Design.mk

Design.mk Интернет магазин за архитектура, ентериери и дизајн | Online magazine for architecture, interiors and design

Градежната компанија Knauf Macedonia ја организираше 25-та Кнауф Академија на која професионалци од сферата на градежниш...
20/04/2019

Градежната компанија Knauf Macedonia ја организираше 25-та Кнауф Академија на која професионалци од сферата на градежништвото се информираа за најновите градежни трендови, техники и новите производи од палетата на Кнауф.

Kнауф Македонија вчера во Струга вчера по 25–ти пат ја организираше Кнауф Академијата со цел да информира за најновите градежни трендови, техники и новите производ....

„КЕРАПРО“ - промотер на плочки за урбани и современи ентериери
06/03/2019

„КЕРАПРО“ - промотер на плочки за урбани и современи ентериери

Урбаниот стил, индустриските ноти и ретро-атмосферата се трите актуелни трендови за современите ентериери. Кој е најдобриот начин овој стил да го доловите во домот...

Архитектонската изложба Загрозени видови во својот фокус ги има архитектонските објекти од Модерната кои го градат архит...
03/12/2018

Архитектонската изложба Загрозени видови во својот фокус ги има архитектонските објекти од Модерната кои го градат архитектонскиот идентитет на Скопје. Изложбата прави обид да се упати апел до институциите и јавноста дека е неопходно овие објекти да добијат статус на градителско наследство и да биде третирани како такви во иднина.

Го вреднуваме ли нашето архитектонско наследство? Или пак значајните архитектонски белези на Скопје се загрозен вид во изумирање? Важноста на архитектонското нас....

Утре, петок 30.11. , во Природонаучниот музеј во Скопје се отвора изложбата Загрозени видови, дел од истоимениот истражу...
29/11/2018

Утре, петок 30.11. , во Природонаучниот музеј во Скопје се отвора изложбата Загрозени видови, дел од истоимениот истражувачки проект на архитектите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков. Истражувачкиот проект своето внимание го насочува врз избор на значајни градби од поновата архитектонска историја на Скопје, кои соучествуваат во обликувањето на современиот архитектонски идентитет на градот.

Утре во 20 часот во просториите на Природонаучниот музеј на Македонија ќе се отвори архитектонската изложба „Загрозени видови“, резултат на истоимениот истражува...

Реномирани архитекти како Питер Шумахер, студиото Bow-Wow и ред други на архитектонската конференција „Денови на Орис“ в...
08/10/2018

Реномирани архитекти како Питер Шумахер, студиото Bow-Wow и ред други на архитектонската конференција „Денови на Орис“ во Загреб.

Загреб во октомври е центарот на клучни архитектонски збиднувања благодарение на реномираниот архитектонски симпозиум „Денови на Орис“. Меѓународниот архитект....

Изложба на графичкиот дизајнер Zoran Cardula во рамки на БИМАС 2018. Изложбата опфаќа графички илустрации на дел од најз...
18/09/2018

Изложба на графичкиот дизајнер Zoran Cardula во рамки на БИМАС 2018. Изложбата опфаќа графички илустрации на дел од најзначајните архитектонски проекти изведени во Македонија и државите од поранешна СФРЈ, особено градби со бруталистички карактер. Креативниот израз на Кардула и минималистичкиот стил несомнено ќе го привлечат вниманието на јавноста и ќе бидат поттик пошироката јавност да навлезе во дебатата за важноста на овие - понекогаш занемарени - архитектонски градби.

Baukultur, односно културата на градење е темата на 19-то Биенале на македонска архитектура БИМАС, кое започна вчера со ...
14/09/2018

Baukultur, односно културата на градење е темата на 19-то Биенале на македонска архитектура БИМАС, кое започна вчера со отворањето на главната архитектонска изложба во Музејот на град Скопје. БИМАС со својата динамична програма на изложби, разговори на актуелни архитектонски теми и работилници отвара важни прашања за македонската архитектура и цели кон тоа да го привлече и интересот на јавноста за важноста и значењето на архитектурата за современото општество. Прочитајте повеќе во објавата :) Фотографии: Александра Алексовска

„Baukultur“ односно културата на градење како една од актуелни прашања во македонската архитектура периодов е главната тема на 19-то Биенале на македонската архитекту...

Асоцијацијата на архитекти ААМ распиша конкурс за изработка на графичко решение за престојното Биенале на студентите по ...
22/08/2018

Асоцијацијата на архитекти ААМ распиша конкурс за изработка на графичко решение за престојното Биенале на студентите по архитектура БИСТА 2018. Повеќе информации во објавата

Во пресрет на престојното Биенале на македонската архитектура БИМАС 2018, Асоцијацијата на архитекти на Македонија распиша конкурс за избор на најдобро графички об....

Кензо Танге е архитектот кој најчесто се поврзува со реизградбата на Скопје по земјотресот во 1963. Помалку споменуван, ...
26/07/2018

Кензо Танге е архитектот кој најчесто се поврзува со реизградбата на Скопје по земјотресот во 1963. Помалку споменуван, но еднакво важен е грчкиот архитект и урбанист Константинос Доксијадис кој го дизајнирал основниот урбанистички план за Скопје по земјотресот. Денес се потсетуваме на едно малку постаро интервју со внукот на Доксијадис, атинскиот архитект Томас Доксијадис, кој пред неколку години гостуваше на Skopje Architecture Week. Доксијадис говори за планот на неговиот дедо, влече паралели меѓу оригиналниот план и изведеното и говори за своите ставови за архитектурата и урбанизмот во Скопје. (Интервјуто беше оригинално објавено во Утрински весник)

Градот убав пак ќе никне. Колку и да се пребарува по фрази и скопски графити, овој останува безвременска вистина за Скопје, директно поврзана со палењето на градот о...

“Градот убав“, една од најубавите работи која му се случи на современо Скопје. Ѕирнете ја новата street art галерија на ...
20/06/2018

“Градот убав“, една од најубавите работи која му се случи на современо Скопје. Ѕирнете ја новата street art галерија на отворено во ГТЦ низ фотографиите на Александра Алексовска 😍🤗

Градскиот Трговски Центар, едно од највпечатливите современи архитектонски објекти во Скопје доби нова функција: графити и стрит арт галерија на отворено. Сивиот ....

„Бесконечна соба“ - Изложба на архитектонски проекти креира интересно и невообичаено просторно искуство. Изложбата на ко...
14/06/2018

„Бесконечна соба“ - Изложба на архитектонски проекти креира интересно и невообичаено просторно искуство. Изложбата на конкурсни архитектонски проекти во МКЦ ја симулира врската меѓу архитектот и просторот каде го создава архитектонски проект, а истовремено го која го актуелизира прашањето за улогата на архитектот во општеството. Фотографии: Александра Алексовска

Пет креативни архитектонски проекти и решенија за јавни објекти може да се погледнат на изложбата „Бесконечна соба“ во Младинскиот Културен Центар. Поставена од ...

Погледнете го студентскиот проект на Дрилон Мустафи и Дорина Идризи, студенти на Архитектонскиот Факултет во Скопје, за ...
13/06/2018

Погледнете го студентскиот проект на Дрилон Мустафи и Дорина Идризи, студенти на Архитектонскиот Факултет во Скопје, за современи станбени единици на кос терен во Кочани. Проектот е изработен во рамки на предметот „Архитектонско студио“. Семестралната изложба на студентски проекти од предметот „Архитектонско студио“, работени на различни архитектонски и урбанистички теми, се отвори вчера на факултетот и може слободно да се погледне следните денови. Студентите заинтересирани за објава на нивните проекти на Design.mk може да ни ги испратат проектите на мејлот [email protected]

„Станбени куќи на коси терени“ е една од темите кои ги обработуваа студентите по архитектура на Архитектонскиот Факултет во Скопје во рамки на предметот „Архите....

Address

Свети Кирил и Методиј
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Design.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share