07/08/2026
🇹🇷🇵🇰🇸🇦 Воен сојуз кој менува сè: Турција, Пакистан и Саудиска Арабија потпишаа заеднички одбранбен договор
Во Мека е потпишан одбранбен договор меѓу Турција, Пакистан и Саудиска Арабија, се наведува во заедничкото соопштение.
Договорот беше потпишан во светиот саудиски град за време на средбата меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Пактот, наречен „Заеднички одбранбен договор од Мека“, ги поврзува трите земји среде војната на Блискиот Исток и повторно разгорениот конфликт во јужниот сосед на Саудиска Арабија, Јемен.
„Договорот има за цел зајакнување на колективното одвраќање од каков било чин на агресија и пропишува дека секој вооружен напад врз која било од трите држави ќе се смета за напад врз сите нив“, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.
Договорот е исклучително од карактер за одбрана и ветува заемна поддршка само за одбрана, изјави турски функционер.
Функционерот вели дека договорот - кој во јавноста наголемо се смета за сојуз осмислен да му се спротивстави на Иран - не е насочен против кој било одреден актер и е отворен и за други земји во регионот.
Пактот не укинува ниту заменува какви било постојни билатерални или мултилатерални договори меѓу овие држави или со други држави и организации, додава тоа лице.
📸 Фото: Принтскрин/Јутјуб/Al Jazeera English