициите за 2026 година на единствениот рудник за бакар во земјава, Бучим, и важноста на соработката меѓу рударството и образованието за создавање квалификуван кадар се дел од темите што годинава ќе ги отвори Ивица Карапетров, заменик управител на рудникот Бучим.

📍 The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 | 18 декември | Скопје

Address

Debarca 1/4
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Economist MeetUp posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Economist MeetUp:

Share