За нас
Спортот е чудесен сплет на талент, тренинг и техника, спој којшто на милијарди луѓе ширум светот им ги поттикнува емоциите и им дава причина повеќе да му се радуваат на животот. Немир – до последниот свиреж, страст – до последната капка пот, чувства – од екстаза до болка. Кој дошол од „оваа страна“ на приказната, внесува дел од себе во сета оваа магија.
Редакцијата што стои зад „Дерби.мк“ е составена токму од вакви „фанатици“, вљубеници во различни спортови, кои својата посветеност ја искажуваат и преку создавањето на овој сајт. „Дерби.мк“ официјално започна да работи на 27 февруари 2013 година како веб страница посветена на македонските и светските спортисти, но и навивачи.
https://derbi.mk/za-nas/