22/06/2022
Почитувани,
Groove Relation е авторското дело на Џон Антонио и Јулијана Милутиновиќ, кое веќе 20 години дава специфичен печат и е нераскинлив дел од македонскиот етер. Силната љубов, високиот професионализам и негувањето на префинетоста кон музиката која ја презентираат, се клучот во создавањето на трајни вредности.
Секое издание на Groove Relation е неповторливо искуство преку кое се збогатува, расте и се развива музичката култура кај слушателите, со внимателно селектирана музика и одбрани зборови, настојувајќи никој да не остане рамнодушен. Со Groove се танцува, се мечтае, се ужива... бидејќи Groove е создадена да ги разбуди нашите сетила и да ни пружи вистинско задоволство.
Оваа компилација што ја држите в раце е направена со истиот ентузијазам, љубов и страст, со кои е направена и самата емисија. Секоја година е заокружена со посебно издание. Дваесетте музички компилации се сплет на емоции кои ќе ви пружат уживање низ музички приказни и чекорење низ урбаното и убавото. За патување, танцување, уживање или мечтаење – 20 Groove Relation изданија кои ќе ве однесат на најдалечните места и дестинации и ќе ви овозможат поинакво искуство со секое слушање.
Во лимитираното издание кое е пред вас, добивте ексклузивна можност на едно место да ги имате 20те ЦДа, комплетна авторска продукција на Џон Антонио и Јулијана Милутиновиќ, низ презентираната музика во урбаниот свет на Groove Relation.
Опуштете се и уживајте.
Приказната продолжува...
Искрено ваши,
Antonio и Јулијана
Голема благодарност до Марјан Божиќ, авторот на сите Groove Relaltion ковери
Listen to Groove Relation 20 (2022) by Antonio John