26/11/2025
Кој е заинтересиран за цртање стрипови во живо, викендов во Base42 може да си ги провери можностите.
Потсетување‼️Заинтересираните имаат уште 24 часа за пријавување на маратонот во цртање стрип што ќе се одржи овој викенд (29-30 ноември) во Base42 во Скопје 🎨
Ова е уникатен настан каде што автори, аматери и професионалци, имаат 24 часа да создадат целосен стрип со техника и должина по сопствен избор. Маратонoт паралелно се одржува во повеќе градови низ Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, поврзувајќи ја регионалната стрип-сцена во едно големо креативно доживување.
📍 Локација на настанот: 42.mk - Base42
📅 Времетраење на настанот: 29 ноември (сабота) од 12ч до 30 ноември (недела) во 12ч
📝 Пријавувањето е отворено до 27 ноември 2025 во 12:00 ч!
🔗 Можете да се пријавите на следниот линк, со назнака дека ќе дојдете во живо на локација: https://www.24satnocrtanjestripa.com/
🎨 Годинешниот визуелен идентитет го изработија авторките Сара и Силва Дервановиќ од Црна Гора: https://www.instagram.com/sara_silva_art_dump/
🤝 Ќе има цртање, дружба, панична инспирација во ниедно време и многу смеење. Затоа, ако сте цртач, љубител на стрипови, или едноставно сакате да ги гледате другите како страдаат со рокови, ова е ваш настан.
✏️ Прашања што ни беа поставени досега:
Q: Дали може да се работи во тим?
A: Секако! Барем еден од тимот, а може и двајцата, пополнете го формуларот на https://www.24satnocrtanjestripa.com/
Q: Дали има тема за стрип маратонот во моментов или ќе ни биде кажано на лице место?
A: Темата ќе биде дадена на лице место во 12ч, така што препорачуваме сите учесници да дојдат во Base42 во 11ч30м за да се сместат со време.
Q: Дали ќе ни дадете прибор или сами да си донесеме?
A: Понесете си цртачки прибор по свој терк. Тука подразбираме и опрема за дигитално цртање или било каква друга техника што на вас ви одговара.
Q: Колку страници стрип треба да нацртаме за 24 часа?
A: Некои автори успеваат да нацртаат и 24 страници за 24 часа, но ова не е обврска. Комплетирани стрипови од било која должина се прифатливи ако одговараат на темата.
Q: Каде ќе бидат објавени комплетираните стрипови?
А: На платформата на https://www.24satnocrtanjestripa.com/
Q: Да донесеме вреќи за спиење?
A: Тоа не е лоша идеја. На претходните изданија на маратонот во соседните земји, авторите често ги поминуват сите 24 часа на локација и притоа носат свои вреќи за спиење за оние кризни моменти што неизбежно се појавуваат.
Q: Да донесеме храна и пиење сами или ќе ни обезбедите вие?
A: Посигурна варијанта ви е сами да си донесете. Ние секако ќе се обидеме да сме добри домаќини, но не можеме да гарантираме за овој аспект на маратонот.
Ако има други прашања, ви стоиме на располагање!
---
24 satno crtanje stripova
Младински Културен Центар
Стрип книжарница Бункер
Макстрипови
Strip Kvadrat
comics.mk
Paragons Comics
Дебели Гикови